1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватно основно образование

Дискусија во 'Образование' започната од Cka, 21 јануари 2019.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Не напаѓам никого. Си кажувам исто како тебе.
     
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Зарем во приватни школи, колеџи,факултети повеќе ќе научи него ли во државни. Чист булшит. Ако детето си е капацитет и учи нема потреба од ништо екстра, секако ќе учи. Ако нема желба за учење и приватни часови да зема џабе е.
     
    На Emma2, Jas!, Mari* и 16 други им се допаѓа ова.
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.372
    Пол:
    Женски
    Јас не би се одлучила на таков чекор, од проста причина што премногу финансии се во прашање, а не си ни сигурна дали ќе се исплати на крај.
    Еве во околинава имам пример на многу деца кои се ептен надарени ама си учат стандард во државни школи и си постигнуваат резултати. Приватните основни школи а делумно и средните, се направени да децата на богаташите реално. Можеби ептен радикално мислењево, ама според мене така е затоа што најјаки резултати од било која област на натпревари скоро секогаш добиваат деца од државните школи. Е сеа, факултетот е нешто сосем друго, не го ставам во ист кош.

    Доколку детето си има мерак за учење, покажува особен интерес кон одредена наука, може да се посвети на тоа после школо. Прво не би да давам толкава сума на пари која можам да ја вложам во иднина (факултетот кој е најбитен ) и второ а не помалку важно, не би да му го скратам дружењето со полно врсници кое го добива во државните училишта.
     
    На Sky-butterfly, azelea, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.402
    Пол:
    Женски
    Приватно основно е сосема непотребно според мене и не би запишала дете. Прво е прескапо, а допрва следува средното образование и факултет. Сите капацитети што ги знам и успешни луѓе се излезени од државно образование, така да не гледам пречка за успех и учење во државните училишта. Има одлични учителки и професори, може да се каже и подобри од оние во приватното. Парите што треба да се дадат за основното приватно, подобро да се чуваат па вложат во факултетското образование.

    Средно приватно Нова е одличен старт само за деца со амбиција да студираат на Харвард, Кембриџ, Оксфорд, Колумбија, Јеил и сл. Учениците од ова средно училиште, нели оние најдобрите имаат големи шанси да се запишат на споменатите универзитети, ама само ако се стварно оделуваат од масата. Секоја друга причина за запишување во средно приватно е само затоа што родителите имаат екстра кеш и детето мора да учи само со деца чии родители исто имаат екстра кеш.
    Знам икс кои учеа во Нова само ради помодарство и име, а ниту излегоа паметни, надарени, ниту со големи резултати, а не постигнаа ни после тоа.

    Во секој случај, ако е капацитет дете и со државно образование ке постигне големи резултати, форсирано дете нема да направи ништо па макар учело не знам каде.
     
    Последна измена: 23 јануари 2019
    На Emma2, Animali, Jas! и 14 други им се допаѓа ова.
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    И на крај пак е кој како ќе се снајде.
    Познавам луѓе и без факултети што имааат разработен бизнис и зимаат и до 10пати поголема плата од оние со факултети.

    Дојде време и кога фкултетот не ти гарантира дека ќе се снајдеш, а не па основното образование.
    Мое мислење е џабе фрлени пари, со нив и те како можеш да му отвориш сопствен бизнис утре и никој да не му трие сол на глава :)

    Во приватно одат деца на големци кои секако си имаат загарантирана работа утре.
     
    На Emma2, Jas!, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам во ниту една приватна образовна установа во државава. Ни основни а ни средни училишта не се ништо друго освен препич, а факултетите пак ми се онака на врвот на листата на небитни работи у животот. Од моја генерација, најнеписмените се запишаа на приватни факултети, буквално оние кои не можеа да се запишат на државен јер имаа завршна матура. Да не се разбереме погрешно, далеку од тоа дека државен универзитет у Мк ке те изведе на прав пат, ама ниту приватните нема да те направат попаметен и нешто посебен.

    Далеку сме ние од Британците, немаме ние такви државни и приватни колеџи, Фон не е Оксфорд, фејс вит ит.

    Квалитетен ученик ке се истакне, целиот интелект ке исплива на површина и во државно основно училиште. Ама треба детето да го има тоа, не родителот да го турка постојано и да му објаснуе дека е специјална снегулка, најпрепаметен на мама и тато јер неговата перцепција е дека детето му е индиго. Убаво е да имаш високо мислење ама многу побитно е да имаш допир со реалноста.

    Имав школска која секоја сабота вежбаше со професор по математика и повисока оценка од 4 не доби. Јас ги пишував само домашните задачи и секогаш добивав 5ки, пониска оценка немам добиено. Не се форсирав да одам по натпревари, иако професорите покажаа интерес да ме спремаат за државни натпревари, јер едноставно имам сенс за бројки.
     
    На Emma2, Mari*, Baby-bubu и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Видете, јас прашувам искуства. Од чуено или свој став, не ме интересира.

    Јас имам дилема прво, поради тоа што сметам дека надвор од државава ќе и биде полесно ако има добро образование, второ, поради тоа што јас учев со цигани и место нас да ни посветат екстра знаење нив ги учеа да пишуваат, и трето, сметам дека после часови детето треба да е слободно да игра, да трча, да се забавува, да се видиме.

    Сметам дека знаењето треба таму да го добие. Пријателка која има инфо кажа дека во приватно ги насочуваат децата според афинитетите. Ако е одличен уметник, нема да му дадат пример право да учи туку повеќе часови че има по уметност.

    Мене дома убава на мајка жи е најпаметно и за се ја бива, ама таму учител ќе знае од споредба и искуство да види дали го бива дете или не.

    Прво, не ми се верува дека е толку пари!!! Не е нормално. Јас за 1500 еу магистрирав, а 10 000 еу за основно не давам.

    Имено, информациите ми се дека во приватно 8сновно и средно се дава одлично знаење, за разлика од факултетите каде се става 10ка за лепе очи. Сакам стварно да знае. А тоа дека ќе учи со снобови... и тоа лошо :(

    Имам време да мислам, нели. Ама да беше помалку ќе размислам да почнам да собирам.

    И не дека ако отиде на факс у странство нема да ја биде, туку вака има отскочна даска... бар така размислувам
     
    На dunika, Antebellum, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Не е точно.
    За македонски државјани цената е 5600 т.е 5750 евра..



    Доколку имам еден ден пари и моето ќе го пратам и нема два пати да размислам.. АМА тоа доколку ми се одвише едно 100.000 евра..
    Е ако не ми се 100.000 одвише ама 40тина илјади, дефинитивно јахја кемал.. уште ми е криво што не сакав средно таму да учам, а ме молеа јахја или нова.. :D

    Имам внука што учеше во НОВА, сега се иселија и основното образование и те како и беше отскочна даска во понатамошното образование во земјата каде што се доселија..
    Интеграцијата и помина како од шала..
    Знам дека татко и беше презадоволен..
    И да..има деца на амбасадори што ги носат со коли од 100.000 евра и обезбедување а има и деца на скоро речи обични смртници..
     
    На dunika, Sexybaby86, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.402
    Пол:
    Женски
    Средното приватно е отскочна даска за во странство, за основно не би рекла, освен што англискиот го владеат одлично. Основното е за деца на амбасадори, странци, тешки бизнисмени и сл. Во средно има и деца од просечни фамилии, затоа што нудат стипендија, а и ретки се.Не сум слушнала за некои посебни услови што го нуди основното приватно образование.

    На пријателка детето учи во основно Нова, првин во Јаха Кемал, од таму не беа задоволни. Сега ке заврши основно, а искрено баш по ништо не се издвојува од врсниците што учат во државно училиште, глупо ми е да кажам, ама дури и назадува.

    Моја пријателка заврши средно Нова, она и нејзините школски што ги знам, па скоро врска од животот си немаат. Чистеа училници за двојка.
    Ама затоа па има деца од Нова што отидоа да студираат на најдобрите универзитети од светот. Истите се со државно основно.

    Така да сепак испаѓа дека е до детето.
     
    На Sexybaby86, cresa-jagoda и Cka им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Од тема за искуства и програма во приватно школо никој ништо не кажа. А оф Топик мислења колку ти душа сака.. (facepalm)
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.372
    Пол:
    Женски

    Малце навредуваш со тоа "ќе учи со снобови"
    Што па како да нема снобови по приватните училишта? Баш па таму повеќе ги има, златни тие на мама и тато.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    На тие и мислеше кога напиша -снобови, оние во приватни. Тие во државните цигани беа :D
     
    На Emma2, Animali, Mari* и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Sezana

    Sezana Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Е до детето навистина. Ама подобро последена меѓу најдобрите отколку прва меѓу најлошите(во овој случај најдобри/најлоши според образованост). Како е тргнато образованието во денешно време ако се има финансии да не се мисли 2пати дали детето да се пушти да учи во приватно основно и средно каде ќе биде развивано според афинитетите кои ги има отколку да се пушти во државно и да го рекетираат наставничките за лични интереси. Уште јас кога учев основно се сеќавам го малтретираше една наставничка соученикот( го испрашуваше секој 2час за да му стави 1 и со тестовите 5ка да му напише 4ка на полугодие)за да го принуди еден од неговите родители, професор да стави 6ка на нејзино дете.
    Има и добри примери на наставници во државните училишта, ама повеќето ставаат пониски оценки за да ги натераат родителите да плаќаат часови за дополнителна настава кај нивни колеги од други школи и тие да им вратат со против услуга. Колку и да е скапо ако можам да дозволам не би се мислела да вложувам во образование на децата. Тоа е инвестиција за која ако се има можности не треба да се жали да се направи.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Е добро де ромчиња беа. Припадничиња на ромската заедница. Од 29 деца 12 беа. Едниот у 7мо се ожени
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.698
    Пол:
    Женски
    Јахја кемал беше подобро но сега е далеку е од тоа што беше порано,далеку.Плус дел од наставата се изведува на турски јазик.И тие имаат основно.
    Имам во семејството и меѓу пријатели деца и во едното и во другото.
    Точно ги определуваат според афинитетите и надареноста,но што ако погрешат ?
    Што ако се работи за дете кое е надарено,а не само талентирано?
    Еве мојава е според стручната служба надарено дете,во математика,јазици и цртање ,во сите три области има највисоки награди на државно и меѓународно ниво..Размислувавме и ние за приватно,но Каде би ја ставиле,башка што е страшна мрза и немаме решение за овој проблем.
    А друг и многу поважен аспект е амбицијата ,тоа го нема кај децава во приватните,барем овие јас што ги знам.
    Амбицијата е таа што носи до успех ,се друго се учи,па и покасно.Има деца што не учат во основно затоа што незнаат да учат ,па доаѓа до скок во средно или факс.
     
    На azelea, Antebellum и M&M им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Сиромашни биле твоите, затоа. Така се групираа децата порано, Ромите претежно во една паралелка со деца од небитни фамилии, па имаш паралелка средна класа и една резервирана за елита. Во помалите градови каде сите се знаат така некако беше. Наместо приватни училишта, вака беше делбата. Од тогаш изгледа комплекси си влечеме :D
    Ваљда има основни и средни училишта во Скопје со добро реноме?
     
    На Animali, Baby-bubu, Elenche87 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Nema potreba da se skoluvaat decata po privatni osnovni I sredni ucilista I da se trosat golemi pari.
    Dobrite ucenici/pametnite sekade se prepoznavaat I mozat da go prodolzat visokoto obrazovane sekade niz svet.
    Kolku deca znam koj dojdoa vo Kanada I zavrsia fakulteti bez prthodno da ucele privatni ucilista.
    Dobri ucenici od drzavnite ucilista koi cel den sedat po intenet, vrtat tel po univerziteti I se interesiraat kako mozat da dojdat da studiraat so mali participacii. :clap:
     
    На cresa-jagoda и petunija77 им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Во Македонија образованието е најлошо у Европа. Истата програма е
     
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Абе Чка не зафркавај, по неписмен народ од американциве нема пушти видеа на јутуб не знаат Африка дека е континент, не знаат кинтинентите да ги навројат стварно се глупи.
    Ние сме кај кај пред нив сепак имаме и ние неписмени ама претежно се стари лица кои немаат ни основно.

    Нема потреба да се плука толку по системот не сме до толку.
     
    На Emma2, dunika, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас имав роднини кои учеа во приватно основно училиште. Еднаш им помагав со домашното по математика. Да бидам искрена разочарана бев од тоа што го учат. Упростено до тој степен да им биде лесно и соодветно на возраста, ама упростено на таков начин да не може детето да отскокне и да се оддели од групата ако е на пример повеќе талентирано за математика од остатокот на одделението. Да сум учела во приватно основно и после државно средно веројатно би била тотално изгубена. Јас детето не би го праќала во приватно основно. Поради би уште рано почнала некој процес да видам за што се интересира и што го бидува, и би работела со него (знам дека немаме време, ама дефинитивно би дала максимум од себе) отколку да го праќам во приватно основно. Едноставно не им верувам...
     
    На dunika, Sexybaby86, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.