Може,немора преку брачен партнер. Пријави се како невработана и доколку надминуваш сума месечна (заборавив колку беше пр. Ако си земала над 40000 плата ) не те следи од социјално ќе мора сама да си плаќаш осигурање. Околу 2100 денари месечно е.Ама ако си трудна а не си во работен однос најмалце 6 месеци,нема да земаш породилно.Најдобро пријави се како врсботена во фирма која работи прописно со навремени плати и ќе си плаќаш придонес а платата ќе си ја вртиш,ќе имаш така и фзо и породилно. едит: оди и во социјално и кажи им ја ситуацијата и што би ти предложиле за да го решиш проблемот.
Тоа мораш да видиш со самата компанија. Брат ми имаше циста. И мораше да ја вади, се одлучивме приватно и ти на почетокот мораш да ја платиш сумата. Па после тоа компанијата ти ги враќа парите. Но затоа мораш однапред да го разгледаш листот со поволности и да видиш што како. Дали за таа состојба би ти биле од корист.
Имате ли фамилијарно приватно здравствено осигурување ? Најмногу ми е за децата, сакам да ги осигурам, ама повеќето компании прифаќаат дете од 1г па нагоре за осигурување. Бебе не може ли да се осигурува? Има ли таква компанија?
Дали некој ја знае постапката преку Триглав? Кои документи се прикачуваат/испраќаат? Дали за лабораториски испитувања мора да имаш од матичен извештај?
Дали има ограничување за возраст? Нашиве се 68 и 62 години, се почесто се болни и со дијагнози, а се лечат приватно па размислуваат да земат пакет приватно здравствено осигурување да им се покриваат барем дел од интервенциите и прегледите. Дали осигурувањето покрива интервенции за претходно дијагностицирани болести?
Покриваат ли пап, брисеви? Ехо на дојка? Која е процедурата треба упат претпоставувам Некоја преку Триглав да каже за колку време рефундираат?
Јас сум преку Уника и кај нас следи 1 годишно превентивен преглед, и за дојка и за пап и гинеколошки преглед. Мислам би требало и Триглав да има.
Здраво на сите, осигурана сум во Триглав преку компанијата во која што работам, кога ме пријавуваа ми ги побараа сите претходни извештаи од прегледи, ги извадов од кај матичната и ги пуштив и не ми признаваат сега претходни состојби, дури ни па искрувување на рбетот што сум имала кога сум имала 10 години. Сакам да прашам дали ако купам друго осигурување сама пак би ми побарале вака претходни извештаи или само во Триглав е ова? Бидејќи во претходната компанија бевме на Кроација и не правеа проблеми за претходни состојби и не побараа да се достават извештаи од претходни прегледи и состојби. Ако може да споделите како е со другите приватни осигурувања, ви благодарам.
Здраво, колку се плаќа месечно за да се купи приватно здравствено осигурување, какви документи се потребни при прием, како оди целиот процес и од кое осигурување сте најзадоволни?
Колку враќаат за рефундација, осигурана сум преку фирмава кај што работам, тука пишува дека за медицински прегледи праат рефундација ама прво да го плата прегледот и документација да пополнам шо треба
Мислам дека многу зависи кое осигурање. Мене Уника ми покри се во поглед прегледи со рефундација со точна документација пополнета. Ми покри во целост и операција со претходна најава, јас буквално само се појавив на терминот. Така да ваљда зависи до осигурање ако не покриваат се.
Zdravo zenski imate li iskustvo dali privatnovo zdravstveno pokriva lekovi proluteks na primer sto se za progesteronska podrska Vi blagodaram mn So pocit
Здраво Феминки. Дали некоја од вас има искуство со дополнително здравствено осигурување од Сава. Имав Цин 1,добив крварење неповрзано со цинот ,акутно крварење и морав да направам хируршки зафат. Рефундација на средствата ми беше одбиена бидејки сум имала Цин1 а тоа спаѓа во половопреносливи болести. Дали некој имал слична ситуација Ви благодарам
Zenski dali privatnoto pokriva abortus poradi medicinska indikacija i kariotip na plodot?? Vi blagodaram
Немој само преку Халк. Преку фирма бевме една година осигурани и се префрливме во друга. Гледаат само како да не ти вратат пари.