Привремените тетоважи се лош избор. Посебно кога ќе избледат и изгледаат страшно ужасно,освен тоа дизајните на привремени тетоважи се најчесто ограничени и не се многу убави. Ако е за привремена,се паѓаат у чипсови од 10 денари мали.
Мене овие ми се чиста глупост. Или стај ја трајна или воопшто не се шарај ко децана. Па посебно и кога ке почне да ти бледее и вади, грдо изгледа.
Мене не ми се допагаат привремени тетоважи. Имав многу мерак и ставив на грбот, и едно влегување во вода ( на одмор бевме ) целата избледе, но не доволно и бев шарана, одвај ја измив после тоа. И затоа си ставив трајна и сеа гајле си немам
Женски, да не знае некоја како се вадат тетоважите од смоки? На зафрканција си ставив една коска онаква ко на цртанине кучињата што ги јадат и веќе 2 недели не ми е мрдната, ни избледена, а секој ден ја тријам..
Мојата ценета приказна за мојата привремена тетоважа пред неколку години со к'на. Сакав тетоважа и си ставив таква со к'на на ногата. Се испофалив. Фалењето траеше околу 3 дена. После тоа тетоважата ми отече. Какви беа линиите така беа подуени. Ме чешаше и како ја чешав тоа подуеното стануваше како коруз и после тоа ако го скинам излегуваше гној и пак си зараснуваше коруз. Јас да сум ти била алергична на к'на и да не го сватам тоа. Мислев некоја инфекција на кожата и си ја обоив косата црна со к'на и главата ми отече другиот ден а во фацата бев како мутант. А си ставив к'на оти знаев дека сум алергична на фарба. Па, ми беше многу интересно 3 недели дома, течење гној од главата,неможев да гледам и да дишам од што ми беа отечени очите и отокот ме гушеше. Затоа си ставив трајна тетоважа и не се фарбам никогаш, ќе бидам бабиче со бело косиче
А , има некој искуство со оние тетоважи што траат 6 месеци. Имам слушнато дека и тие се прават со игличка само што поплитко се навлегува под кожа.
Минатата година имав панделки тетовирано на бутовите под задникот. Ко мало дете им се радував ама кога ќе избледе лошо изгледа.
Имам ставано во летен период на одмор, интересно ми било онака, ама сега веќе не ми е нешто многу привлечно.