На МедУника имам, пишува дека не рефундираат за козметички препарати, ама дерматологот ме уверува дека рефундираат (веројатно зошто со причина дадена) И сега не знам што да правам, од осигурување викаат ќе одлучува комисија дали ќе се рефундира.
Аха, епа ништо почекај комисијата да одлучи. Скапи се? Незнам како функционираат Уника ама најдобро е секогаш да одиш со гаранција ( пракаш барање,ти одговараат веднаш или ти покриваат или не и ако ти покриваат си одиш на преглед) за да знаеш на што си. Со рефундација незнаеш .... Прашај си дали ја имаш оваа опција,би требало да ја има.
Eurolink ima opcija za 105000den limit za poragaj,pisi mi vo poraka ako seuste ne si nasla.komapanijq ke ti dwdam br od konsyltant vo Eurolink ke ti objasne podobro
Колку највеќе имате чекано за да ви исплатат пари од осигорувањето? Кај мене има поминато два месеци и никаков одговор немам.
Девојки ми треба искуства од тие што имате рефундирано пари преку приватно здравствено осигурување, за пренатален тест. Дали мислењето за тест ви го напиша матичен гинеколог или специјалист од државна/приватна клиника, и во кој случај сметаат дека сте пррдмет на рефундација за направен тест. Ми советуваат и матичен и од приватна клиника да правам пренатален, како индикација наведуваат два последователни спонтани абортуси со неутврдена причина, јас рх-, мажот рх+, даунов во фамилија од моја страна (но второ колено) и годините на сопругот (38 ) Јас сум под 30. Не знам дали се ова би им било валидно за да ме исплатат. И колку чекавте за исплата? Благодарам
Повеќето не исплаќаат пренатален, се зависи од договорот што го имаш т.е полисата . Види дали ти е вклучен .
@Konstrakta Никогаш не даваат директен одговор, иди плати па после моли се да ти вратат. Кажи и на матичната црно на бело да ти напише препорака за пренатален и да ги наведе сите причини кои што ги пиша ти. И испрати им го тоа да видат дали е прифатливо и што треба друго, ама има шанси пак да ти кажат после направен тест со фискална/фактура да им пишеш па да ти одобрат или да те одбијат... Дури можеш да им испратиш и извештај од прегледот на приватно што си го правела, или некои други извештаи од претходните бремености каде не е утрврдена причината за за загуба на бебето за да ги поткрепиш причините кои ќе ги наведе матичната. Мада штом ти кажале дека во твојата полиса може да ти вратат ама да имаш причина за тоа, мислам дека твоите причини се и повеќе од валидни.
Постов е оддамна но дали сеуште си осигурана преку Сн Битола? Се плаќа месечно или наеднаш за цела година?
Да ова е преку сн, плаќаш како сакаш имаат опција онлајн плаќање уплаќаш колку ти одговара не мора пример точно одредена сума секој месец
Здраво на сите. Би сакала да најдам добра полиса за приватно здравствено осигурување за мене и семејството (мајка, татко и брат) Ве молам упатете ме и ве молам отприлика цени споделете
Од кое приватно сте задоволни, во однос на коректност и рефундација? Од некои се жалаат дека бараат влакно во сено за да не ти ги рефундираат парите.
Здраво дечки, и јас би сакала како LadyR да ве прашам од кое приватно сте задоволни и кои се најкоректни. Искрено јас до сега имав контакт со Уника, и најмногу ми се допаѓаат за мојот конкретен проблем (за стоматолошки зафат) но се уште не се знае дали за мојот конкретен проблем осигурувањето опфаќа. Дали би можеле да ми предложите осигурувања што ги познавате што покриваат и стоматолошки зафати, и од коишто сте задоволни? Исто така се работи за поголема сума од стоматолошки зафат, 2-3 илјади евра.
Сѐ уште не сум се одлучила за Уника ама да и јас такви работи слушнав, затоа и сакав да се осигурам преку нив.