1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватно здравствено осигурување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од majavel1, 26 август 2021.

  1. majavel1

    majavel1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    1.550
    Пол:
    Женски
    Девојки барав низ форумов и не успеав да најдам ваква тема. Ако грешам нека оди во канта. Ме интересира дали некоја од вас има склучено договор со некоја осигурителна компанија за приватно здравствено осигурување и какви се условите. Дали покриваат и породување? Ако некој има искиство нека сподели :)
     
    На Amelia, WildMk и Филотеа им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.633
    Допаѓања:
    172.203
    Пол:
    Женски
    @duffi мислам тебе те читав?8-|
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.601
    Допаѓања:
    144.654
    Животно имаме. :) со ова немам искуство. А би сакала. Ама никако да затерам.
    Животното не покрива прегледи. Само исплата при тешки болести.
     
    На Снегулк@23, Waverly Raven, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. majavel1

    majavel1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    1.550
    Пол:
    Женски
    Ајде некој се надевам има со искуство па да сподели :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Супер што ја отвори темата, и јас се интересирам. Кои осигурителни компании нудат најповолни услови за приватно здравствено?
     
    На WildMk и majavel1 им се допаѓа ова.
  6. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.631
    Пол:
    Женски
    Видете во Бременост - Породување во приватна болница.
     
    На Снегулк@23 и majavel1 им се допаѓа ова.
  7. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.809
    Допаѓања:
    17.775
    @Cka мислам ја имам читано, ама не сум сигурна.
     
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Ние имаме преку маж ми, од фирма му плаќаат за него, за детето е некоја ситна сума, имаше поволност и за мене, ама јас сум била болна еднаш во 10 години, и не сакав да плаќам и за мене. Со Халк имаат договор, не знам дали е некоја посебна полиса за таа фирма, ама речиси се е покриено. Со детето лежев во Систина заради салмонела, плативме само за ковид тестови на прием, а за сите испитувања, лекови, инфузии, лежењето и контролите после тоа не плативме ништо. За бременост и пораѓај исто покриваат, ама треба да си осигурана една година претходно. За мене некако не ми идеше математиката, не одам по лекари, а ако платам 500+ евра за минимум 2 години осигурување, ќе си платам приватно пораѓај ако сакам. Ама за детето, што реално на сите ни се разболуваат децата на секои 2 месеца, еднаш да е нешто посериозно и да го однесеш на приватно на тестови или снимање, одма се исплатат парите.
     
    На Rozevata, WildMk, majavel1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.631
    Пол:
    Женски
    Се исплати ако фирма плаќа. Иначе, тие пари што ќе ги дадеш, ќе си го платиш породувањето. Нема нешто фајде од приватниве.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.528
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    За детето се исплаќа, на тоа мислев. За пораѓај не, освен ако однапред не знаеш дека ќе имаш проблематична бременост и/или раѓање. На маж ми плаќа фирма, за детето во оваа фирма е гратис, во претходната си плаќавме. За мене плативме 1 година, ниеднаш не бев на лекар ни за крвна слика, и после тоа не уплативме пак.
     
    На cresa-jagoda и tina2018 им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.271
    Допаѓања:
    33.425
    Пол:
    Женски
    @kostovaivana мислам дека имаше приватно здравствено осигурување.
     
    На kostovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.368
    Пол:
    Женски
    Јас имам приватно здравствено преку СН осигурителен брокер. 515 денари се плаќа месечно, значи околу 100 евра годишно. Покроваат 70 посто од сумата за прегледи, поправка на заби и некои други работи. Операции престој во болница итн. За пораѓај треба да бидеш 9 месеци предходно осигуран за да ти важи. И покриваат 70 посто од сумата. Си плаќаш се, па поднрсуваш и ти враќаат на трансакциска за некои 2 недели. Јас сум презадоволна. За малку пари добиваш многу.
     
    На Rozevata, LadyC, kelly.r и 6 други им се допаѓа ова.
  13. majavel1

    majavel1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    1.550
    Пол:
    Женски
    Некако разочарана сум од здравствово изминатиов период и на крај морав на приватно да правам прегледи. Така да и да не е покриено породувањето според ова што читам сепак се исплати семеен пакет штом се покриени прегледите за децава ако ништо друго.
     
  14. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со Кроација Осигирување?
     
  15. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.631
    Пол:
    Женски
    За што ти е не знам, ама јас прашував за трудничко пред 1 месец. Месечно за мене и мм е 4.500 ден на 2 години. Ќе покријат приватно породување, ама парите ќе ги даваш како кредит да си земала. Кој не сака да се пораѓа на државно, и тоа му е опција. Исто беше и со Еуролинк.
     
    На Снегулк@23, majavel1 и Филотеа им се допаѓа ова.
  16. Калатеа

    Калатеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    1.858
    Допаѓања:
    6.185
    А што конкретно вклучуваше осигурувањето?
    Јас пишав на сите што нудат, ми вратија само Еуролинк (многу професионално) и СН осигурување.
    Другите како воопшто да не се замараат.

    Еуролинк се прескапи, СН не вклучуваат веќе установена бременост, Кроација не ми дадоа точна пресметка...

    Ајде и 4000-4500 да е, меѓутоа не објаснуваат што се вклучува осигурувањето, за да знаеш дали воопшто се исплати...
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.631
    Пол:
    Женски
    Јас прашував за пораѓај, ќе си платиш на рати како кредит а ќе го искористиш наеднаш. Кроација го признаваат во бременост. Ама, во нашиот договор со Еуролинк стоеше клаузула за Ризична бременост, дека само тогаш ќе ги вратат парите. Ај јас се водам како Ризична, ама не се сите така. Сега слушнав дека на пријатели не им ги вратиле, не знам кое осигурање. Пази многу. А да, рекоа дека покриваат пренатален и скрининзи на приватно.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cloverrrr

    Cloverrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    2.533
    Пол:
    Женски
    Женски дали имате искуство со халк приватното осигурање.
    Така се изнервирав сега се јавувам да прашам кои се тие лекови на розев рецепт што ги покриваат, јас иначе со инвитро сум моментално и купувам доста терапија на приватно е се, и ми вика аааа не тоа е на твоја иницијатива таа терапија као не е нужна, така ме повреди божем јас сакам да правам инвитро од забава абе бог да чува. И ми вика се што е поврзано со имвитро ништо не следува, јас ни барам туку терапијата си викам може ќе е покриена. Мн се изреволтирав, а и тоа било услов а никаде не го прочитав не ми го кажаа.
    Како оди и породувањето имате ли инфо? Може и тоа не ми важи оти инвитро сум.
    Извинете ме ама мн сум револтирана
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.788
    Пол:
    Женски
    Дали е вистина дека осигурителните компании може да добијат медицинска историја од болниците односно да добијат информации за претходни болести или прегледи? Се наежив од информацијава, мислев дека е строго доверливо.
     
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.393
    Јас мислам дека може само во судски спор, по налог. Ако осигурителната компанија се сомнева дека е скриена информација за претходна здравствена состојба може да не исплати штета за таа состојба, па да дојде до тужба. Во тој случај, по налог, може да се побара медицинска историја за осигуреникот.
    Е сега, така би требало да е, а во пракса како е...кај нас сѐ е можно.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.