Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватно здравствено осигурување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од majavel1, 26 август 2021.

  1. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Мислам нема компанија која покрива такво нешто
     
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.107
    Знае ли некој дали постои нешто како... Си плаќаш приватно и покриени ти се прегледи кај матичен, на специјалист... Као, сѐ онака како што би ти било покриено доколку си во работен однос. Или нема нешто такво?
     
  3. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    За кај матичен и секаде државно ќе си одиш во социјално и ќе се пријавиш а со приватното само за приватни установи ти е покриено
     
  4. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.107

    Нема апсолутно никаква опција да си плаќаш за да си покриен онака како што би бил преку социјално, ако си вработен?
     
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Ај малце појасно,се работи за невработено лице?
     
  6. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.107

    Сопруга која мора да е осигурана преку сопругот зашто тој е вработен. Но, неговата фирма доцни со плати и осигурувањето, автоматски, никогаш не е активно.
     
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Колку што знам доцнењето на плата не е поврзано со осигурувањето
    Штом се води вработен преку социјално не може
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Доцнењето со плата е поврзано со здравствено осигурување. Ако не се пројде плата на време, не се платени и придонесите за здравство и немаш осигурување. Ако се пројде платата после одредено задоцнување, мислам дека може да се бара рефундација од фзом ако се направени трошоци во меѓувреме додека каснела.
    Татко ми нема земено плата 3 месеци, фирмата пропаст жива, нема осигурување 3 месеци.
    Инаку приватното здравствено покрива само во приватни клиники, и тоа не се, зависи од полисата.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.107

    И јас мислев така, фала ти за објаснувањето. Се збунив претходно, ама ти потврди дека сум во право оти платите имаат врска со осигурувањето. А, пример, може ли во случајов што го опишав погоре (сопруга која мора да е осигурана преку сопруг кој е вработен), сопругата да се регистрира како невработена и засебно да си функционира? Или морално е со сопругот да се врзе? Леле каква глупост!
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Според она што го знам јас, ако не смениле нешто во меѓувреме, ако од двајцата сопружници еден е вработен, а другиот не, тој невработениот мора да биде осигуран преку вработениот сопружник. Во ФЗОМ се носи ЗО1 образец и здр. книшки што се заверуваат на работа кај вработениот член со листа на членови од фамилија што се невработени/малолетни деца или полнолетни деца на студии.
    За жал, мислам дека не може да дејствува засебно како невработена. Мизерија.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.107

    Па премизерија! Еве, во случајов, џабе се осигурани кога, во суштина, не се. И двајцата. Ц,ц,ц...
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Оф топик на муабетов ама, татко ми да се разболи сега, не може еден антибиотик да земе без да го плати приватно. И мораме да правиме "далавери" ако треба да земеме некој лек, семејниот доктор го препишува на мајка ми за да му го даде на него. Да не зборам што ќе беше ако имаше хронична терапија. Три месеци и еве јули проаѓа, 4 ке станат како нема земено плата. Секој ден оди на работа, а после работа на уште една работа со договор на дело за да може да се прелебат дома. Станува збор за државна институција каде што работи, не е приватна фирма. Ги гледам ЈСП и други јавни институции 3 дена да му каснат одма на протест излегуваат, овие кај татко ми 4ти месец ќе пројде, информација нема нигде во јавноста, ни на вести ни штрајк да организираат. Нов министер добија еве веќе цел месец, абер нема. Мизерија тешка.
    Така што, целосно ја разбирам жената, ем двајцата немаат осигурување, ем ако имаат дечиња и тие немаат.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kaja991

    Kaja991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2020
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    Како оди процедурата поточно за породување? доколку сега се осигурам а сум во план за бременост. И колку се плаќа месечно.
     
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.461
    Пол:
    Женски
    Здраво. Може ли да споделите од кое приватно здраствено сте задоволни? Сакам да направам фамилијарен пакет (2 возрасни + дете).
     
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Дали некој/а кој/а е корисник на приватно здравствено осигурување може да ми каже колку време унапред треба да се плаќа за да може да се користи, пример дали може веднаш после месец-два или мора да пројдат шест месеци, година дена и сл., и преку која компанија сте осигурани (Еуролинк, Сава, Халк итн.)?
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Секоја компанија и полиса е различна. Јас имам преку кроација и имав 2 месеци генерална каренца, а 10 месеци каренца за бременост.
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.897
    Допаѓања:
    7.550
    Пол:
    Женски
    Мислам преку Триглав сум јас. Ама не сум сигурна. Инаку секаде правилата се различни, но во принцип мора да поминат неколку месеци па тогаш да се активира пакетот. И пример за бременост ако сакаш приватно мислам дека има рок колку месеци после уплатата треба да е настаната бременоста. Не пример у среде бременост вадење на приватно здр.
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за одговорите. Мене не ми е за бременост туку за операција на состојба која ја следам веќе околу 2-3 години, а која на приватно би чинела околу 2000€, па чисто сакам да видам опции дали можам да искористам приватно здравствено осигурување без да чекам со месеци, или ќе морам да си бркам работа на државно.
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Кај мене кога го вадев потполнував прашалник и предмет на осигурување согласно потполнетото не ми се претходно воспоставени дијагнози. Мислам дека ако 2-3 години имаш одредена дијагноза која бара операција и да извадиш приватно нема да ти покрие. Ама сепак прашај, ова кај мене е вака.
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    483
    A odprilika koja cena e privatnoto osiguruvanje mesecno?