Да не звучам смешно, ама да прашам. Каренца е оној дел каде не треба да си бремена во моментот кога случуваш договор?
Нр. Период во кој што не ти рефундираат пари за настанатата штета. Во случај за бременост нс пример, ако се породиш 10м по склучувањето на полисата ќе те рефундираат, ако се породиш пред тие 10м, ништо
Се изненадив искрено ама убаво си пишува во полисата, породување и здравствена заштита на трудница . Јас останав бремена во октомври, а полисата ми е активна од 1 ви ноември . Сеа си викам да идам на ургентно во Систина, глава да ме боли, сигурбо ќе врзат со бременост некако, нема да рефундираат.
Јас имам лично искуство со Еуролинк, во ноември правев комплексна хируршка интервенција во Систина, во износ од 4.500 Еур и во целост ми беше покриена од Еуролинк. Многу се брзи и ефективни, а исто такви искуства слушнав од други пациенти. и додека лежев во Систина. Немам искуство со друга осигурителна компанија за да направам споредба
А дали може за офтамолошка операција ,откриено е дека ќе треба да се оперира но прескапо е на приватно а на државно ја нема таа леќа...
Средствата што спаѓаат во дополнителен ризик (сумата зависи од пакетот) се наменети за породување, стоматолошко и офтомолошко лекување, за породување знам со сигурност и претпоставувам штом нема одреден период за породување, истото важи и за офтомолошко лекување. Најдобро да прашаш
Здраво.Имам приватно осигурување од работа ви Триглав.Сега треба магнетна да направам.Дали некој знае дали ги рефундираат средствата за магнетна?
Што се' од гинекологија и акушерство рефундираат овие компании? Дали може и за замрзнување на ембриони?
А трансфер или лекови при трансфер , јас имам замрзнати сакам приватно сега да се осигурам што ке ми покрие
Има листа со кои се работи се покриени. Тоа можеш да го побараш од самата осигурителна компанија. Пример знам дека з Систина важи. Е сега пример за горнореспираторни заб зависи каков преглед/операција. Најчесто првиот преглед даваат цела рефундација. После ако има хроницитет даваат помала рефундација. Ама ова зависи и од прегледите зошто, како одиш, многу е индивидуално. Или за тонзилектомија кај која било возраст најмногу што враќаат е 70%. Или за бременост мора да имаш активирано приватно осигурување неколку месеци пред почетокот на бременоста. А бараат и медицинска историја да однесеш (и од матичен и од гинеколог). И мораш да збориш директно со компанијата за што како имаат услови.
Здраво, Дали некој знае каде може своеволно сам да си плаќаш придонеси за здравствено осигурување и пензиско?
Dali nekoj znae da mi objasni kako odi uplatata za privatno zdravstveno za poragjaj ako si veke bremena i koja od kompanijve ima najdobri uslovi
Ако си веќе бремена, приватно здравствено не покрива пораѓај или опцијата е како кредит од банка да земаш. Јас исто бев заинтересирана ама останав бремена во меѓувреме и се откажав. Најдобро искуство некако имав со Халк, најдобри услови имаа, мада сите гледаат да ти убутаат животно осигурање и не се баш достапни и имаат желба да ти објаснат реално за здравствено.
Дали некој има поднесувано приговор кон триглав? Сакаат да ми одбијат покривање на трошоци со причина дека е вродена состојба, а се работи за циста која скоро се појави.
Eurolink mislam mozese osven ako ima nekoi izmeni vo skoro vreme, a za podetalni informacii da se obratis kaj niv. Osigurani sme preku niv od poodamna, mi pokrija poragaj, plativme nie pa za 2 dena parite ni gi vratija na smetka.