1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Привилегии и попусти за студенти

Дискусија во 'Образование' започната од sunfemina, 2 ноември 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Студентите во Македонија се маргинализирана група. Иако се колнат во нив дека се иднината на државата, за жал скоро и да немаат никакви поволности со самиот факт дека се студенти, а повеќето финансиски се зависни и се на грбот на родителите.
    Не сум доволно информирана, но велат дека во другите земји студентите уживаат голем број на поволности и попусти. Ме интересира и мене што добиваат студентите надвор, а ние во РМ не?

    Има посебни картички за студентски попусти, односно познатата ISIC картичка ама таа не ја сметам. Многу малку попусти нуди, на неатрактивни места, попустите се оскудни и истата не е бесплатна.
    Можда ако некој ја користи во странство и некако ќе му се исплати..ама тука ќе ги преплати попустите со тоа што ќе ја купи.
    Во секој случај не мислам на картички од кои некој друг има заработка, туку мислам на попусти и привилегии кои му следуваат на секој студент со приложување на индекс (или студентска легитимација) со која ќе докаже дека е редовен студент.

    Мене едниствено ми е познато дека студентски попуст има во театрите (мнт, драмски).
    Дали знаете за некои други поволности и попусти за студенти?

    Само овој месец (11ти месец 2012г.) студентите со месечна маркица од ЈСП се добиваат попусти во McDonalds :D
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    На УКИМ можеби и имаат некои попусти, ама на УГД нема НИКАКВИ, башка тоа електронска картичка ја плативме 900 или 1200 денари, не се сеќавам баш најдобро. Единствено попуст нудат во еден бутик во трговскиот, а таму е, па да речеме огин и пламен, за разлика од другите продавници. Значи со овие картички повеќе потрошивме отколку што добивме. И ни служат само да ни зафаќаат место во, и онака празните, паричници :^)
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Во Бугарија барем имавме попуст за карти за превоз, и во градскиот транспорт и во државата,а и ете на картата Бугарија-Македонија. Бараа заверен индекс да покажиш. Можеби не бил голем но сепак имаше и помагаше. А за низ Македонија не ми даваа попуст со мојот индекс. Знам дека и за железнички и автобуски превози важеше попустот. А други попусти незнам. Исто имаше некакви картички за некои бутици,јас не ја имав,ама сепак тие беа непристапни за студенти.

    А треба и тука да го има тоа,дефинитивно.
     
  4. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Знам дека со покажан заверен индекс има попусти за автобуска карта до Охрид,ама тоа само преку година летно време не важи,инаку вака со попуст е 450 ден картата.
    Во Ања пред две години знам дека во среда имаше студентски попуст со покажан индекс на цела сметка,па после тоа го укинаа па имат сега попуст од 50% на пица со покажана ISIC картичка, е сеа после некое време почнаа да се занесуваат па ако нарачаш две пици да треба да покажеш две различни картички. Исто со ISIC картичка има попусти во Шатци :)
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    ISIC не е привилегија која следува со самото тоа што некој е студент, туку сепак е картичка за која кој студент ќе плати ќе ја има. Но според мене за кај нас да ја имаш не вреди.
    Еве што ветувале кандидатите за лидери на студентите пред изборите годинава во врска со темата :D :D :D :D :D
    Се нуди од бесплатен превоз до студентска картичка за секакви попусти
     
  6. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Точно, но за нас една година беше токму тоа поради тоа што за да упишеме семестар моравме да ја купиме картичкава.
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Koja картичка ви беше задолжително да ја купите, ISIC?
     
  8. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Да, да. Студирам на економски, веројатно тоа објаснува се..
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ај преименувајте ја темава ...за пензионери.
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Се е тоа бизнис, цедење на и онака исцедениот џеб на студентите, како да имаат непресушен извор на пари. Ма баш им е гајле, битно е дека они си ставиле кеш во нивниот џеб :@ . Листата на попусти со картичката е мизерна, 90% од местата ниту ги посетувам ниту ќе имам потреба да ги посетам. Убаво си има напишано човекот на блогов
    Патем студентите имаат попуст од 50% за регистрирање фирма во централен регистар. :rock:

    Ако има некој информација за попусти за студенти, макар и краткотрајни слободно споделете во темава ;)
     
  11. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Дали знае некој дали има некои привилегии по однос на цена за студенти кои запишуваат втор факултет?
     
  12. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Општи прашања

    Знае некој/а дали македонска опера и балет имаат попуст на картите за студенти? :?: :?:
     
  13. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    ^
    Епа ај сама да си одговорам,(можеби на некој ќе му биде од корист) во МОБ има 50% попуст на картите за студенти. :)
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    За УКИМ нема ама за во Штип знам дека е бесплатно студирањето на втор факултет доколку имаш просек над 8 , 5
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    До кога важи попустот за карта до Охрид? :)
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Дали некој ја користи онаа студентска картичка за попусти да ми каже дали е воопшто исплатливо да ја извадам?
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Општи прашања

    Не знам која картичка сакаш да ја извадиш (има неколку студентски), но за да процениш дали ти е исплатливо (ако не е бесплатна) прво провери ја листата на попусти кои ги нудат. Ако си редовен клиент/гостин/корисник на повеќе места каде што ти обезбедуваат попусти тогаш може да ти се исплати.
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    За оваа картичка мислам
    http://isicmacedonia.com/page/isic-inte ... ntity-card
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Општи прашања

    Јас порано ја имав таа, но ја добив за една година бесплатно од студ.сојуз. Понатаму не ја обновив зошто мислам дека малку попусти нудат, а ја искористив само 2-3 пати за кино и толку беше. Така да истите пари што би ги дала за да ја извадам картичката, ќе требало да ги дадам за регуларна цена за картите.
    Е сега тоа си е индивидуално, па затоа реков погледни им ја листата на попусти дали ти одговара.
    Види и оваа картичка што нуди. ;)
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Аплицирав :D
    Они сега треба да ми ја одобрат така?