Јас сум многу друштвена и социјално-отворена особа, па многу често сум во друштво. Но некогаш (посебно ако треба да си завршам некоја работа) тргнувам сама затоа што така сум попродуктивна. А сама на кафе...? Досега не сум го направила тоа нешто. Не знам ни дали воопшто некогаш би. Балкански менатлитет.
На шопинг и на кафе никогаш не би отишла сама. Не затоа што се плашам дека некој би стекнал погрешно мислење и би добил впечаток дека немам друштво туку бидејки подобро се чувствувам кога ќе искоментирам одредено парче облека со некоја другарка или кога ќе седнеме на кафе-муабет. За на друго место никогаш не ми било проблем да одам сама...
Зависи кога каква потреба имам за социјализација. Честопати знам да си сама завршам работа па потоа ако сретнам некого успат или се јавам на некого за кафе. Одамна расчистив за заеднички шопинзи, неодлучност, дремење и сл. едноставно ме вади од контакт или успешно се справувам со тоа на едноставен начин ,,ти заврши тоа а јас ова и ќе се најдеме таму,, .
сум била сама на кафе и тоа не еднаш, неколку пати...кога сум била во град излезена и не ми се идело дома, а во моментот никој не можел да ми прави друштво - кој е на работа, кој спие....и така на ул. Македонија лепо фино, со капучиното до мене - за мерак! мислам дека одбивноста да седнат сами луѓето у кафич е типично балкански комплекс, се разбира има и такви кои не можат да пијат кафе без друштво...ама повеќето мислат дека е резил да седнеш сама.Воопшто не ме интерсирало дали некој ќе помисли дека сум осамена, мрдната или чудна, или па интересна. Ми се пие кафе-го пијам, без разлика дали сум со некого или сум сама. И кога се чекам со другарка некаде (навечер на пијачка), во случај да касни, влегувам, седнувам и нарачувам и таму ја чекам А! да додадам, и на шопинг преферирам да идам сама
сакам да сум во друштво но не постојано, понекогаш сакам од све да се одморам и да бидам малку сама изолирана.. иначе сум друштвена особа која е секогаш спремна за добар совет и разговор..
Добар дел од времето уживам да сум сама...Постојат места на кои исклучиво одам сама...На пример шопинг - нема шанси некој да водам со мене, посебно ако сум излезена по облека...На доручек одам најчесто сама и за тоа време го пуштам мозокот на пасење и кулирам...Не сакам гужви и присуство на некои ликови кои шират негативни вибрации...Не ги можам едноставно, ниту дома да ми дојдат, ниту па да отидам негде со нив...Не би излегла навечер сама и не би отишла на одмор сама, а би сакала Најдобро би се одморила да заминам скрос сама на одмор... Сабајлево си направив една мала прошетка, скрос сама и многу добро се чувствував - си размислував длабоко за многу нешта, си пешачев полека, правев по некоја слика со телефонот, бидејќи околу мене беше многу убаво итн... Овој период посебно ми е напорен и стресен и ужасно ми треба одмор...Ваквите изолации што ги правам останувајќи сама на моменти, ми пријаат дефинитивно... Мислам дека темпераментот има многу улога тука, а кај мене дефинитивно и фактот што сум дете единче...
леле луге ме изнасмејавте,без придружба кога биле оделе со наведната глава аман бе па не сме у 15 век па морало придружба да имаме ја одам исто и кога сум сама и кога сум со друштво разлика во моето одење нема..ако ми се брза брзам а ако не ми се брза,немам потреба да брзам поради тоа што сум сама,смешки..кога одам на шопинг повеке сакам да одам сама,не дека не одам со другарки у шопинг одам и со другарки,и сама,ама кога сум сама ги обрнувам продавниците од почеток до крај не пропуштам ништо и кај сакам ке застанам ке пробам,а со другарка тргни,па се уморила не и се шетало више,па ај да седнеме на кафе,па ај морали да пробуваш итн..е на излегување у кафич не излегувам сама,би се осекала безвезе незнам,нашиот менталитет е таков сите би те зјапале и би се прашувале девојкава шо бара сама само двапати имам искочено сама у живот,еднаш после еден мој роденден правев журка дома ама муабетот беше после да идеме у кафич,и почнаа сите да откажуваат искачањето,доста било да си иделе по дома итн,јас се изнервирав и викам кој ве шиша отидов сама,и таксито и си излегов сама отидов у еден кафич кај шо излегувавме тоа време и си влагам сама цапара-цупара,за срека видов едно другарче на шанк и правец кај него и еднашка на одмор у охрид,друштвото нејкеше да искачаме повеке сакаа да седат и да играат карти и една вечер ми пукна филмот а викам играјте си вие ја идам,та у охрид сум не сум у менхетен,ке сретнам некој познат,и си се дотерав и правец чаршија,направив кругче и сретнав една колешка од факс и продужив на диско со нив. е сега и двата случаја се на 20 годишна возраст отприлике,сега богами не верувам дека би постапила така..стара сум више
Зависи од моментот и ситуацијата. Сакам да сум во друштво, но не ми пречи да завршам некои работи сама. Многупати ми се случило да одам сама на шопинг и воопшто не ми е чудно. На кафе не сум била сама, не за тоа што ќе речат луѓето, повеќе затоа што ќе ми е досадно сама така да си седам. Инаку сум седела така сама на клупи, ми било потребно малку време сама со себе, да размислувам...ништо страшно. Никој не те сакал, си немал друштво...мене ми нема смисла вакво размислување. Си имал потреба, си отишла сама. Како може да значи дека никој не те сака, а секојдневно те гледаат опкружена со луѓе?? ... нема врска.
Подобро е во друштво дефинитивно. На кафе сама не одам, на шопинг ако итно ми треба нешто одам сама, на прошетка...па не би го нарекла прошетка кога одам кај некој сама. Кога одам сама не одам со наведната глава, но одам мн брзо за разлика кога ќе имам друштво густирам.
За шопинг НЕ! Неможам да влечкам некој со мене, да ми праи фаци, да ми превртува очи, или да ме убедува за нешто. Сакам да сум сама, кај сакам да влезам, што сакам да пробам, да не се брзам! Секогаш одам сама да купувам, добро и со сестра ми, со другарки никако... Сама излегувам на прошетка кога сакам, сама возам точак... е сестра ми ми се чуди како сама сум возела точак 100 пати ми е поубаво сама, зар и возење точак е групна активност? Сама знам да седнам и да јадам некаде, Мек Доналдс, Вегера, некое ресторанче... немам проблем за тоа. Сама на кафе немам седнато до сега, уствари си седам затоа што секогаш сум точна и наместо да дремам пред кафич ги чекам другите седната со нарачано кафенце Би отишла и во диско сама! Сигурно ќе запознаам некој
за шопинг порано или со другарка или сама (поубаво ми беше сама отколку некој да ме убедува или брзи) сега со дечкото....за кафе па во последно време не сум ни имала можност да излезам сама тука па да идам во кафич....и не ми е воопшто срам да шетам сама...
Не ми е потребна и не ја сакам секогаш. Јас обожавам да сум сама понекогаш, да шетам низ улиците на градот, да се губам сосема сама, да земам книгата, ќебето и да си легнам сама во парк, да ја земам книгата или весникот и да седнам сама на кафе во некое тивко ќоше и лезетски да си го испијам истото...за шопинг ми е најубаво сама, барем побрзо завршувам се. Да, без другари е тажно и другарството е важно, ама знам да си поминам и квалитетно време самата со себеси. Некогаш ми е тоа и те како потребно и да ви кажам право, не дека се фалам ама многу сум супер друштво
Придржба зависно од целта. За шопинг кога треба за себе да купувам мразам да одам со некој друг (тука ја исклучувам мајка ми). Нема проблем да дружам некого, ама едноставно поубаво размислувам и бирам кога сум сама и оставена на раат. Понекогаш е преубаво да си отидеш сама на кафе, и покрај тоа што во Скопјево те гледаат ко од Господ мавната. Јас имам обичај и во кино да си отидам сама, посебно во Кинотека на Македонија едноставно зошто ми е убаво да си уживам и сама. За на кеј на пример за трчање сакам друштво, за возење не. Ете близначе само си менувам.
Искраено , сама не сум навикната да правам ништо. Обично секогаш сум опкружена со луѓе и така сум навикната. Не сакам да бидам сама, ми годи на моменти да , ама поубаво ми е со неој кога сум.
искрено не ми смета ако немам придружба да излезам сама ако имам потреба да купам нешто, ама за излегување на кафе или во кафичи како што кажавте менталитетот ние таков кога некој ке излезе сам е одма мрднат а во другитте земји тоа е сосем нормална ствар.
Да за шопинг порано немаше шанса сама ..Сега се навикнав сама дури кога одам со ДеЧко ми ми смета неможам на раат да разгледувам и му имам кажано поубавко ми е сама.. А за кафе па и кафе сама можам да пијам не ми смета
Секојденвно не, но сакам да одам со другарки на кафе на прошетка мислам дека треба да си подруштвена малце
Зависи од ситуацијата . Претежно сакам за придрузник да си ја имам мислата ,таа најдобро ме дружи и не се лути ако ја ставам во втор план За шопинг мразам да имам некој до мене ,мразам да се консултирам и воопшто да разговарам околу тоа ,ме нервира кога некој сака да ме премисли околу некое парче на пблека или било што . Не ми е срам да влезам в кафич сама ,ниту да седнам на кафе или на ручек/вечера/појадок ,сеедно ,ако ми е денот за дружба ,ок ,ако не ,гледам да не се форсирам претерано
За шопинг скоро секогаш одам сама, да можам на раат да си разгледам низ продавниците што ме интересираат, без некој да ми труби да мрднам (иако за разлика од многу жени, јас сум муња за шопинг). За прошетки такоџе. Веројатно сум навикната што поголемиот дел од времето шетам со кучето, па и не ми треба некој вистински соговорник за да биде убава прошетката. Кога не сум со него, турам слушалките во уши и пат под нозе. Е за на кафе сум малку терсене, би пиела сама на место каде што го знам персоналот, ама вака не би (освен ако не носам лап - топ со мене, па да фурам „бизнис“ фазон ). Кафето секогаш ми е резервирано за минимум уште една личност.