Дали можат осигурителните компании за повлечат лекарски извештаи и прегледи од матичен доктое? За прватните клиники знам дека може да повлечат документација но што е со тие под фондот?
Да, кога потпишуваш договор има во договорот матичен доктор да внесеш, гинеколог и сл. Заради историја, некои пакети не покриваат постоечки состојби.
Да, но документите секогаш ги бараат од наша страна да се приложени. Они немаат право да побараат од матичниот документи и да ги добијат. Од друга страна, матичниот не смее да им даде без наше одобрување. Тоа ми беше прашањето повеќе, дали може сами да повлечат детални извештаи?
Да, може, затоа и внесуваш матичен лекар, негов број. Заради тоа дали е постоечка состојба. Зависи каков ви е пакетот, кај мене важи и за постоечки состојби.
Директно не смеат да побараат информации од матичните доктори а вторите пак не смеат да им дадат документи за тебе без твое знаење секако. Но твоите информации се достапни во Мој термин така да хипотетички лекар (па и сестра) или вработен во мој термин кој го има твојот матичен број може да влезе и да ти ја види историјата. Единствено твоите информации кои се запишани во твојот картон не може да бидат видени бидејќи се на физичка хартија запишани, затоа и бараат токму тие документи од матичен лекар да бидат доставени.
Дали знаете дали Уника имаат договор со Систина за порајѓај? Дали сами ја плаќаме цела сума па ни враќаат пари или тие покриваат дел а остатокот ние го доплаќаме?
Во договорот што го имаш склучено со Уника, или ако е преку фирма, треба да ви пишува кои клиники се покриени, и дали треба да плаќате сами или е покриено.