Моето јас така си го чувам 24/7 што би рекла владата хехехе,шега на страна,значи не да е приврзан со мене ептен значи не спие ако јас не сум до него гушната ниту преку ден ниту преку вечер,сега е голем 11 месеци ќе пуни уште малце годинка ама пак си е истиот лигло како и порано ништо нема сменето,е сега мене малце ме нервира тоа,ќе се надоврзам на тоа зошто се нервирам,некни со маж ми бевме на свадба и го оставивме моите да го чуваат,тој си играл некое време па му дошла бртучеткичка на гости и ајде со неа се ок,дошло време за спање моите го заспале арно ама научен да се гушка само со мене никако не можел да ја прифати мајка ми и нон стоп додека сме биле на свадба на секој 15 минути плачел и мајка ми го држела во раце и пак плачел,исто се случува и маж ми кога ќе е дома ако случајно треба да се избањам значи маж ми ќе легне до него за да спие тој не спие плаче ме бара мене,значи ептен голема приврзанос јас воопшто немам време за себе цело време го посветувам на него,толку не ми пречи кога немам некој обврски ама како некни за свадбата ми е стварно криво така што бабите и дедовците се зафатени со работа и не можат да го причувуваат за тој да се навикне малце со нив за навечер зборам преку ден нема гајле цел ден нема да спие кога го чуваат зошто ја нема мама да си ја гушне ама веќе чим му се приспа навечер одма рикање пиштење за да ме гушка ,никогаш не сум излегла дискотеки да шетам а и немам потреба кај сакам да одам и него го водам не гледам дека ми е товар напротив ептен ми е другарче се навикнав на него,ако сум без него како и тоа што го правам да нема смисла,не знам кога ќе треба да барам работа и да одам некаде да работам како ќе е зошто ќе мора и во градинка да оди,а ептен голем инаетчиа е
Што да се прави кога некојпат едноставно мора да е така. Еве, мојот сопруг е на работа до 17 часот. Кога ќе дојде дома, да се среди, да руча, ова она ќе фати 18 часот. Потоа малку ќе ја подржи, ќе си играат а набрзо излегувам да ја шетам или заедно ја шетаме. Таа си легнува рано, но сеуште знае да се буди и да плаче да бара да ја галиш и секако мора да сум покрај нејзе, некојпат и сопругот тоа го прави. И како да не се приврзат? Некојпат вријам од нервоза од аспект на тоа што ама навистина имам потреба од време за себе, по цел ден дома средувај, обврски, и слично, а некојпат тоа за сопрузите изгледа како ние дома по цел ден да си лежиме. Во смисла на тоа, јас бев на работа а ти си дома, ако ме сфаќате што сакам да кажам. Некојпат ја држам во раце и читам нови теми или нешто на нет да читнам и сигурно ако некојпат имал потреба да види во историја си рекол бреее на компјутер седи а нема време.
Јас порано речиси секој викенд ги оставав, имам претходно пишано, од сабота вечер до недела попладне, и да, речиси секој викенд одев по дискотеки. Ова беше време кога детето се дружеше со бабите и дедовците, затоа што преку недела и нема кога, а и се навикнаа да спијат на друго место, дури и уживаат. И јас едвај чекав да спјам кај баба ми кога бев мала, и имам многу убави спомени од тоа време, па зошто да им го ускратувам времето поминато со нив на моите деца? Значи сабота вечер ги остававме децата, и право седнувавме некаде, па продолжувавме по дискотеки. Ни требаше дружење со луѓе, социјализација, тоа ни беше издувен вентил. Недела сабајле се наспивавме - единствен ден во неделата кога можевме да се наспиеме, сабајле чистевме дома, и попладне одевме на ручек кај што ни се децата. Ем на готов ручек , ем да си ги земеме децата, ем да се видиме со родителите.
Како викаат никогаш не вели никогаш! Јас секогаш сум се чуедела како ги учат овие деца да сакаат да седат само со мајките, и не го одобрував тоа. Е сега се заврти приказната Со ќерка ми се чуваме од сабајле до 17часот и скоро секогаш сме сами. Неговите родители живеат под нас но не се добри со здравјето и не можат ни за кратко да ја причуваат. ММ кога ќе се прибере ручаме, се гушкаат си играат но сум приметила дека ако сум и јас и он во видно поле знае да закемка по мене. Затоа јас се кријам Кујна, спална, бегам и ги оставам сами. Кога е времево нормално ги терам да поседат во двор без мене или да прошетаат. Е моите родители се друга приказна, кај нив обожава да седи бидејќи и ги тераат сите ќефови. Често им ја оставам на неколку саати а на преспивање одиме заедно бидејќи е уште зависна од доење па не сакам да им правам стресови и нејзе и на нив да им плаче цела вечер. Вака коритото под мишка и им одиме на гости, ја бањам и успивам и после сум слободна за да излезам вечерта. Кога ќе потпорасне уште малку сакам да ја научам да преспива кај моите за да малку и ние здивнеме. Како што напишала Ариел, зошто да им ги одземеме на децата спомените од преспивањата кај баба. Набргу ќе дојде време да се оди и во градинка па преголема поврзаност според мене би била само проблем за детето.
Во целост се согласувам со Лакримоса и Моира! Ке се земам себе си за пример бидејки и мајка ми као и многу други сакала детето до нејзе и толку ,недај боже да се раздели од него(сва срека што на работа иде/ла па не сме биле 24/7 заедно).Баш ради таа поврзаност уште од мали нозе постојано сум научена да си бидам до мајка ми и татко ми , и ја денес на 25 год на одмор кога идам сама плачам по нив (и да ,знам дека не е нормално тоа) а не па да треба на подолго време да сум одвоена.И после се чудиме и ги викаме дечковците мамини синови и девојките татини мази.Па нормално дека ке бидат тоа коа уште од мали се научени мама и тато и толку.Не викам дека е во ред да го забаталиш детето и што господ ке му даде да го чуваат ојлевци-дојлевци ама зашто да не го научиш уште од мало на некоја самостојност,самостојност во смисол на тоа дека постојат и други луге на светот освен мама и тато.Да,вистина е дека на детето местото му е до мајка му и татко му ама зашто па да му се направи тотална алиенација од баба и дедо или чичко и вујко.Па нема бре да го изедат тие луге ако го земат на ден два и им е мерак да го почуваат и прошетаат.Па се се случува во животот не може постојано да сме до нашите. Пр.од моето детство...Кога беше конфликтот 2000и не знам која моите мораа да ме остават кај роднини бидејки знаете скопје имаше бунтови и немири па им беше страв а тие не можеа да заминат со мене ради работата.Ме испратија кај роднини во друг град ,абе со денови се искинав од плачење.Тоа беше прв пат да сум разделена од моите и мислам дека беше дојден крајот на светот.Па ете тоа не е разделба ради желбата на лугето да шетаат во диско или да чистат или време себе си да си посветуваат него реално потребна разделба а сите дома ја доживеавме ко кој знае што да е ,ко во најмања рука никад поише нема да се видиме.Е па верувајте траума е и за едните и за другите. Така да ја сум ЗА да го оставиш детето кај блиски луге и на неколку дена без разлика која е причината ,затоа што така ке почнеш да му создаваш чувство на социјализација и дружба со други луге,а не постојано во скут да ти седи и мирна глава со мислата ја сум најдобра мајка на светот затоа што детето не го оставам по други лугје него цело време си е со мене. Братучетка ми на свекрвата секое лето по цело лето и ги оставаше децата бидејки свекрва и има прекрасна куќа во Охрид па зашто децата да седат во Скопје на 50 степени да се куваат кога можат таму да си бидат со баба и дедо на убаво на плажичка да се прчат и во вода да се бањаат.Според мене тоа не ја прави лоша мајка затоа што ги оставила на друг него баш напротив и јас кога би бирала боље да ме остават така него да квачам тука на жешко, а мајка ми и татко ми да доагаат секој викенд. И мајка ми ,иако немам деца сеуште, од време на време кога си збориме за такви работи стално ми вика леле керко коа ке имаш деца колку ке ги шетам, колку ке ги чувам , ке ги носам по одмори ке научам да пливаат и многу други работи кои би ја направиле срекна како баба која е дел од животот на нејзините внучиња.Па зошто да и го ускратам тоа задоволство само ради тоа што некој мисли дека местото на детето му е до мајката или за да не ме зборат дека го оставам по други луге да ми го чуваат. Фактот дека детето по цели денови квачи до тебе не те праи добра мајка само затоа што ете дома ти е ,а ти можеш и да не му обрнуваш внимание. Мајка те праи фактот дека кога сте заедно целосно му се посветуваш,но и дека си доволно разумна и свесна дека во неговиот живот постојат и други луге со кои треба да се зближи и да ги осети како свое семејство.
Сеуште е мал за да плаче да ме бара....ама разбира да се смее кога ќе ме види ако цел ден претходно не ме видел. (кога сум на факс, или кога беме на свадба, ете во неделата бев за битола на натпревар - попладнето кога се вратив тоа беше играње и смеење неописливо)
Јас прв пат го оставив на неколку саати кога имаше само 2 недели кога имаше неполни 2 месеци се вратив на работа и од тогаш го оставам по 2-3 саати ( во приватно школо сум и имам многу кратко работно време ) и тогаш го чува мм. Го имам оставано и кај мајка ми, сега следни за чување тренинг ни се свеки
Ние од самото раѓање па до денес, не сме делени никако. Се чуваме претежно сами, бидејќи тато работи во странство и повеќе време од годината е таму. Ние две сме скроз сами, и немам никаква помош околу неа. На почетокот беше тешко, но се навикнав на тоа темпо на живот. До сега ја имам оставано кај мајка ми неколку пати и тоа на 3-4 часа максимум, ако сме требале да одиме на некој повод како роденден/веридба и сл. Не сум ја оставила за да излезам или за да средам нешто по дома. Многу сме поврзани и каде и да одам по собите, секаде оди по мене.