Мало цепидлачење од моја страна ама државното здравство не е бесплатно освен ако човекот е невработен или пензионер.
За трудници збориме. Без пари е се. А и за вработени плаќаш само партиципација. Значи 100 денари макс.
Не е. Секој месец плаќаме здравствено осигурување на државата од платата што ја добиваме. Таа партиципација од 100 денари што ја плаќаш ја плаќаш бидејќи претходно си платила десетици ако не и стотина илјади денари од бруто платата.
Кели, Би те насочила да си разгледаш во Условите под кои е склучен договорот (уште подобро директно да си прашаш во осигурителната компанија) дали покриваат СПБ. Исто, доколку покриваат, зошто е дијагносицирано во каренца, прашај дали би имала покритие за понатаму зошто можно е да го сметаат за претходна состојба.
Ама цепидлачиш да. Нема споредба приватното, баш плаќаш ти. Вака иако е твоја, придонесите фирмата ги плаќа, не ги осеќаш ти.
Здраво имам осигурување преку Сава до сега немам ништо искористено па сакам да си направам гинеколошки преглед во некоја приватна . Како да постапам дали и за тоа треба да барам упат од матичен
Здраво. Некој искуство со Сава или Триглав? Доколку дојде до нешто, дали јас бирам каде ќе се лекувам или тие?
Јас на Триглав имав. Не бираат тие никогаш каде ќе се лекуваш туку ти. Види што те покрива што е исклучено дали има нешто такво и слично.