1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватно основно образование

Дискусија во 'Образование' започната од Cka, 21 јануари 2019.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.515
    Ме интересира кои се и какви се училиштата во Македонија за приватно основно образование?

    Не знам ни колку чинат, ни кои се ни какви е образованието или професорите, програмата? Има некој што запишал дете или што има искуство? Сакам да знам кои се опциите.
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. greenota

    greenota Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Јас знам за Нова, Јахја Кемал и некое француско имаше ама за него само знам дека се учи се' на француски. Нова е негде околу 11000 евра, имаат превоз а можеш и сама да го носиш секако. Работат по америчка програма, професорите се претежно од америка, за помалите деца има екскурзии по музеи, зоо, пикник, за поголемите натпревари меѓународни, после 5то одд може со успехот да се аплицира за стипендија. Подетално за програмите можеш на сајтот да провериш, знам дека имаат основни и напредни нивоа на предмети. Имаат кантина во школото и често се организираат настани во кои учествуват родителите заедно со децата. Според мене Нова е со супер услови за дете што планира да учи и земе стипендија, натпревари, продолжување средно таму и огромни шанси за студирање на светски универзитети..
    Јахја кемал имам инфо за пред нелолку години дека се учи на англиски но имале и турски како странски јазик. Имаат и они натпревари доста.
    Кое и да го изберете, доколку детето оди во државно средно не вреди приватно основно затоа што кошта поприлично многу
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.691
    Пол:
    Женски
    За Новае се точно освен цената.
    11 илјади не е сигурно.Во средно е од година само 5000-6000€.
    Нема шанса за основно да е толку скапо.
     
    Последна измена: 22 јануари 2019
  4. greenota

    greenota Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Толку е регуларна цена, има за македонски државјани некои попусти http://www.nova.edu.mk/regular_tuition.aspx
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.515
    Читав дека за основни училишта МОН нема дадено согласност, на ни едно, а има 3, а за средни за 3 има дадено согласност, а има 15.
    Околу 3000 деца одат во прииватно средно и помалце во приватно основно, ако се сеќавам добро.
    цената од 11 000 е премногу, со оглед на тоа дека добиваат доплома од странска држава, па ако сака да се користи тука треба да ја нострифицира.
    Ако е до 5000 евра годиншно мислам дека ќе можеме да платиме, повеќе не :( а не сакам во најбитниот развој да оди во училиште кое е најниско рангирано во Европа.

    ме интересира како ги насочуваат и како работат со децата? Колку имаат спортски активности? За возењео со комбе ми е небитно, гледам секој денкајмене у мааало ги носат, а по 3 минути родителите излегуваат со кола. Сосема непотребно е.

    Ме интересира програмата.
     
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    135.431
    Пол:
    Женски
    Може нема да се најде некој од форумов што има дете во приватно основно, сепак се многу пари. Ќе ти кажев поарно да штедиш за понатака но од друга страна основата е исто многу важна. Знам неколку луѓе што децата им учат во нова ама не сум запознаена со програмата. Имам слушано дека и јахја кемал се доста добри, и дека има поголема дисциплина таму.
    Направи си математика, на пример може да го запишеш во државно школо и да го носиш на други активности, има браин о браин, стем академија, има доста едукативни центри...
    Сепак да земеш и во предвид и со која група на деца би бил на пр.во нова и со што се ќе треба да се соочиш да има детето барем блиску тоа што го имаат другите деца таму, а дете како дете ќе гледа од другите и ќе бара.
     
    На Antebellum и Cka им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.515
    Ако оди у државно, после на часови за сенешто, па и спорт нема да има време да одмории да се забавува. Тие 5 саати на школо да биде едуцирано и да му биде дадено се. Да не треба да го носам на часови по математика, па на музичко, па на балет, па не знам ти каде, а на школо да седи со деца кои не знаат ништо и цело време да биде поминато со повторување на материјалот за децата шо не знаат да научат.

    Си госледам детето, гледам дека многу сака да чита, знае многу букви, знае многу песни, зборува точно граматички, има огромен фонд на зборови, ја стимулираме и гледаме дека има интерес кон книги, засега.

    Јас бев у школо кај што имаше и до 8мо одд деца написмени и секој слободн момент беше за онида учат букви место ние да учиме екстра од онашто сакаме да учиме.

    А за ова си у право... може кеиам за школарина, ама за екстра не :( ќе гледа скапи алишта, скапи коли, скапи одмори, ке бара она. Стварно неам идеја како.
     
    На dunika, Antebellum, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Идејата ти е убава. Скапи алишта не верувам дека ќе гледа пошто ако добро памтам барем порано беа со униформи приватните школи. Од друга страна не можеш да знаеш дали ќе имаш или ќе немаш од сега за скапи коли и одмори. Пушти нека тече живот и оди со истата замисла. (fingers)
     
    На Antebellum и Cka им се допаѓа ова.
  9. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    135.431
    Пол:
    Женски
    Ска син ми е 3то одд, не е до толку лошо колку што се збори. И важно погодени се учителките, добри педагози се. Од родителските до сега гледам дека се скоро сите деца горе доле на исто ниво со знаење, секако има неколку што се истакнуваат а некои што стагнираат ама не е голема разлика.
    @LiliBoz јахја кемал имаат униформи нова не, во нова одат и со организиран превоз ама одат и со приватни шофери со мерцедеси и џипови...
     
    На Mari*, Antebellum, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    шо збореш бе, дотолку па со приватен шофер..ајме мени...
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    135.431
    Пол:
    Женски
    Има деца на тешки бизнисмени ај да не именувам, така да има огромни класни разлики што не знам како ќе делува на дете од некоја понормална средина.
     
    На Animali, dunika, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Зар во основно волку вртоглави суми?:drunk:Другарка ми во Солун на приватен факултет не плаќа волку...
    Средно приватно е до некаде отскочна даска за добри светски универзитети ама сепак не е пресудно, а со основно приватно автоматски оди и средно приватно тоа е сериозен кеш сепак, а во основните сеуште има одлични педагози.
    Јас на пример одев целодневна, освен часови имавме и други активности, домашно преку недела нема и многу повеќе време ни посветуваа.
     
    На Mari*, Harper, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.515
    Мене ми е за испитувањата и анализите пред некој месец, ми влезе црвот, дека имаме најлошо образование во Европа. Секако сакам после да оди у странство, ама никако не може да им конкурира на тие таму со појако образование од нашето и ќе биде последна.

    Шо знам, може се занесувам, ама ова ми е само размислување...

    Сега оди во приватна градинка и многу внимаваме на парите заради тоа. Ама тоа се многу помалку пари од 6000 евра у школо.

    А м&м е у право ептен. У градинкава децата се скоро сите на луѓе океј, не личат на богаташи. Aма на школо :( Може ќе остане пуста желба.
     
    На M&M и LiliBoz им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за тоа ич не мора да значи. Детето од мало ако ја засака книгата не е битно приватно или државно. Ќе се покаже оно само. Внука ми има неполни 7 год англиски барабар збори со мене а сега и на германски ќе оди. Запишана е во целодневна во државно школо а англиски учеше во градинка
     
    На Antebellum, Cka и M&M им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.132
    Пол:
    Женски
    Не вреди Нова за тие пари.
    Повеќе престиж.
    Бидејки помалата ќерка е често учесник по државни наторевари,никаде немаат остварено резултат.Дури и на натпреварот по англиски,државен што се одржуваше во Нова,ниту едно дете не зеде место,што ми е нејасно,бидејки сепак учат на англиски.
    Натпревари по математика,физика,биологија исто.
    Немаат резултат.Еве пребарај ги резултатите од државни натпревари.
    Подобро добра учителка и јавно основно.
    Не е толку слабо,само што нема специјална програма за надарени деца.
     
    На Emma2, dunika, Mari* и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    И мое мислење е дека овие школи се повеќе за фалење отколку што нешто повеќе се добива. Тој што си учи, кај и да е ќе учи. Во ваквите школи дури мислам дека и многу помалце и се учи од државните, се е на шетање повеќе и бидејќи родители плаќаат вртоглави суми мора секој каприц да е исполнет на детето.
    Сепак мое мислење, некој родител ако има да плаќа нека плаќа за детето приватно, сепак да не се потценуваат и државните училишта, сите што сме учеле таму не значи дека сме нешто поглупи од тие во приватните школи.
     
    На BlackMistery, Emma2, Mari* и 14 други им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    135.431
    Пол:
    Женски
    Ска ако гледаш дека има капацитет за повеќе ќе вложуваш понатака, ќе работиш ти со неа колку можеш повеќе, па и понатака ќе ја запишуваш да се надоградува. Не дека те предомислуваме, доколку стварно можеш, но да се исцедиш до толку финансиски па потоа за средно и факултет да ти биде проблем, затоа ти велам пресметај се, разгледај ги сите воншколски дополнителни активности, па и немора одма се од 1во да почне, полека полека ќе видиш што повеќе ја влече натака ќе се насочиш. Друго е приватна градинка, не се тешки пари и ние за жена толку даваме.
    Но ако се одлучиш за приватно и јас мислам дека е подобра опција јахја кемал, не знам дали има и други основни приватни.
    Како се изнапишав експертски :D, а мојон ништо не сака надвор од школо да запише, не сакам да го форсирам ама морам некоја тактика да му најдам :doh:
     
    На dunika, Mari*, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не знам дали да ти се восхитувам на храброста и амбициите или да сметам дека малку забегуваш од реалноста :D Ако финансиите не се проблем нема што да се збори, можеш и дома со приватни учители да го образуваш. Но ако треба да се закредитираш и од уста да делиш или не си сигурна дека ќе можеш да плаќаш 9 години основно плус 4 средно плус пари за факултет во странство како што ти е планот, тогаш може треба да гледаш други варијанти. Курсеви, купување книги, работа дома со детето и штедење за факултет или приватно средно. Ако ти е само да го оттргнеш од обичната раја и да го здружиш со елита оти „парата на пара оди" или „сиромаштијата е заразна" и слично, тогаш со себе проблем си имаш. Или па не, о да, во Македонија си, баш така одат работите.
    Многу завршиле основно и средно во Мк па без проблем се запишале и завршиле факултет во странство, како ли само? Таму никој нема да те праша кој си, од каде си, дали во Нова си учел и што работат родителите. Но ако си убедена дека со приватните ќе добие квалитетно образование какво нема во државните и дека е голема стратната разлика во знаење што ќе ја има при запишување на факултет со приватно основно и средно, тогаш ок.
     
    На Emma2, m.i.g, dunika и 22 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Да не забегуваме од темата и да не прајме лично. Никој не рече децата од државно се глупи. Чка сака ќерка и да иде во приватно школо и тоа е тоа. Дали ќе двои од уста или не апсолутно не е наше да пикаме нос. Ако мене ми е приоритет тоа ќе двојам и апсолутно никој нема право да ми каже смешно е или не е. Секој својот двор нека си го гледа. А се спомне за нешо што повеќе чини одма се скока ко у око некој да му брцнал некому...
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Тука не гледам некој да скока освен тебе. Ако некој сака да си прави како си замислил нема да пишува на форум, ниту пак некој лично се закачи туку си кажува мислење. Имаше реченици каде очигледно се потценуваат децата што одат во државно па никој не скокна бурно да изреагира. За разлика еве од тебе каде селективно читаш и толкуваш и веќе се постави во одбрана а никаде не гледам напад.
     
    На Emma2, Mari*, Sky-butterfly и 6 други им се допаѓа ова.