1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Привилегија кај децата на богатите родители

Дискусија во 'Образование' започната од hellocity, 17 мај 2018.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.313
    Пол:
    Женски
    Ехеее и те колку.Не им се замарам дур не осетам неправда на свој грб молчам, секој учи за себе.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Боле тоа шо некои деца дома учат по 4 5 саата за петка а други така и стават петки, не е иста таа и таа петка.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не се во прашање само богати, туку оние кои имаат пријатели.
    Можам цел тон да раскажам приказни од пред 30 години, до сега.
    Кај нас, научени се сите се' со врски да прават. Во сите бранши, не само во образованието.
     
    На SummerGirl и Joi им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Како и повеќето што кажаа така и јас ќе кажам дека сите во клас бевме од иста класа немаше деца на богати родители, но затоа имаше деца на “лижачи”родители, родители што посебно на крај од година дремеа пред училница или канцеларија да “зборуваат” со класната, а уствари и под фрлаа поклончиња за да дадат на нивното дете по големи оценки, ова беше во основно,за во средно школо имаше случаи кога фаќаа родителите пријатели и честеа ручеци вечери по кафани за да нивните деца што преку цела година имаа по 8-9 единици па на крај да поминат кој на право кој со еден на полагање. Е тоа е јбг никогаш немало правда :shake:
     
    На SummerGirl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Uste ne e izumren ovoj fenomen, sestra mi raboti vo obrazovanie pa taka sto znam od prva raka.
    Vo moe vreme imase kerka na inzinjer vo klasot, potprosecno inteligentno i mrzlivo stvorenje, site odgovaravme od pred tabla, a ona od mesto da moze da si citka od knigata, kaj mrzlivo i neinteligentno, uste pa i pokraj povolnostite koi i se pruzaa na ocigled na site, da odgovara od mesto koga site odgovaraat pred tabla, placese koga nema nauceno, pa kje ja sednat i nema da i napisat ocenka, oti bila voznemirena. Nas na ostanatite ni lepkaa kecovi so postolje vo dnevnik so penkalo.
     
    На dayla, Kitten, kikkki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Од секогаш кај одреден слој луѓе постоел таков образец на однесување.
    И воопшти не се чудам.

    Кога бев малечка имаше деца кои имаа далеку повеќе од мене и кои беа деца на директори па ја имаа таа привилегија да ги носат и со службена кола од таткото-директор.

    Во тинејџерството возеа коли без положен возачки испит и за нив полиција не постоеше.

    Во студентските денови децата на ,,таквите,, доаѓаа само оценки да соберат.

    Кога дојде време за вработување, ги пополнија најубавите места.

    Но, разликата од некогаш и денес е тоа што некогаш не постоеја волку забележливи класни разлики и некако малку на број беа децата кои беа привилегирани...затоа што имаше еден градоначалник и неколкумина директори на институции...се останато беше работничка класа.

    Денес, кога постојат луѓе кои навистина ,,имаат,, и такви кои навистина ,,немаат,, секој новопечен бизнисмен и богаташ си дозволува да му го купи светот на своето дете.

    Трагедијата е што тој образец на однесување е зема замав НО и наидува на општо одобрување.
     
    На SummerGirl, kikkki, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.313
    Пол:
    Женски
    Да знам и ја се нервирав порано, ама знам дека еден ден ќе ми се исплати трудот.Они може ќе имаат во новчаник, јас ќе имам во глава.Секогаш имало и ќе има такви мезимчиња.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Неправда има во сите слоеви на општеството, па и во образованието.Таа има длабоки корени и толерантно се провлекува од некогаш, па до денес кога класните разлики во едно навидум демократско општество се драстично изразени во смисла или си некој или си никој. Еден слој граѓани се издвојува, а друг се деградира.
    Се чувствува од почетоците на запишување во основното образование кога децата треба да стекнат навики за учење, творење, осамостојување, почитување, воспитување со што ќе ги осознаат придобивките од статусот ученик. Наместо да се работи на мотивација, стимулација и поттикнување на младата популација да се изгради во образована и просперитетна младина, кај нас свесно се занемаруваат приоритетните задачи и цели и се зема во преден план положбата, позицијата и потеклото на некои ученици наместо нивниот личен капацитет и интерес.
    Логично е таквата ситуација иритантно да влијание кај оние што постигнуваат успех со труд, но немајќи друга можност единствена надеж е утехата дека знаењето секогаш вреди, па дури и само за лична сатисфакција. Поединецот многу ретко успева во оваа средина, па дури е и невозможно личните квалификации и амбиции да бидат приоритет без нечие влијание и притисок.
    Ситуацијата е доведена до степен на безизлезност токму поради партиско-политички, пријателско-роднински врски со што образованиот кадар свесно се деградира на најниски ниво, па затоа и многумина не ја гледаат иднината во земја што не ја цени стручноста, спсобноста и посветеноста на академскиот профил граѓани.
     
    На SummerGirl и kikkki им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    сосем точно. Не мора да си богат. Треба само да имап врски и пријатели од висока позипозиција - доктор директор полицаец професор.... Ужас али тоа е.
     
    На SummerGirl и crimson им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Интересно ми е како сите се изземате од проблемот. Стално 'некој друг' е виновен. Сите сме виновни. Сите кога можат, користат врски, за се'. Не знаете поинаку. Затоа и не може да профункционира правната држава.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Дојдов во странство за да учам. Морав да учам и работам, а сега веќе само работам.
    Тешко ми беше многу кога еден прост испит го положив со 6, бидејќи пред и после мин 12 часовна работа секој ден толку се може, додека деца на парајлии полагаа се со 9/10 и ми се чудеа како сум положила со 6. Немав одговор бидејќи нкогаш нема ни да разберат. Нив работа не им треба. Не го дозавршив тоа што го сакав поради истото.
    За сите други лигавења и поткупувања гајле ми било, ама ова мислам дека баш тешко ми паѓаше на моменти.
    Голема е привилегијата да го имаш школото како единствена обврска.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Иритира фактот што некои не знаат да собираат и множат, а на крај им се сите петки. Нормално, мама и тато ќе средат. А некој ќе се мачи и пак нема да ја добие заслужената оценка. Имав еден школски чиј татко беше професор во школото. Не учеше, ама на крај на година мораше да помине одличен. Тате се улизуваше на колегите. Ама секоја чест на една професорка. Пред цел клас му рече - Чиј син сакаш биди, на крај на година од мене нема да имаш петка. И не му стави петка. :clap:
     
    На makedonkamak, Feminka22 и kikkki им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Е случаи од 1,2 на 5ка на крај на година јас не сум видела, во волкава екстрема нема да си дозволи ни еден професор да отиде па не знам за кој да се работи, и да се има врски истите тие треба да се оправдаат.
    Обично сите "врскаџии" едвај за двојка се молеа, тројка е премија, а 3ки и 4ки за просек на крај самите класни ни поправаа на совет.
    Мене многу повеќе ме нервираа оние што им лижеа г*з на професорите и им беа миленичиња, што кодошат за секоја глупост и за секое договарање дали за испрашување, тест или бегање правеа проблем и класната им поправаше пола оцени и се им правдаше од изостаноци.|(
    Таквите утре ќе лепат плакати и со лижење партиски задници ќе стигнат до некоја фотеља а ти ќе се чешаш.
     
    На Feminka192 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Co0kie

    Co0kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    А јас пак се нервирав за некои што јадеа с*ање за мене, демек као сум ги „купувала“ оценките или не знам како, а јас секогаш учев и знаев кога ќе ме станеа. И вообичаено јас ќе ја допрераскажев целата лектира, ама љубоморните души, па и веќе не се грижев за нив. Знаев дека она што го зборуваат е обично с*ање и не ги слушав. Продолжив со успехот;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Co0kie

    Co0kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    А имаше една во другиот клас :rofl::lol:, која јас ја викав „школски весник/труба“ бидејќи секогаш му се лижеше на наставниците и за оценки и за се. На мојата класна и беше врв - миленик и се им кажуваше на стручната служба. Бидејќи беше пониско девојче и потешко, секогаш му се умилкуваше како маче на наставникот по физичко да и пише поголема оценка, арно ама и ја намали на тројка, а нејзините родители секој ден одеа по наставници да им ВИКААТ. И на совет - штрак оценката. И мораше наставникот петка. Имаше еден случај; значи детево кај не игра и му зборува на наставников: (инаку не спомнав дека воопшто не сака да спортува/ и седната му вели: Наставниче јас кога ќе пораснам ќе бидам наставник по физичко и нема да ги терам учениците да трчаат олку. А тој ја игнорира, ништо не ја конта, не ја слуша. А еднаш кога паднала на сред сала ја зафркаваа дека метеор паднал па се уништила салата, таа направила дупка. :?::lol::lol::lol::lol::lol: И секогаш им зборуваше на другите зад грб и на наставниците, безобразлук-отепан, секогаш сите ги кажуваше, а „нејзините“ песни секогаш беа напишани од нејзината мајка или сестра. Никогаш не знаеше да напише сама и одеше на натпревари и освојуваше места со дела на нејзините роднини. Никогаш не сакаше нешто сама да направи, а го прифаќаше како свое. За себе никогаш не знаеше ништо да каже, бидејќи таа секогаш е во право, а другите се криви. Мојата класна секогаш и веруваше иако не и предаваше бидејќи таа за сите знаеше да каже и и се умилкуваше, заедно со нејзините родители.:envy: А додека ми беше „другарка“ ме прекажа за нешто на стручната служба и не и зборував долго време. Нормално, немав ниту повеќе доверба, а и веќе не ми беше грижа. Но мојата иднина можеше да зависи поради нејзиното срање. Фатила измислувала нешто за мене и мене ќе ми го намалеа поведението. Но, за среќа, ми направија само усна опомена. Ух, сакав да и ја влепам многу силно, иако немам кренато рака на женско, но ако ја претера границата, нека очекува, бидејќи не знаат со каква сила можам да мавнам некого. :bandit:
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Видиш... и вакви проблеми може да има.
     
    На Co0kie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Да не се прајме ,, на Тошо" океј.
    Ова се случуваше и пред 25 години, во основно дури.
    Јас бев одличен ученик, учев цела година, се трудев, букавлно се што треба секој ученик да го прави, но на крајот кога го земав сведителството тие што дремеа цела година и си играа играчки има ист успех како мене. Магично нивните 2-ки и 3-ки станува и 5-ки.
    Ами, како? Епа, така убаво оти тато или мама се познати фаци као, влијателни, не се обични смртници.
    Средно да не кажувам, сите бандери магично стануваа двојчиња и сите изостаноци се бришеа волшебно.
    Сите сТречни и задоволни.
    На факултет колега една страна нр научи, само со слушалки и тате у позадина фино лепо си зеде диплома и мастер на Фон и работи во УБК с' с секретарку, сљужбен ауто, телефон итн...
    Тие што учеа нека си ја изедат дипломата слободно.
    Тоа е тоа, дно образование и држава. Полошо амин!
     
    На WildMk, SummerGirl, buba4e89 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    За жал, ова го имало и ќе го има. Најтрагично е што татините и мамините ќе станат некој и нешто. А тој што се мачел ќе си остане со прстот во уста. :x
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.