Дај да видам каде читаш и по кои параметри. Не дека не ми е за верување, некаде и јас сретнав таков текст ама ме занима колку е веродостоен.
Аха, ми текна на конкретен пример, ама за средно државно и приватно. Изгледа не се дружам со буржоазија па не знам ниту едно дете кое учело во основно приватно училиште. На ФИНКИ на ист смер учат двајца студенти - едниот учеше во Јахја, другиот во средно државно училиште. Ученикот кој заврши државна гимназија - математички смер ги има положено сите испити и има повисок просек од ученикот кој заврши во Јахја. Родителите беа презадоволни од Јахја, само пофални зборови, отскочни даски, мотивации, професори кои те усмеруваат и што-ти-не. Инаку децата се во иста група, значи им предаваат исти професори и исти асистенти им држат вежби.
Сега по закон секој се запишува таму каде што припаѓа според адреса на живеење. Иако има доста што успеваат да ги убутаат и ако не се со соодветна адреса во некое школо. Еве во аеродром е лапе најдобро рангирано школо и се пренатрупани одделенијата ама приоритет се секогаш тие што по адреса спаѓаат таму.
https://m.mkd.mk/makedonija/politik...matika-i-po-prirodni-nauki-obrazovanieto-ni-e Лелееее меѓу последните у светот сме биле, не у Европа...
Ами и приватните во Мк ви се, не се у Шведска, или само од државни се земаат податоци? Како стојат приватните при рангирања?
Дали учениците од сите држави вклучени во тестирањето имаат ист образовен систем? Колку ученици има во Македонија а колку од нив се тестирани? Кој е критериумот според кој се бирани учениците? На линкот постиран погоре пишува, 540 илјади ученици од 72 земји, или со други зборови, од една земја тестирани се 7500 ученици. Веродостојност на тестирањево -
Потребни се реформи.Се додека не ги скратат предметите ,нема да имаме резултат ,поголемата ќерка во 9 одд имаше 17 предмети. Гледав една емисија за во Сингапур,имаат како тестирања и во 5 одд им е финалното дали ке одат во саглам средно школо и ке имаат можност за напредок и факултет или ке останат со слабо школо без можности за факултет. Деца што не поминаа математика во 5 одд со доволен број поени ,немаа шанси за упис во престижно средно. Им ја кројат судбината тогаш,плачеа и родители и деца.Можеби некој ја гледаше.Многу тестирања,прв круг во 3 одд.Иако пресурово ми изгледаше ми се допадна начинот на кој се изведуваше наставата. Сите имаа ливчиња ,црвени и зелени, мислам. И учителката предава,а сите деца дигаат ливче, црвено ако не ја разбрале,зелено ако ја разбрале. Многу просто ама ефективно. И учителката ушт еднаш предава на тие што не разбрале.Но премногу роботизирано учење,со тестови и повторување и огромен стрес и за деца и за родители.
Извинете може малку е глупаво прашањево: 11000 (ЕДИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ) евра за една година? Или за 4 години основно, па уште 11 за од 5 - 8? Мене многу пари ми се гледаат... Сега имам уште едно прашање: кое основно училиште кај нас е опремено со функционални лаборатории?
Другарка моја се запиша во Нова средно и се отпиша. Причина - сакала да учи, а таму немало простор за тоа. Правевме споредба со нашите учебници, живи смешки беа. После продолжи и на Државен факс, а подоцна и надвор од Мк. Имаше пари да продолжи и во НОВА. Одблиску имам видено програма и што профил на деца учат таму. Основно никако не би запишала дете таму. Средно за Јахја имав добро мислење. Но сметам дека барем во Скопје има сеуште подобри гимназии каде што може да се добие квалитетно образование. Повеќе имам доверба во државните отколку во приватните училишта и факултети. И не, не е слушнато туку баш видено. Во светот е поинаку, приватните училишта и факултети се подобри, кај нас не. Јас и не би форсирала дете за ништо, само ќе се си се издвои ако го бива за нешто.
Далеку од тоа што ти го бараш, верувај дека таму нема да се истакне. Јас зборувам за некаде пред 14 години, другарката објаснуваше што учи математика и географија. Не верувам денес да е поинаку.
Еден пријател, има 3 деца 2 во основно и едно средно. Едното му е запишано во Јаха Кемал.... тапа е детето завршува „одличен“ а нема појма ни од Математика ни од Англиски, а малечкиве ги има запишано во Приватно основно, едното е 5то другото е 7мо, човече можам да речам со оглед на возраста, многу повеќе знаат од тие што се средно 4 та Баш ги прашував, што прават како учат, дали ги тераат (како шо е во пракса кај нас) по 10 педмети да учиш за наредниот ден. Вика никој со сила не ги тера, до 3то одд биле како што биле по класовите, за да во 4одд ги селектираат кој за што е, п.с ниеден предмет не го заоставуваат ги учат на основното.. ама за тие што се надарени бре тата мата се! Сепак, приватното образование си е приватно, само што кај нас сеуште не се сваќа баш како сериозна тема, туку се сваќа „плати па кати“ тоа е за тапа деца, од угледни луѓе што сакаат децата да им се стекнат со нарачани оценки и дипломи“ слично е и со Факултетите.. за жал сеуштее сме назат.
Денешниве деца во оваа ера на технологии се многу повеќе интелектуално развиени и спремни за разлика од нас кога бевме на нивна возраст. Не им претставува огромна потешкотија учењето на букви или раното изучување на латиница и англиски. Јас пре би пуштила дете во државно основно училиште за да се здружи и запознае со деца од сите социо-економски класи, да научи да цени, да почитува, да не дискриминира. Основното училиште е прв контакт на детето со општеството и е битен фактор за тоа во каков човек ке прерасне таа личност понатаму. Никој не ви гарантира дека вашето дете во тоа приватно основно нема да е запоставено и омаловажено од страна на далеку побогатите деца, како што се третирани посиромашните деца во основните училишта. Можеби баш тоа ќе му претставува препрека за да се истакне над другите, затоа што ќе биде демотивирано знаејќи дека овие размазениве што идат со џипови и обезбедувања ќе бидат секогаш над него. Средно е веќе друга приказна, ако се планира факултет на страна, тогаш е подобро да се инвестира во приватно средно. За програмата, веќе кажаа погоре. Сум работела во образование и да, вистина е дека на државните и меѓународни натпревари победуваат претежно деца од државни училишта. Прво поради фактот дека се побројни а второ поради тоа што во приватните материјалот им е малце изџвакан и сервиран на многу поедноставен начин.
Јас учев у Нова од 7мо одд до крај на средно, и многу сум задоволна. Наставниот кадар е многу добар, посветени се на учениците, имаат многу пријателски однос и можеш буквално за се да има се обратиш од лични приватни проблеми до нејасен материјал, нешто што во државните школи кај нас ретко го има. Програмата е америчка до 1год средно е доста опширно, имавме најразлични предмети: јазици, математика, природни и општествени науки, спорт, музичко итн, во средно веќе се насочуваме, односно бираш по која програма ќе учиш IB или AP, доста се захтевни и двете особено во 3 и 4 година затоа што има доста работа. Голем дел од учениците аплицираат и се примени на светски универзитети, има како персонален советник кој ти помага во процесот на спремање апликации, пишување на мотивациски писма, буквално те надгледува целиот период на аплицирање кој е доста тежок и захтевен. Далеку ти се зголемени шансите да бидеш примен на светски добар универзитет со позадина од средно од Нова отколку од наше државно. Нова исто има и договори со многу универзитети кои мораат да земат одреден број на студенти од Нова секоја година. Моите 6 години поминати таму беа прекрасни, убаво е што е меѓународна средина има доста странци, има многу дружење затоа што класовите се многу помали од во државните училиште, за наставниот кадар имам се најдобро да кажам, многу можности за понатака во животот ти се отвараат, често не носеа на натпревари во странство и конференции, имавме и доста екскурзии и во Македонија и странство. Мене едина работа што ме иритараше беа некои од размазените деца на наши политичари и бизнисмени што мислеа дека што сакаат можат да прават, ама пак такви луѓе има секаде. Инаку @Cka не мора од прво одделение да го праќаш детето, можеш само средно. Имаше многу деца што доаѓаа во 1ва година, претходно учеа во државно, имаше и такви кои што доаѓаа само 3 и 4 год кај нас, јер за факс во странство последните две години од средното се битни. Па и тие од 1во што беа во Нова, и тие што дојдоја во 3та средно се запишаа на добри универзитети.
Јас држев часови на деца од Нова у средно, книгите им беа пообемни од моите на факултет. Се разбира, тоа не го негираше фактот дека децата беа тутурутки и не направија ништо после завршувањето во Нова. Какво фабулозно трошење на којзнае колку илјади евра + имаа приватни тутори по сите предмети. Џабе. Мислам околу 5-6 илјади евра е година. Програмата по којашто работат е УАУ! Бар мене ми беше, шо знам. Никој немаше петка оти платил, овие моиве одвај со 2ки минеа. Книгите им се од американскиот систем + полагаат меѓународна матура. (нашата матура е ВИЦ во споредба со оваа - и да не почињам за препишувањето оти ќе се напнам) Споредба на Нова би направила само со појаките скопски гимназии од типот на Корчагин кајшто ги рендаат салам, ако не се лажам и во некоја од тие гимназии имаше билингвални паралелки и можеше да се полага меѓународна матура. Имам дома средношколец од државно средно и кога гледам како ги третираат како посебни пахуљици ми иде да одам на час и да ги затепам малце. Распашана команда зјапната у телефони, ете толку на темава. Мене лично ми е жал шо никој не ме насочил како што ги насочуваат децата од Нова во последните 2 години средно. Секој со малку повеќе амбиција и желба таму го испратија да студира некаде низ светов, бесплатно! Значи, има кој да те фане за рака и да ти каже, сега направи така, во трета средно одбери ја таа насока, учи тоа за да те примат таму, сега оди и аплицирај овде, напиши го писмото вака, скоцкај ја апликацијата, сликата треба да ти биде ваква, ти требаат тие воншколски активности, итн. Е само за тоа менторство вредат парите. И да не се лажеме, ниеден од моја генерација, ниту еден од тие пред мене или после мене не го направи тоа - не оти сме глупи туку оти немало кој да ни каже. Тек после 3-4-5 генерации пркнаа па почнаа да се снаоѓаат сами по интернетов. Многу знаев јас пред 10 години дека можам да аплицирам на факултет у Канада преку интернет. Значи, да треба да сумирам.... и државно основно би бркнало работа, нека се описмени колку-толку и после правец во приватно средно. Фактички, со јако средно + капацитет дете, вложените пари се за да можеш да го пратиш да се школува у странство бесплатно. Едит - уствари се' е така ко шо кажало девојчево над мене!
И заборавив да надополнам, видов многу од членките што пишуваат како на нивни пријатели, роднини итн. деца учеле во нова па биле поназадени од вашите деца кои учеле во државно. Капацитетот на еден човек е многу индивидуална работа, ако не те бива и на Харвард да те пратат нема да те бива, и обратно. И оценки воопшто лесно не пишуваат во Нова, тоа што ќе си заслужиш тоа и ќе си добиеш, како што кажа членката погоре препишување и такви ствари беа измислен поим.