1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приврзаноста на мајката и бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од barbie1511, 7 февруари 2012.

  1. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Јас сум млада мајка, а син ми има веќе 7 месеца. Во овие 7 месеца ми се има случено повеќе пати да го оставам кај мајка ми на спиење и тие да го чуваат, но денеска за прв пат не можев тоа да си го дозволам.
    Го оставив кај мајка ми и не можев да заспијам без него постојано мислев на него. Не сакам да го учам многу со мене да не си стекне таква навика па да не може после воопшто без мене (таква без јас со мајка ми и знам колку е лошо и за детето и за родителот). Преку милион пати се јавив кај мајка ми и прашав за син ми, место не ме држеше додека не си го земав.

    Па ајде фемининки раскажете и вие некоја ваква случка.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Приврзаноста на детето со мајката и обратно е логична, посебно во првата година кога детето е скоро во целост зависно од мајката, меѓутоа не чини ако е претерана. Конкретно, твојов случај - кога знаеш дека детето е на сигурно, дека е кај луѓе на кои им веруваш, нема зошто да го мислиш - мајка ти сигурно самата ќе ти се јави ако, не дај Боже, има некој проблем.

    Син ми има скоро 11 месеци без некој ден, и е многу приврзан за мене, што е логично оти најголемиот дел од денот го поминува со мене. Сакам да верувам дека ова му е само период и дека ќе се промени кога ќе почнам да работам (а планирам наскоро да биде тоа). Инаку, на секој можен начин се трудам да го учам да поминува време со други луѓе, да се навикнува на нови лица и да не плаче по мене. Камо да имав кому да го оставам на спиење - секој викенд ќе го правев тоа. Убаво е детето да се учи на независност и самостојност уште од најмали нозе, а не да се приврзува претерано за еден од родителите.
     
    На Indi96 и AIT им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.786
    Допаѓања:
    131.378
    Мене ваквата патолошка приврзаност ми е малку чудна. Ама јас сум екстремен случај, силом прилике.

    Првото излегување од дома ми беше кога детето имаше некои 3 недели - значи јас во болница бев 10-тина дена, плус дома уште десет... Тогаш живеевме кај моите, затоа што имав потреба од помош за чување. Се сеќавам убаво - беше сабота, сончев октомвриски ден, завршив со доење, излегувам од соба, и мајка ми ми вика „ајде оди на кафе, и три саати да не те видам дома!“. Којзнае колку страшно сум и изгледала :D
    Не чекав два пати да ми каже, се облеков и излегов :D Малку се мислев дали ќе плаче - многу плачеше тој период, страшни грчеви имаше. Ама знаев дека ако има проблем - ќе ми се јават, па тоа ме успокојуваше.

    Почнав да одам на работа кога ќерка ми имаше 3 месеци и една недела.
    Детето ми го чуваа моите - на смени работеа, па главно имаше некој дома, а ако се преклопуваа меѓу смени тогаш доаѓаа моите другарки, братот на муж ми... кој стигне :D
    И така си тргнав на работа, одам прв ден (излегував по 2 пати во тек на работното време за доење), и по примерот на другите мајки - колешки од работа, се јавувам дома, пошто нели кога имаш дете треба да се јавуваш дома по 100 пати дневно. Ми крева слушалка мајка ми. Ја прашувам што прават, и ми вика, еве си играм со внука ми. Ми вика, а тебе што ти треба? Викам, ништо, онака да чујам што правите. А по телефон партал ме направи, како сум и сметала, она си ја чувала внуката, јас што има да се јавувам, бла бла... Истото ми се случи со татко ми, кога он беше на смена за чување, и од тогаш на крај памет не ми падна да се јавам, освен ако се болни, па да прашам како се.

    После почнаа жени да ги чуваат, една, друга, трета... никогаш не сум се јавувала. Знаат дека ако треба нешто може да ме добијат на телефон, и толку.

    Ги носев да преспиваат кај баби и дедовци навечер од околу една година - до една година ги доев двајцата, па не можев претходно да ги оставам. Ги оставав на по некој саат, ама не на преспивање или цел ден. И до скоро ги оставав секој викенд - мислам едно преспивање и следниот ден пола ден, време кога јас излегував, чистев дома, одев на кафе, се средував...

    И работата ми е таква што често сум надвор од дома, или се враќам касно, или не спијам дома, па навикнати се дека мама е на работа. Знам дека се дома со сопругот, и нема за што да се грижам.

    Некако во последниот период повеќе ми фалат, одат на доста активности, па не ми останува многу време со нив, и некако не ми се оставаат толку... и знам дека за некоја година ќе ме откачат, па сега користам можност да поминам повеќе време со нив додека се помали :D

    За зборување на децата, ептен ако има некој бисер ќе кажам, ама тоа е да речеме еднаш неделно, па и поретко... и морам да признаам дека ваквото однесување е топло прифатено од околината - особено што на работа во канцеларијава никој нема деца, па можам да замислам колку би им било досадно да ги гушам.
     
    На mia9184, AIT, enca.69 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.010
    Пол:
    Женски
    Мој совет е неколку пати во неделата да го оставаш кај мајка ти за да не навикне на тебе. Во моето семејство има едно бебенце колку керка ми е , неможат да го остават никаде бидејки е премногу приврзан за мајка му , дури ни со татко му не сака да седи. Мајкава иде на некој курс , а ова пишти кај татко му. Јас мислам дека е само лоша навика. Треба детето да седи и со баба и со дедо , бидејки може ке треба да идеш во супермаркет , на пазар , на лекар кај и да е па ке неможеш секаде да го влечеш бебето. Ако не преку нок барем остави го 1-2 часа нека го играат преку ден. Позз
     
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Предпоставувам дека син ти си го оставила кај мајка ти онака без да имаш некоја работа и токму заради тоа и таа МАЈЧИНСКА грижа на совест :) (не мислам ништо лошо!!!) што е добро ете понекогаш малку и да се релаксираш,одмориш ,си дадеш време за себе. По книгиве за одгледување деца пишува дека токму на возраст од 8-12 месеци децата се приврзуваат за мајките односно тогаш почнуваат да го градат нивниот заеднички однос (за жал кај нас во тој период завршува породилното) и престанува препознавањето на мајката само по мирис .Тогаш децата почнуваат на вистинскиот начин да ги запознаваат родителите.
    Јас син ми прв пат го оставив на 4,5 месеци за да одам на фризер и требаше да седи 3-4 саати(се шатирав :D ),но се зезнав затоа што го оставив да го чува мојата свекрва. Само што ми ги намачкаа прамените почна да ми ѕвони како син ми плаче ,а јас во позадина не го слушам :o и почнав да и давам инструкции да го земе во раце ,да го вози во количка ,да му пушта музика,да му даде сокче... Бидејќи во следните 15 минути ми се јави уште 5 пати ја натерав фризерката да ме измие и таква мокра во сред декември си дојдов дома. Доаѓам дома и го наоѓам син ми како спие :devil: Е сега имав проблем затоа што ем син ми спие ,ем мене прамените портокалови :D Закажав пак на фризер за два дена и тогаш ја викнав мајка ми .Поучена од предходниот пат јас почнав веќе во првите 10 минути да се јавувам и мајка ми ми вика добар е спие .Си завршив јас работа и доаѓам дома и си го наоѓам детето како липта,а мајка ми ми вика Ти имаше работа и требаше да си ја завршиш ,тоа што син ти поплакал малку и не е толку страшно,сега и двајцата сте среќни ,тој затоа што си тука ,а ти затоа што си убава . После ова син ми и го оставав само на мајка ми и ич не се секирав ;)
     
    На Milobebence, LaChiquita, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Првата година многу ретко го оставав бебушот кај баби и дедовци затоа што бев убедена дека нема да ја чуваат како што треба |( :D Таква бев на почеток, сакав да биде гледана единствено на мој начин и никако поинаку, и може да се каже дека јас бев повеќе приврзана за неа...
    Со тек на време олабавив, видов дека и на двете ни годи повремената оддалеченост една од друга и сега слободно ја оставам и на подолго без проблем...Но сепак се јавувам за да прашам како е :wasntme:
     
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Приврзаноста е секако многу голема... рано е за да зборувам за моето искуство, до сега само неколку пати сум била на два три саати одделена, и тогаш паметот ми е само кај неа... џабе излегував божем да се излуфтирам и да сменам атмосфера. :tmi: :)
     
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Моето бебче е 6 месеца и некој ден од кога е родено не можам да го оставам на никој да го чува,премногу беше плачливо и само со мене друмкање,нишкање,јадење се со мене,и сега веќе кога е помирен не сака кај други ,не сака од друг да јаде ниту да го заспиват ниту на друго место сака зошто е навикнат само дома,кога и да го носев на шетање вриштеше пиштеше и престанав да го шетам и само дома,и сега сме така,се надевам кога ќе се стопли ќе шеткаме да се здружи со други луѓе,доаѓаат и мајка ми и татко ми со нив и со брат ми сака и со некој од роднините ама само додека јас сум со него,ако мене ме нема е тогаш вриштење пиштење станува
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    До пред извесен период мислев дека мојот син тешко ќе фукнционира без мене и дека цел ден ќе плаче по мене.
    Биииип.Погрешно мислење.

    Јас тргнав на работа.
    Денот пред да тргнам на работа ми беше цел ден цимолење.
    Потешко ми падна емотивно мене разделувањето отколку на бебето.
    Тој си нема гајле, да е најаден, напиен и со суво газе, па не прави проблем кој и да го чува.
    Точно дека со мене има посебен однос (се гали, умилкува, ме бакнува), но сепак не е толку приврзан за мене да не може да помине еден ден без мене.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас го имав тој проблем. Уште од првиот ден кога се роди отвори уста за плачење и ми се чини дека до 1 год не ја затвори таа уста. Никој неможеше да го земе, да го поигра малку за да јас одморам малку. Ниту спиеше ниту бога молеше а јас незнаев што е ден а што ноќ.
    За било која работа си го водев со мене или свекрвата во авто да го држи и сите со мене. А кога го оставав само што стигнам некаде одма вртење тел. а тој вриштеше и одма се враќав. Можеби е и моја грешка што не се правев на три ипол ама слушав по тел. како се дере и одвај ја разбирав што сака да каже, ми беше јасно.
    Направи 9 мес. и требаше да појдам на работа, пробав со тестови, оставање по неколку сата иста приказна. Одложив за уште еден месец и направи 10 месеци и здивев веќе и јас и решив по секоја цена да појдам на работа и по 8 сата да ме нема дома. Ме истоштуваше до коска и ослабнав многу (сега сум послаба од како кога бев девојка, 59кг а причината, неможев ни да јадам од него. Со една рака го држев а со друга до радна маса во кујна и јадев)
    Траги комедии беа, ѕвер, ниту јадеше ниту пиеше нешто додека не дојдам во 16 часот. Ајде велам еден месец додека да се навикне. Помина и втор месец иста приказна. Ми пукна филм и го запишав во градинка. И кажав на учителката што и како е работата и таа само ми кажа ,,немај гајле си имаме методи ние,,. Го оставав секој ден, одвај се откорнуваше од мене и цела градинка ја креваше во воздух. Понекогаш ми беше и срам да го носам, искрено.
    Таму гладуваше едно десет дена, цел ден ништо во уста, ниту спиеше и кога доаѓавме дома уште понервозен беше. Ама бев доста упорна и истрајна без да попуштам и да се завртам назад. И еден ден одам да го земам и учителката со насмевка до уши и ми вели почна да јаде и спие. Целата се наежив и не ми се веруваше, имаше само 1 год. и 2 мес.
    И така се социјализира со тек на време. Уште не ми е оставан на спиење кај некого затоа што нема каде а овака цел ден на гости да седи кај некого нема гајле, само да се шета некаде. Али кога доаѓа време за спиење си ја бара својата соба.
    Сега веќе порасна и голем е. Се уште мисли кога излегувам дека одам на работа и немам гајле.
    Затоа би ги советувала мајките да ако имаат можност да ги оставаат на баби и дедовци и да се учат уште од мали дека ,,мама,, не е све на свет и центар на негово внимание. Иако би кажала дека сите се различни ама малку влијание има и како ќе ги научиш уште од мали.
     
  11. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Таа приказна како јас да сум ја пишувала ,моето синче е исто голем проблем со душа чекам да се вработам и јас да го ставам во градинка верувај,не да сум ослабната станата сум зомби на човек не личам ,ни депилирано ,ни исчупано,па некогаш се запрашувам дали само јас сум мајка или има и такви како мене,моето е исто зверче малечко што цел ден сака да му одеш по газо инаку се дигаме во вис ,од друг не сака да јаде тоа е веќе испробано иако сите се обидуваат да му дават да јаде додека јас не го земам не отвара уста да јаде,за заспивање почна да се привикнува и маж ми и мајка ми да го заспиваат некако со потешкотии но барем почна некако да заспива,а да го оставам на друго место или друг да го чува тешко ако јас сум со него ок ако не вриште пиште ,па луѓе од осумдесет и косур килограми дали имам сега 45 верувајте пред да останам бремена бев 62 сега едвај 45 забе запеза сум а што не сум излегла од дома зошто вриштеше пиштеше тоа е друго и се сме затворени зошто ми е незгодно некаде да одеме а он да се дере цело време
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.350
    Пол:
    Женски
    јас сум по цел ден со бебето , мм на работа кога до 15 , кога 18 И нормално е да се приврзе за мене .. Уште е цицалче и е зависна од мене * а и јас од неа* :D :D :D
    :)
    Сега не разбира многу , може кај секој да седи во раце ... послее 10 дена од породување излеговме со мм ја оставив на мајками да ја чува , прво ја надоив добро и се вративме за 3 часа , за тоа време си спиела

    За прв пат ја оставив кај свекрвами да ја чува на подолго време * 5 часа* за да можеме да излеземее со мм.
    Поминало се добро ја чувала и дала млеко да пие малата заспала .

    некако сум скептик да ја оставам цела вечер кај свекрвата , мала е 2 ипол месеца .. не дека мн се буди ама чим мм не сака да ја оставаме кај мајкаму цела нок јас па ич :)
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Од првиот момет кога го држев синот в раце како да е тоа милионити пат.Се поврзав како таа врска отсекогаш да постоела само не сум ја осознала.А мајка и нејзината приврзаност се раѓа кога ќе се роди и бебето...заедно...
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Покасно пишувам, ама се знае кај му е местото на бебето - до мајката.

    Кај бабата би го пуштала јас, ако имам реална потреба, свадба, некој себап нешто...ама иначе, зошто да го делам? А, и бабата ќе ја замарам. Се знае кој му се родители на детето и кај му е местото. :)

    Тоа е мое мислење. А, не како што прават денес многуте родители, секој викенд бапни го детето нај баба и дедо, а тие шетај по дискотеки.
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.350
    Пол:
    Женски
    Се знае дека детето си припага кај родителите
    Јас ретко го оставам кај свекрвами , на мајками не можам да ми е блиску секако ама ете
    Пошто искрено некогаш и те како имаш потреба да си малку сам , да можеш да излезеш на момент да смениш
    А секако и бабите сакаат да поминат време со внуците па зашто да не
    Не викам секој викенд да го оставам кај бабите :|
    за да шетам по дискотеките :|
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако го оставаш детето почесто со бабите и дедовците или со жена што го чува е исклучиво за шетање по дискотеки или којзнае каде. На свекрва ми и свекор ми им го оставам кога морам да завршам нешто по дома, да направам ручек или да исчистам - а работа по дома секогаш има, особено со мало дете. Еве кај моите сме сега, па многу често им го оставам - едноставно ми треба време и за мене, да се одморам малку, да читнам некоја книга, да се средам, па и да пијам кафе со некоја другарка. Дали тоа ме прави лоша мајка?
     
    На AIT, kravce, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски

    Girl23 многу ми си полна со некакви стереотипи. Онака како да слушам некоја баба стара.
    Зошто да го делиш? Па кој вика да го делиш детето? :^) Нормално дека тоа е твое дете, но и бабата има право да си го почува детето. Нели сите имаме најубави спомени од бабите и дедовците така? :)
    Замарање за баба да го почува внучето? Никогаш! :D Верувај дека повеќе од нас имаат нерви, колку и да си го сакаш детето што е нормално, млада си и сакаш да одвоиш малку време за себе, па и да излезиш во кафиќ, со друштво малку... и не е поентата детето да биде 24 часа секогаш со тебе, па после тоа ајде да те видам излези некаде, ќе плачи ќе рика по тебе. И не само за твоја мала разонода што е нормално дека би сакала да се одмориш малку, дали со другарка или со сопругот, туку и за детето е добро да се учи уште од мало да може да седи и со други. Подоцна ќе ти биде тебе полесно и кога ќе почнеш да одиш на работа.
    Јас баш би сакала моето дете да седи слободно со моите, сестра, брат родители...
    А не како брат ми до не знам кое одделение не можеа од спална да го избркаат моите. :D
    Никој не вика секој викенд да ги оставаме децата на бабите и дедовците па ајде по дискотеки, но може да се направи исклучок, и глупаво ми е да каже дека местото му е само кај мајката и крај.
    А кога ќе им притреба помош или нешто не им е јасно, тогаш ги бараат постарите.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Лакримоса, имам одамна увидено дека јас и ти имаме скроз различни мислења низ сите теми, но дали тоа значи дека ова моево се стереотипи, а ти си модерна? |(

    Убаво напишав, иако знаев дека ќе имам реплика. Секако дека бабата и дедото ќе го почуваат, сакаш да излезеш да се видиш со некој, сакаш во шопинг, на пазар, на свадба, ај да не набројувам.
    Јас само напишав дека не ги оправдувам оние мајки (а, ги има) кои буквално секој викенд се излезени по дискотеки, а детето е дома. :^)

    Затоа, треба однапред да се знае дека кога ќе дојде бебето на свет, не може да биде се исто.

    А, за приврзаноста. Многу повеќе е поврзано бебето кон мајката, отколку обратно. Бебето е немоќно, зависно е од мајката. Кој и да го чува, кој и да го држи, моментот кога бебето ја здогледува мајката, кажува се. :)
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Да не се лажеме, а и да не им продаваме лажни идеали на идните мајки -
    НЕ, нема да осетите моментална приврзаност кон бебето....
    НЕ, нема да знаете што сака, зошто плаче, дали тоа ќе има некогаш крај....
    НЕ, нема да осетите не знам каква поврзаност се` додека тоа бебе не почне на било каков начин да има интеракција со вас, било насмевка, било гугање кога ќе ве види

    ДА, нормално е да го осеќате како туѓо, иако растело 9 месеци во вас....
    ДА, нормално е да ве фаќа страв и паника дека можеби недоволно си го сакате бебето, а стереотипите и приказните низ светот го кажуваат токму спротивното - дека вие со вашето бебе треба да сте ЕДНО...
    ДА, со секој поминат ден, ма и со секој поминат саат, вашиот однос ќе добива смисла, една и единствена :)

    Оставете времето да помине....врската не започнува со сечењето на папочната врвка, многу деца своите мајки ги доживеале со посвоителите, не со мајките кои ги носеле. Макар и да го чува самата, природната мајка која не знае да вложува во својата љубов со детето, нема никогаш да има поврзаност, затоа што таа НЕ ДОАЃА АВТОМАТСКИ.

    Ама после некое време, ќе сфатите зошто постарите мајки велат дека љубовта кон детето е уникатна и неповторлива :l:
     
    На Kaetana, JuLleE, macence85 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.350
    Пол:
    Женски
    Се е тоа во ред . јасно е дека е голема поврзаноста на мајката со бебето
    Јас сум тазе мама па знам како е кога бебето не е до мене , пример сум го оставила на пола саат кај сопругот да излезам да се видам со пријателка во секој момент размислувам на детето , што прави , дали плаче , да не е гладна иако пред половина час сум ја надоила . Ама сепак Мајка :|

    Ама пак јас сум цело време со моето бебе , по цели денови сопругот работи до 18ч некои недели , некои до 15ч и јас сама по цел ден ...
    И да средам дома , да расчистам , со бебето обврски ... Работа цеееел ден колку сакаш :nod:
    Е кој и да е би посакал барем на миг малку одмор. А искрено бебето и така после 20ч спие да има кој да ми го почува со задоволство би излегла со сопругот пр би отишле во Кино, на вечера , Со пријатели на пијалок итн ... Приврзаноста е иста Ништо не менува :shake:
    Бебето и така си спие , не гледа дека мама и тато на 2 часа не се дома
    Само оној што има дете може да го потврди тоа А оној кој не може само да погодува како е и што е !
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.