1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Привилегија кај децата на богатите родители

Дискусија во 'Образование' започната од hellocity, 17 мај 2018.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Дали сте се сретнале со овие неправди од средно, основно дека вие се борите за една 3 а на некој прост богат му ставаат така 5ка без труд?
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.485
    Допаѓања:
    78.329
    Пол:
    Женски
    Колку што се сеќавам, речиси сите бевме еднакви во класот и немаше деца кои потекнуваат од елита. Сите бевме приземни и за оценки еднакво се боревме.
    Би рекла, понекогаш може да има попуштање на учениците чии родители се пријатели на професорите. Или кога одат родителите да молат за оценки, без разлика дали станува збор за богато или не толку богато семејство.
     
    На kikkki и Joi им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.711
    Допаѓања:
    35.103
    Пол:
    Женски
    Попуштање имаше само кај оние кои имаа врски. Немаше во класот богати деца. Сите бевме средна класа.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Тоа е затоа што децата со позафатени родители се сите во ист клас, со најреномираните класни. Барем во моето средно и основно беше така. :D
    И тие на тие класови секогаш повеќе им се попушташе, повеќе не идеа нашколо а помалку неоправдани имаа, помалку учеа а на крај со молење пак имаа убави оценки и слично.
    И јас имам приметено дека повеќе се попушташе така по основ на врски, а и колку побогат си, повеќе врски имаш. Лично, мене мислам дека ми немаат ставано помали оценки од некој со врски што помалку знае, но на мои другарки им се има случено, за жал.
     
    На anichka94, Ketchup и Lella им се допаѓа ова.
  5. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Да во основно имаше деца на професори и вработени во полиција, па тие деца ите како имаа петки. И нормално одеа на се што организираше училиштето.
    Во средно пак децата од класот беа поделени помеѓу охридски стари граѓани и нивни видни родители, баби дедовци наспроти другите деца од селата и Струга. И така Охриѓаните беа крем.
    Секогаш е така. Сега на работа кај што работам е тоа колку селани а колку граѓани. И колку се од градот е правилно а од селата не. А кога старите граѓани ќе се најдат во тесно тогаш следува поделба на етникуми...
     
    На makedonkamak, Ana Chio и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Кај децата со родители кои имаат поголема моќ, им попуштаат. Се е од корист и кога викаат дека не е така.
     
    На makedonkamak, SummerGirl, lilo и 5 други им се допаѓа ова.
  7. RasipanaSalama@

    RasipanaSalama@ Нов член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Обично децата како тебе секогаш мислат така, бидејки се мрзливи и немат воља за работа. Според вашето мислење што сте го напишале, претпоставувам дека незнаете да си гледате за вашите оценки и љубоморите на другите деца што учат!
     
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Во мојот клас некои едвај се бореа за 2ка а други уопште не ги ни прашуваа..
     
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.054
    Допаѓања:
    26.699
    Темава е доста дискутабилна.Колку и да има или да нема демократија сепак оценки така не се ставаат.Се знае ако не знаеш 1 ќе си добиеш.Но,толку некој воопшто да не прашуваат и да имаат солидни оценки тешко.Особено во средно,тоа е ептен тешко.Од друга страна,секој треба да е инвидуален и да си гледа за себе.Тие оценки не се мерило за знаење.А,и какво е тоа „едвај се бореа“?
     
  10. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    @RasipanaSalama@ не се согласувам со твоето мислење. Има деца кои се богати и се трудат за своите оценки ама има и деца од кои сите професори се жалат ама пошто е тато инспектор на крајот имаат подобри оценки и од тие што се отепувале од учење. Значи не може од професор кој ми вика дека за поголема оценка ќе треба уште "малку" т.с. зависи што ќе дадеш јас да очекувам дека ќе ме оценува врз основа на мојот труд.

    Како можеше од цел клас само два троица да пишиме во тетратки и само јас да му раскажувам лекции за да си ги поправам оценките кај него што не знам на која основа ми беа ставени а другите да имаат петки а буквално само така да седат на часеви. Некој работи што ги гледам не ми се верни на мене што лично сведочам на истите.
     
    На Dream-Girl, SummerGirl, Ladybbc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Значи вака живеам во мало место, овде секој со секој се знае, се знаат кои се најбогати, кои богати кои средни, кои сиромашни. Има луѓе со звучни имиња, на високи позиции, богати со многу врски. Е нивните деца се привилегирани, ги уживаат сите права, секаде се први, во се и сешто. Се занесуваат и не дозволуваат другите да се истакнат во ниедно поле. Ете јас за себе велам дека имам потенцијал и сакам да го истакнам ама никогаш не сум можела да дојдам до израз од тие деца. Како што реков тие секаде во се се привилегирани и никогаш другите немаат можност да се покажат и докажат. И во основно и сега во средно, смачено ми е од битката со богатите деца. Дали да се работи за натпревари, драми, секции, конкурси, спорт, какви и да било активности тие се први во се. За оценувањето ги имаат најголемите попусти, не се цени знаењето туку презимето. Смачено ми е од тоа, не сакам да живеам во вакво општество во кои не се ценат вистинските вредности...
     
    На Worldas му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Се е со врски кој нема ништо нема овде во Македонија не ти го гледаат потенцијалот гледат ти ги парите.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RasipanaSalama@

    RasipanaSalama@ Нов член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Значи не знам зошто толку многу се секирате за другите, гледајте си за себе и за вашите оценки. Според овие коментари, гледам дека има многу љубоморни луѓе во оваа држава бог да чува...
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Не дека е љубомора значи нема правда некои со врски примаат во болници каде што имираат луѓе, а талентирани немаат работа.
     
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.054
    Допаѓања:
    26.699
    Па талентот не значи се.Пример,јас знам луѓе талентирани,ама мрзеливи.Има една статистика 20% талент и 80% образование.Талентот е основа,понатаму ти треба да го искористиш тој потенцијал.Тие со двојки ќе се влечат,оти сите немаат капацитет за петка.Ако си упорен ученик и покрај се ќе завршиш со убави оценки.Ако имаш некои многу поважни приоритети ќе завршиш со послаби.А,и да имаш врски џабе.Сите бегаат по странство и ретко некој да има врски и таму.Системот во странство е многу поразличен од овде и затоа таму не умираат толку често по болници како тука.
     
    На Dream-Girl, SummerGirl, m.i.g и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Toa e veke drug problem,vo odnos na tie so bogati i mojkni roditeli da ima,imalo i ke ima nepravdi nasprema tie od ne tolku poznati familii.
    Profesorite se obicni lugje so lizat gz poveke od bilo koj drug,pa utre ke im treba doktor,ili nekoja usluga vo institucija a ako tie znaat koj im e sin/kerka normalno deka ke im popustaat.
    Poveketo se vakvi,sekoja cest na posvetenite i dobri profesori.
    Od moe iskustvo,golem del od profesorite sakaat cestanki,pari ili nesto na gaga,duri i sami javno si pobaruvaat.

    Ama ne mislam deka ako ti znaes dobro za 5,namerno bi ti stavil niska ocena,i ne moze nekoj so bogati roditeli i znaenje za 2 da ima 5ki.
    Nekogas nervira takvata nepravda,ama ponatamu vo zivot sekoj se srekava so uste pogolemi nepravdi taka da ova i ne e nekoj problem ako sekoj se trudi i vlozuva.
    Na kraj,sepak se uci najprvo za sebe neli? Sigurno nekoj bi se istaknal so znaenjeto pred drugiov tip na gagadzii i propalici so se vlecat pokraj tatko mu policaec ili majka mu doktorka.
    *** Licen primer od profesor sto baral usluga od majka mi,nerazbirajki deka i nad majka mi ima nekoj,pa duri i dobila zakani za moja ocena zenata,ako ne mu zavrsela usluga :bandit::headbang:lizi (mooning)
     
    На Dream-Girl, SummerGirl, hellocity и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Прашањето беше Дали сме се сретнале со ваква ситуација и темата е за да се дискутира. Отворено да зборуваме за состојбата во образованието што не учи за извртени вредности а не би требало тоа да биде така. Треба малку да има свесност, барем еден професор нека се подзамисли кога ќе го прочита оваа како се чувствува личноста која е од другата страна.
    И баш поради оваа ќе има недоволно образовани личности во администрација и баш поради оваа ќе умираат луѓе во операциони сали од "доктори" со "одличен" успех.

    Чисто се сомневам дека се работи за љубомора, тоа може да го каже некој што не осетил на своја кожа.
     
    На SummerGirl, ane.bella, kikkki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Ја има оваа појава и тоа многу често, за жал. Лично сум видела и искусила уште од основно со наставничка ужасен педагог во самите први години од образованието, па сѐ до средно кога имав соученик со угледни родители и баба пензионирана професорка во школово.
    Дечково во средно дури и со полиција еднаш имаше работа, со купишта изостаноци, и се влечеше со слаби оценки преку годината. Е можда не баш ист успех како нас што учевме, ама најмалку до многу добар просек му надувуваа на крај на година. Еднаш една професорка што ја изнервира, на час пред сите му рече дека ни за деца на политичари што учеле во гимназијава (која патем важи за една од најквалитетните во Скопје) не се влијаело до толку со врски како за него...

    Е сеа, да бидеме реални – ако навистина си учиш, тоа нема директно да ти влијае и за сметка на таквите лично тебе пониски оценки да ти ставаат. Ама дека е неправда, иритира и влијае лошо на мотивација – и тоа како...
    За новиов член што тресе глупости за некаква си љубомора на такви што си поминуваат неправедно со врски, немам коментар, ама најверојатно е трол со оглед и на никот.

    Најголема вина имаат наставниците/професорите кои ја немаат ни оддалеку потребната етика за оваа професија.
     
    Последна измена: 17 мај 2018
    На SummerGirl, Ketchup, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    А ти ако си била од вторите,оние што си ја гледаат работата и учат, би научила да пишуваш не знам одвоено.

    Инаку да.. Богатите секогаш имале одредена предност,така било, така е и така и ќе биде за жал. Едноставно така функционира светот,не се работи само за Македонија. Колку и да не ни се допаѓа,реалноста е таа.
     
    На SummerGirl и kikkki им се допаѓа ова.
  20. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Кај мене у средно у клас бевме 6-7 души максимум кои имавме 5ки. Ама се докажувавме максимално. Учење премногу. И секоја 5ка што ке се добиеше, беше оправдана пошо одговаравме пред сите. Само тие 6-7 души учевме, и никад се немаше десено некој 5ка да добие ради врски. Тие послабите шо беа со кецови и 2ки, со врски максимум 3ка 4ка им пишуваа. И тоа знам ситуација кај шо родителите им плаќале ручеци по 200 евра на посредниците само ради тоа да не идат на полагање.
     
    На SummerGirl, kikkki и Feminka22 им се допаѓа ова.