@Pipaa за каква услуга го користеше, ако не ти е проблем да ми кажеш. Јас извадив пред повеќе од 6 месеци ама го немам искористено ниту еднаш, не знам колку е исплатливо, ми требаше само за 1 работа ама не испадна ништо од тоа и ми отидоа 36 000 ден во вода очигледно па барем за некоја крвна слика нешто контрола да искористам, ама како што глеав по условите нема многу опции за некој превентивен преглед.
Имам за мене и ќерката, конкретно за неа го искористив, бевме за викенд на ургентна педијатрија во систина, преглед и крвна слика имавме, ми рефундираа без проблем
Уфф незнам точно, јас го имам преку работа скоро една година, ама освен еднаш за тоа што пишав погоре го немам за друго искористено. Најубаво да прашате директно во халк.
Дали знаете приватново преку Триглав во бременост што покрива? Имам буџет од 75к за породување и заштита при бременост, е сега бидејќи не сакам за породување да го искористам сакам да го користам во бременост. На тел неколку пати се јавував ама некако општи одговори ми даваат, "пиши ни на меил па ќе разгледаме дали ќе рефундираме, мора да имам причина, препорака за тоа што се испитува ". Е сега матичната во 12та и 13та недела не ми е тука па и побрав препорака за скрининг и мислам со тоа да отидам на приватно, ама од Триглав на меил не ми враќаат за да знам со сигурност дали ќе ми биде редунфирано или ќе се зезнам. Сте имале ли искуство?
Не би знаела да ти одговорам, сакам да те прашам само дали осигурувањето ти е индивидуално, семејно или колективно? Ако е индивидуално или семејно, колку плаќаш месечно и колку време трае договорот? Дали е со или без франшиза за породување?
Преку фирмата кај што работам сум осигурана, не ми одбиваат ништо така да не би знаела да ти дадам повеќе инфо
Кое приватно осигурување покрива пораѓај во приватна болница? Сакав преку Сава, ги контактирав, пратија понуда се тоа, арно ама сега ми кажаа дека не покрива пораѓај. До неодамна нуделе, ама веќе не. Од кои други сте задоволни? Дали Триглав, Винер, Кроација?
Мислам дека во сите осигурувања буџетот за породување е 70-80.000 ден, породувањата во приватна се покачени одамна и за природно е120.000, царски 140.000. Така да и тие што покриваат,покриваат делумно, не целосно. Јас сум преку Триглав,75к е кај нив мојата полиса, кај маж ми преку Сава имаат 70к буџет
Дали приватниве даваат рефундација за медицинска козметика според извештај? Не можам да најдам дали се регистрирани на официјалната страна за лекови на министерство за здравство.
Зависи . Незнам кое приватно го имаш,ама најчесто даваат се што е со лекарски извештај предизвикано од акутна болка( пример , ме боли страшно глава со денови ,одам ,ме снимаат ДА ,ама ако е чисто онака за проверка НЕ . Вклучуваат и хронична состојба која почнала во времетраење на полисата. Пластична хирургија не покриваат повеќето ,е сега ако е кожен проблем најдобро е да си прашаш директно таму или да ја видиш полисата.