Ама специјалистот ќе даде препорака пример за испитување резистентност, хормони на тироидна и остало и океј тоа испитувањата ќе рефундираат. Ама самиот преглед што јас сум го закажала кај ендокринологот ќе ми го рефундираат ли? Или тоа зависи што ќе пише докторот во извештајот?
Ќе пише и препорака да се посети ендокринолог. Ќе го покријат и тоа. Некогаш знаат и докториве ако им спомнеш дека имаш приватно, па ќе напишат они што треба. Јас и реков на Котларова тогаш дека ми треба препорака за ниптот, иначе нема да ми признаат и она рече нема гајле знае што да пише и стварно уште дента поднесов со извештаите и фискална.
Епа самиот тој е ендокринолог А тоа да, и јас така слушнав, дека знаат што и како да пишат. Абе само џабе не подлажаа на работа демек ќе било директно као идеш си завршуваш работа и они си имаат работа со триглав, ни плаќање ни рефундација па после им се виде скапо изгледа така па ај вака, глупости живи
Сте пишувале за триглав па ми текна. Татко ми беше таму осигуран и бидејќи не поминале 6м од новиот договор случај смрт беше , не ни исплатија целосна сума.
Не знам какви се, од работа ни е ова као плус бенефит па не може да бираме кои ќе бидат. Е сега колку ќе биде бенефит ќе видиме. Денес имавме презенрација со некоја си брокерска куќа, ваљда као претставници им се и истово прашање го поставив и таа ми кажа се зависи што ќе пише докторот во извештајот. И викам значи најбитно е добро да лажеш и да немаш болка ќе кукаш дека имаш и да манипулираш ако е случај како јас што опишав и таа јасно си кажува да
Сопругот е преку нив од работа немаме добро искуство. Имаше стомачен, се јавивме дали ке ни покријат преглед (итен), ни побараа упат од матична (???) кога објаснив дека не работи а и секако они се приватна компанија, ни рекоа одете па пратете ни извештај после кој не одбија за обичен преглед. ужас. јас последниве неколку години користам преку еуролинк и кроција и сум презадоволна и од двете никогаш не сум била одбиена. Посебно од еуролинк, во кроација не префрлија од скоро
Јас имам од работа и сум презадоволна. И дм исто е осигуран преку Сава и он е презадоволен. До сега сите прегледи ми ги имаат покриено, операција во Ремедика, на дм операција во Систина и исто така прегледи, КТ, интернистички преглед. За ништо нѐ немаат одбиено и секогаш враќаат на вибер во брз рок.
Мене за интернистички преглед ми ги рефундираа мислам за околу две недели. Дм исто правеше преглед што го плати за диоптрија исто после 2 недели отприлика
За прием на сава пзо бараат да пополнам прашалник. Дали треба после да доставам некаква историја од минати прегледи?