Кој го бива за учење ќе учи и во приватно и во средно.Знам доста деца од Нова и Јахја кои стварно учат. И во приватно имате добри и лоши професори и во државно. Програмата не е иста пример во Георги и Нова.Они учат многу други работи за разлика од нас. Плус имаат и нивоа.Јас англиски пример уште учам First Conditional они читаат книги и врз база на прочитаното пишуваат есеи.Математика учам тригонометрија они имаат Algebra 1 или 2 од по 300 страни. Пример немаат историја или географија туку имаат Social Science нешто измеѓу. Знам и во државно деца кои поминуваат со врски и потплаќање професори, имам доста такви во генерација, знам и во Нова такви кои мама и тато ги запишале и само се прчат со бундиштата и ташните и ништо не прават. Искрено јас не би запишала дете во приватно основно.Колку и да имам пари, бидејќи знам дека и во приватните има исти професори како и во државно.Пример во основно јас многу учев.Професорките по природните науки бараа знаење, пример мене тие предмети не ми одат и не ги сакам ама морав да учам и имам знаење сега во средно. А најмалку би пратила дете кое не учи во приватно средно. Не планирам да фрлам пари на оценки.Ако не учи, нека не учи нема да му ги купувам оценките кога пак нема да има знаење. Нека заврши како кецаш или нека повторува, самото ќе си ја чука главата утре. Секој што има капацитет и умее да го искористи ќе си пројде супер и основно и средно независно дали е приватно или државно.Сепак сѐ се своди на капацитетот на детето, заинтересираноста негова и на професорите. Искрено предноста во приватните според мене е: -посветуваат повеќе време на учениците бидејќи се помалку -се мешаат различни националности и се топат лошите работи (се учат децата на меѓусебна почит, соработка и поддршка) -понапредна програма -само една смена -повеќе одмори -подобар план за работа -подобри екскурзии
Цела моја генерација од Нова и Јахја Кемал ги познавам лично, така да со сигурност можам да потврдам дека не е се така розево како што мислите. Целото мое образование беше државно, моите родители немаат денар дадено за некој да ме учи нешто што можам и сама. Во трета година се запишав во паралелката за меѓународна матура во ЈБТ, апсолутно иста програмата со таа во Нова, сосема бесплатно. И да, нашата паралелка имаше повисоки поени на крајот. Не затоа што бевме генијалци, туку затоа што секој од нас своеволно сакаше да го даде својот максимум. За разлика од Нова, ние моравме да поминеме цел процес на селекција. Не сите од приватно средно се запишуваат во странство. Поминаа тие времиња, 60% од македонските државјани од Нова останаа на УКИМ. Ако веќе мериме капацитет, Марко Чаласан учи на Финки покрај тоа што заврши во Нова. Не би да потценувам никого, ама кога веќе најпаметниот тинејџер во Македонија остана тука... Веројатно сум многу помлада од вас, но би сакала да ви укажам да ги научите вашите деца да се борат наместо да им давате се на тацна. Нејсе, отворете ги програмите на најдобро рангираните светски универзитети и споредете ги со нашиве тука. Нашите се едно 20 пати покомплексни, само што немаме материјални услови. Секако зборувам за природните и техничките науки.
Извинете за офф топик али џабе нашите факултети се покомплекси и студенти учат премногу, и тоа што треба и тоа што не треба кога УКИМ како универзитет не постои на ниедна светска ранглиста, и дипломата од УКИМ скоро никаде не ти ја признаваат во странство. Еве еден куп мои другарки со 9 и 10 просек на УКИМ не им ги признаваат дипломите у странство..А тоа дека деца од Нова остануваат во Македонија остануваат, и од моја генерација останаа кој не сакаше да оди во странство, кој родителите бизнис им имаат у државата, некој не добија стипендии па не можеа да заминат. Јас стојам на ставот дека кој се труди ќе успее у животот. И од државно средно сметам дека може човек да се запише на престижен факултет, само што во Нова добиваш далеку повеќе ресурси, предности и шансите да си примен на светски универзитет ти се повисоки.
Ако сакаш ќе успееш да се запишеш на факултет во странство и со државно средно е ама работата е што и со стипендија е прескапо додај тука и трошоци за живот а тоа ретко кој може да си го дозволи, тие што имале пари за приватно средно ќе имаат и за факултет. За мастер е уште полесно да се запишеш (кога од правен можеш можеш од сегде) ама со просечни примања е тоа е малку потешко.
@Cka ова ми излезе преска на фб, разгледај ја странава може ќе ти биде од корист http://maximilian.edu.mk/
@Cka Ако ја спремаш за во странство, инвестирај во своето дете и нејзината иднина, ако ја спремаш за во Македонија да остане, не мора ни на школо да оди Шала на страна, немам искуство со приватни училишта, но како ученик што завршил државно можам да кажам, дека мое лично искуство е нема простор за напредок на капацитетите во државните училишта. Барем не напредок во смисол да биде тоа дете турнато кон успех во светот, може пофалби да добие, а понекогаш ни тоа.