Форумџика на годината 2020

Придружба

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од yawn, 13 април 2011.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    694
    Дали имате потреба од друштво секој ден,секаде,во секој миг од денот?
    Како се чувствувате или би се чувствувале ако одите сами на кафе,во шопинг,на прошетка?
    И што е тоа,што го имаат оние девојки во себе кога чекорат сами,со главата горе,обземени од некоја друга мисла и го игнорираат светот?
    Јас лично,кога сум без придружба најчесто сум со наведната глава и гледам побрзо да завршам.
    Индивидуалност е во прашање или нешто друго?
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Па понекогаш е потребно. Мене искрено за шопинг многу ми е потребно..па неможам сама ко тутурутка да се шетам по продавници! :)
     
  3. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас без придружба исто како тебе одам со наведната глава и многу се срамам. Кога сум без придружба никогаш не би направила некои работи кои ги правам кога сум со другарките. Како на пр. кога одам на школо сама одам со наведната глава и се имам чувство дека сите ме гледаат и сите ми се смејат, а пак после кога ќе одам на голем одмор со другарки целата се смеам ко ненормална и не ми е гајле ми е што мислат другите за мене. Многу ми е срам и сама да одам во продавница бидеќи целата ќе се усрамам пред продавачката и ќе се избрукам. Но кога одам некаде со моите родители се чувствувам исто како да сум без придружба и повторно одам со наведната глава и се сраммам :) :D
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.198
    Допаѓања:
    49.486
    Пол:
    Женски
    Со придружба. Ова ми звучи како во старите времиња кога дамите не смееле да мрднат без придружба и кај и да оделе морало да има некој со нив. Глупости. Обожавам да си шетам сама, да си размислувам на раат, не знам тука што има срамно. Знам и да отидам да прошетам, ако ми падне нешто во око да си го купам... Придружба, пих.
     
    На srcekrsacka и kate21 им се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    5.148
    Јас обожавам повремено да си се шеткам сама. Кога одам во шопинг секако дека сакам да имам придружба да коментираме заедно парчиња облека, ама не ми е многу значајно. За излегување исто. Воопшто не ми е срамно, ниту пак чудно да си излезам сама преку ден, навечер, на шанк, со кафе или скопско. И никогаш не сум си поминала лошо.
    Исто и по дома. Немам потреба од бејбиситинг, некој постојано да е крај мене да ми прави муабет.
    Можам сама, можам и со придружба. Ама преферирам да не ги тормозам луѓето кога можам и сама да излезам. Баш си кулирам кога си се шетам сама, посебно ако е убаво времето, слушалки во уши, идила! :)
     
    На srcekrsacka, kate21 и lovely91 им се допаѓа ова.
  6. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    694
    Ви завидувам каква самоувереност имате ,па да можете навечер да излезете сами во кафичи или диско и да си застанете онака машки на шанк.
    И јас сакам,ама ете таков ни е народот,полн со стереотипи (во овој случај) "Еј види сама дошла,нема другарки и никој не ја сака" .
    А всушност сакам да пробам нешто толку интересно и поразлично.
    Ете зошто многу пати жалам што сум од Македонија :)
     
    На srcekrsacka и sadangel им се допаѓа ова.
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Да навистина, во другите земји кои се понапредни секако, девојка и да излезе сама во некој кафич нормално е, а кај нас во Македонијава еј па оваа се мрднала -.-
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    5.148
    ^ Откако еднаш ќе пробаш и ќе видиш дека не е страшно, ќе ти се допадне. ;) Ако немаш храброст за вечерно излегување, излези си на кафе сама, секако дека не мора да седиш на маса, шанкот е сосема удобен. За менталитетот да, јас дури сум и од среден по големина град, ама не планирам да се лишам од дејтот со своите мисли заради нечии стереотипи.
     
    На srcekrsacka и sesilija им се допаѓа ова.
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    На шопинг никогаш не одам сама. И си имам една најдобра другарка баш за таа „активност“, секогаш е искрена во однос на тоа што ми стои, што не, ја бива за правење комбинации, па си одиме заедно на шопинг.
    И на кафе никогаш не одам сама. Кафе сама пијам само дома, ама во кафич секогаш сум во друштво.
    На прошетка ми прави друштво Тара, пекинејзерката моја, ама немам проблем да одам сама некаде.
    На факултет одам и се враќам сама, не сум тип на човек кој е зависен од друштво. Дури на почетокот воопшто никого не познавав, а дури до ден денес и во веце си одам сама :lol: Немам потреба од придружба.
    На фитнес, аеробик и такви некои активности имам одено сама и немам проблем со комуникација со непознати. :)
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Па за повеќето работи да сакам придружба. Сама на кафе, во кафич, во ресторан не. Дома ќе пијам кафе, ќе си останам дома ако немам друштво за излегување, во ресторан одам само ако е договорам со друштвото и родителите а секако за се друго имам дома фрижидер и шпорет па ќе си јадам домче како и речиси секој ден :)
    Освен сум доручкувала неколку пати во Вегера сама, првиот пат мислев сите ме гледаат, после тоа не ми беше ич важно :wasntme:

    А за шопинг знам и сама да прошетам, порано срам ми беше, сега не. Ако треба некој да чекам ќе шетнам и сама а и во строг центар работам и знам често да свртам некое кругче и да разгледам низ продавнициве. Е сега ако речам утре одам на шопинг ми треба тоа и тоа, е тогаш си барам друштво.

    Али кога идам сама не гледам по други луѓе никогаш, си гледам во излог, си гледам напред и тоа е тоа.
    Се насмевнувам секогаш кога ќе видам ама девојка оди низ трговски како газела на модна писта, самоувереност до даска :)
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.320
    На шопинг претпочитам да сум сама, кога имам другарка со мене не можам да се сконцентрирам и плус не сакам да гњавам некого да треба да ме чека додека пробувам и да ги трпи моите хирови.
    Сум си седела и сама во кафич, додека сум читала списание или весник и баш ми било пријатно.Сама и сум јадела во Мек Доналдс, за некој друг ресторан не се погодило, ама би седнала сама во секој случај.
    Некогаш ми е многу пријатно некои работи да ги правам сама, па дури и обично шетање на кеј каде што обично се иде во друштво.Не знам зашто шетате со наведната глава ако сте сами?
    Е за во диско сепак мислам дека не би отишла сама, односно не кај нас.
     
    На sesilija и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.198
    Допаѓања:
    49.486
    Пол:
    Женски
    Јас сум седела сама во кафана и сум читала книга :lol: Добро, околностите беа такви.
    Порано филм ми беше сама на шанк да седнам и да си пијам. Нормално, потоа секогаш се наоѓа друштво, натаму, наваму :) Ама прошетките ги обожавам. Така сама, со музиче, си го пуштам мозочето на пасење, си ги средувам мислите. Обично кога сум нервозна шетањето ме смирува. Но, понекогаш си треба и друштво, брборење, смеење :)
     
  13. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    168
    Сама одам до школо бидејќи сите другарки седиме на различни страни и преубаво ми е. :)

    А инаку постојано си имам придружба или дечко или другарки и така не е лошо. :$ Досадно е без овие две највредни нешта за мене. Но некогаш кога сум нервозна или стварно не ми е денот, не ми е потребен никој од нив и сакам да сум сама.

    Сум размислувала многу пати зошто никој кај нас не седнува сам на кафе, освен постариве, но од мојава генерација не можам да видам ни еден. Додека на филмовите или пак во странство сето тоа е нешто најнормално и вообичаено.
     
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    268
    воопшто ама воопшто не ми е срам и немам потреба од придружба посебно кога станува збор за шопинг! значи никоја другарка на светот не можи да ми помогни ни грам во облекување само би ми сметала.. и друго немам срам да се шетам сама баш ми е убаво сега не на кафе да одам сама бизарно би било но за шетање скоро секогаш кога си бегам од школо сум сама и најубаво ми е и најбрзо си одам дома не да чекам некој да се влечкам по пат и слично ... 8)
     
  15. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    283
    Неколку пати сум седела сама во кафуле и искрено со сласт си го испијам кафенцето,за сопинг да не ни станува збор па тоа ми е најубаво со музика со ми е4и низ усите си купувам и купувам си пробувам узивам интересно ми е со другарки ама некогас сакам да си откацам така сама и не никогас не сум се срамела незнам не гледам прицина па бас тогас си дојдам до израс и одам слободно како дома со си одам,тоа ти е Македонија сто ке реце народот мене ми е побитно јас сто ке казам и верувајте никој нема ни да збори ако зра4ите со позитивна и самоуверена енергија, да не сум се родила со некој а и не ми е јасно како тоа ни до продавница сама да не отиде некој без придрузба е тоа е стварно глупост и на крај краева Македонија е таква зосто самите ја правиме таква да е,ке сум се срамела сама како да не
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    Уф НЕ, за шопинг пак најмалку.
    Дури и ме нервира, мразам и да сум нечија придружба, а пак најмалку сакам некој до мене кога си пазарувам.
    Преферирам сама да си одам во шопинг, на пазар, едноставно си се опуштам и релаксирам, нечие туѓо присуство посебно во оваа активност страшно ми оди на живци.

    Многу пати сум се нашла во ситуација кога ми се оди некаде или на нешто и никој не сака.
    Ниту секунда не сум обесхрабрена, ма одам сама.
    Сум била неколку пати сама во кино, на промоција на неколку книги, на изложби...

    Поголем дел од времето шетам сама.
    Не сум од оние кои гледаат надвор убаво време и почнуваат да вртат телефонски броеви.
    Јас излегувам.

    Не ми треба придружба ни за до вц :lol: , ниту за да стигнам на некоја журка.
    Дури претпочитам сама да си доаѓам и одам.
    И тоа е веројатно една бенефиција од животот на дете единче.
     
    На srcekrsacka, sesilija, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.470
    Ме иритира заеднички шопинг.
    Да дремам пред гардероба и да чекам некој да се пресоблекува. Или пак да ми виси некој врз глава да побрзам со пробување. |(

    Немам потреба од секојдневно друштво. Работите кои би ги правела со придружник/придружничка можам и сама.
    Ме исполнува кафе и книга сама, па колку и да изгледам осамено и лудо. Мене ми е убаво и сакам да си поминувам време сама со себе.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    Секако дека сакам придружба, настојувам да сум постојано со друштво, ако некаде излезам сама се чувствувам осамено и не ми е убаво.
    Поубаво ми е кога одам на шопинг со другарки, а не сама. Позабавно ми е. Истото важи и за пиење кафе, иако тоа можам и сама да го правам, кога сакам малку да се одморам и да размислам за нешто.
    Само кога сум нервозна преферирам да сум сама, излегувам да прошетам и да си ги средам мислите.
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    838
    Ама ИЧ не ми е неопходна придружба, за шопинг најмногу. Имам една другарка која е одлично друштво за шопинг и толку. За се` е позитивна и насмеана, за нокшир место шешир да се фатам ќе се радува.

    Имам едноставен, classy, женствен стил и само јас го имам во мојот круг на пријатели и познаници. Све се помодарки (скопска "мода") или алтернативен народ и јас малтене штрчам. И ми е гајле. Еднаш носев висок струк панталони, кошула во нив пикната, каиш и високи штикли и се осеќав ко да ќе полетам од што си се бендисував, испофалена бев кога излеговме, а дури ги купувам нештата -ова? многу е обично бе... |(

    Порано вриштев сама во кола кога ќе сум, си пеев ко ретардирана или муабет сама со себе, сеа си се возам на раат.

    За кафич или шанк ич неам гајле, си имам седено Пјаца сама со чоколадото и весникот и не ми чуе. Баш сама на шанк ми се имаат лепено момци. Не мислам дека е трагично, сама шетам низ град со носот во облаци и уживам во себе. :)
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.044
    Допаѓања:
    4.779
    Обично одам сама секаде, но несигурноста и стравот се поголеми. Додека да стигнам од мојата населба до Центар, мислам дека срцето ќе ми излета. Низ Центар е истата приказна, но можеби некогаш ќе се занесам во шетањето и не мислам на ништо.
    За да продавница тука маалска одам сама, многу јасно, но ако е веќе подалеку одам со некој, бидејќи како што напоменав населбата не ми е ич сигурна.
    За шопинг одам сама. Секогаш велам дека кога одам сама можам да влезам во која сакам продавница и да ја поминам онаа во која не сакам да влезам.
    За јадење исто јадам сама низ центар, а на кафе одам често со брат ми и тоа ако сме во близина или пак ако треба да пешачиме уште многу па го терам да се одмориме.