Приготвување на брокула...Се јаде ли свежа?

Дискусија во 'Рецепти' започната од kikuuus25, 8 декември 2009.

  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.725
    Пол:
    Женски
    Јас брокула многу користам во исхраната,како варена во супа,барена како прилог и свежа во салата.Мене најубава ми е свежа ,во салата од цвекло,морков,јаболко и брокула на ситни парчиња зачинети со маслиново масли и оцет балсамико.
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    32
    Убава ми е во салата во која додавам и компири и моркови (сите обарени), може и грав од конзерва и зачинувам со црн бибер, лимонов сок и масло.
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    136
    Брокулата ја обожавам...барем еднаш во неделата ја имам на трпеза...Ја обаврувам зашто имам проблематичен желудник и ја сецкам ситно после , ја посолувам , малку оцетче и зејтин...уффф :inlove:
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    2.761
    Пол:
    Женски
    Mногу ја сакам брокулата ,обично ја додавам во супа во било какви јадења каде има компирчиња ,многу е полезна за здравјето.
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.644
    Допаѓања:
    15.539
    Пол:
    Женски
    Не јадам брокула. Не ми е вкусна.
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    15.473
    Пол:
    Женски
    Ја сакам брокулата,но поретко ја приготвувам во храна во која доминира.
    Ја ставам во супички,во мусаки,во печени компирчиња,сармички.... :)
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.787
    Пол:
    Женски
    Гледав еден да кажам рецепт на јутуб за печење на брокулата. Се сече на парчиња, се става во тава се става масло и зачин сол, може и некој друг по сопствена желба, се пече 15 минути на пониска температура, се вади од рерна и крцка... би сакала да си направам, ме интересира дали ќе ми се допадне.

    Не знам за тоа дали се јаде свежа, ама варена, печена, пржена може :rofl: :rofl:
     
  8. Ane.a

    Ane.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Еве јас како си ја правам по еден рецепт : 2 главици брокула, свежи шампињони, едно парче стек и хопла за готвење.Ќе си ја исецкате брокулата ,шампињоните и стекот на парчиња и ке ги ставите даа се варат околу 20-тина минути,после тоа ке ги ставите во тава за печење ке им ставите сол, бибер,мозе и малце кари ,ставате и парчиња маргарин и го преливате со хоплата за готвење и печете на 200'c.додека не се згусне смесата ,мммм :D
     
  9. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    221
    Ја обожавам :)
    Обично ја јадам обарена неколку минути, со малку сол.
    Денес за прв пат направив омлет со брокула .. прекраснотии :inlove:
     
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.284
    Може да се јаде свежа.
     
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    82.098
    Брокулата е речиси секој ден кај нас на масата....ја јадеме со сласт...
    Секогаш ја обарувам во вода во која ставам сол(еден вид на хигиенска постапка,значи да ја фати едно вриење)
    Ја спремам како салата ,за нас ,а богами и за гостите и сите ја фалат.
    Значи прво ја обарувам.
    Кога ќе се олади ,ја сецкам ситно,додавам урда-изварка,рендана краставица,толчено лукче и толчени ореви.Фантазија!!!
    Пробајте,нема да се каете.
     
    На Mayyya, bittersweet, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    62.146
    Пол:
    Женски

    Да се надоврзам на рецептот твој :)
    Јас ја обарува ја испасирувам додавам павлака, рендана краставица, малку лукче,и мајонез за вкус !
    Прекрасна е пробајте :)
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.433
    Допаѓања:
    10.042
    Пол:
    Женски
    ^ Јас сега во 11 часот ја правев :rofl:
    Стрвла невидена . Стетоскоп фала на рецептот :up:
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.749
    Допаѓања:
    71.624
    Пол:
    Женски
    Јас ја обожавам како салата. Брзо и лесно се приготвува, а верувајте дека уште побрзо ја снемува од чинија. :lol:
    Прво ја обарувам, па откако нели ќе ги разделам китките додавам вегета, магдонос или босилек, ситно сецкано лукче, малку масло и оцет.
    Преубав вкус добива, да не можеш да се изнајадеш.
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.289
    Допаѓања:
    9.215
    Пол:
    Женски
    Јас си ја јадам така, без ништо. Купувам замрзната (инаку сум читала дека замрзнатиот зеленчук и исто толку добар како и свежиот, заради што е смрзнат веднаш после берењето и не се губат многу витамините). Си ја оставам да се одмрзни, и лепота... крцкај си :)
    Е сега, шо сакав да кажам а девојките кои внимаваат на килограмите. Брокулата е одлична за слабење затоа што има таканаречени негативни калории. Тоа значи дека, ќе јадете, и ќе ве засити, но бројот на потрошени калории при обработката на самото јадење е поголем од бројот на внесени калории со јадењето на брокулата.
    На пример, 100 гр брокула има, да речеме 30 калории, ама организмот ќе потроши 40 калории за да го свари и обработи сето тоа (бројкиве не значи дека се точни ама од прилика). Ем сити и најадени, ем трошиме калории... јеееееееееее :D
     
  16. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    12.760
    Како помала воопшто не ја сакав. Ми имаше некој грд мирис.
    Ја јадам и свежа ( прво со жешка вода ја измивам) па, сол, масло, киселина и што ќе ми се фати при рака дали нане или босилек обавезно.
    Инаку во супи скоро секогаш кога правам, ставам :)
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.889
    Пол:
    Женски
    Мене свежа ми е многу вкусна!Ни најмалку не ја сакам во туршијата!И во супите исто така!
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    21.503
    Вчера јадев свежа брокула, измешана со друга салата, одлична е. Инаку скоро секој ден варам неколку ситно сецкани моркови, сецкан компир, и брокула и после им ставам едно пакетче супа. Ептен е вкусно. Инаку сум слушала дека најдобро е да се јаде свежа бидејќи така сите витамини остануваат во неа, инаку ако се вари за чорба да се вари кратко, само неколку минути.
     
    На Purrinn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Joi

    Joi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.967
    Мене па ич не ми е убава варената брокула. Многу сакам жива да ја јадам, особено во салати. :D
     
  20. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.441
    Пол:
    Женски
    Си купив брокула. Денес направив супа со неа, утре некоја салата ќе пробам, па ќе пишам.
    Зоврев вода, ставив една коцка супа без фиде, по 3-4 минути ја ставив предходно измиената и ситно здробена брокула и по 1 минута го тргнав тенџерето од шпорет. Не е воопшто вкусно, нареден пат ќе ставам помалку колку да не ми биде водена супата. Здраво е и добро за диета, па ќе си ја изедам.