Често ни се случува на нас луѓето да чуваме предмети, некои за кои сметаме дека можеби истите ќе ни притребаат некогаш, односно ќе им се најде некаква намена, а всушност се случува токму спротивното и можеби се даваат некому или се фрлаат.Колку долго време чувате некакви предмети? Сметате ли дека е сосем непотребно тоа и само претставува натрупување на одреден простор?
Многу ретко да се приврзам за некој предмет премногу реткои тоа може да биде на месец два после по старо не фрлам предмети и облека ги чувам за секој случај ама не дека строго се приврзувам
Имам едно кутивче,празно малецко,од 7 години не давам да го чепнат моиве,а па не дај боже да го фрлат,тогаш се живо и диво ке испоубијам
Воопшто не се врзувам за предмети, ниту за мобилни, ниту за новчаници, привезоци, како што знаат да прават поголем дел од луѓето... дури и некое омилено парче накит кога ќе се скрши или ќе го изгубам, нервозата ми трае кратко и веднаш испарува. Баш пред некој ден си мислев, имам само една шолја за кафе, си ја купив далечната 2007 на одмор во Египет и ме врзува за едно безгрижно време и преубави спомени. Тоа е еден од ретките предметите кои најдолго се задржале во мојот живот како што сум си трапавка и не обрнувам внимание, и уште ја имам и секојдневно ја користам. И многу ја сакам. Е само за неа несомнено ќе ми биде мошне криво кога ќе се скрши, зашто ќе дојде тој ден, кога-тогаш.
имам едно ланче со мојот хороскопски знак и не го давам никој да ми го чепне, два пати ми се скрши и пак си го залепив
Незнам дали сум приврзана кон нив или како.Но знам дека многу предмети кои знам дека ми се непотребни,но сепак си ги чувам дома.Секогаш си мислам дека ќе ми притребаат за нешто,па добро е да си ги имам.Е до кога ги чувам додека мајка ми не ми ги фрли
Ух тупан ми иди да си мавам, ептен се привурзувам па се чувам...и банални работи тоа смеа е, кога би видел човек што се сакам да зачувам .
Не се приврзувам кон предмети, тоа е минливо. Единствено сум поврзана (емотивно) со шал кој генерациски наназад се носел и е рачна изработка. Се чувал многу, си го пазам и сега, па и си го носам.
Имам многу работи што ме потсеќаат на личности. Алки, прстени, саат, блузи, дуксери, парфем, ластици за коса, обувки, дури и долен веш.
Имам многу такви работи. И многу е глупо што се приврзувам ама таква сум.. Сентиментално сум врзана за парчиња накит, а никогаш не ги носам. 4 години користев еден телефон, воопшто не ми беше корисен последната година, купив нов, и еве веќе 4 месеци ги користам двата. Сериозно ... Глупо е, во новиот имам сим картица и се што ми треба, нов е, и батерија држи и се си е во ред ама никако да го оставам стариот, постојано го полнам и го шетам со мене, а ништо функција нема, само онака си го чепкам.
Не. Ич. Не ми е проблем да фрлам било што, дури и фотографии. Порано се приврзував, сега ми е доволно да си ги имам сеќавањата во главата.