Придружба? Па најчесто преку ден може да ме забележите сама. Или го шетам кучето, по некое кругчиште околу населба, од оние чисто-онака прошетките, каде што движам без да се упатам никаде. Инаку сум пробала да го шетам и со другарка, и таа со својот пес - ама не бива што не бива, моево е многу темпераментно рипа, се тегне од ланец и бревта со јазикот исплазен до земја. На шопинг евентуално одам со мајка ми, која најчесто ме остава на пола пат од што ќе ја заболат нозете - а јас сакам да си шетам, да си пробувам по 10 парчиња облека од една продавница, да си гледам, да анализирам, небаре коњ купувам. Инаку сама, најчесто. Шопингот ми доаѓа како една убава психотерапија, и вреди повеќе од една сесија. Се препородувам отпосле, и затоа многу ми значи да не ми суфлира некој од страна, па да ми сугерира друга продавница а мене не ми се излегува од таму каде што сум влегла, да ми квичи како сум голема ципидлака за една маичка само. За вечерни излегувања ме пука некогаш желба да си заседнам на шанк сама и да се самоопијам, но незгодно ми е, мора да правиш муабет некому, или да го закачаш шанкерот. На кафе до сега, никогаш не сум била сама, а и кога ќе седнам некаде, да почекам некого ми е многу досадно и глупаво и зјапам цело време во телефонот или наслушнувам туѓи муабети.
Најголем дел од времето придружба не ми треба.Јас сум од оние девојки што ги опиша авторката, со главата нагоре, „го игнорираат светот“.Таква сум не затоа што сакам, туку затоа што морам.Моментално, немам асални другарки, немам дечко, а немам ни домашно милениче за да си го шетам со мене Така да, јас сум one-man show, т.е.one-woman show!Само за на кафе ми изгледа премногу патетично да сум сама.... , па секогаш има некој со мене
со другаркиве со кои се дружам, сите живееме на различни страни од градот(освен едната што ми е најблиску до мене, ама да излезеш со неа, треба и тоа како да се испотиш за да ја убедиш) и затоа поретко се гледаме, најчесто сум сама-освен за шопинг што ми прави друштво мајка ми, ама на мене ако нешто ми се бендиса-собирам пари и го купувам а наместо момчето да ми правеше друштво за низ град, прошетки и сл, требаше време за убедување-типично домашно милениче -добро за Нова Година што ми правеше друштво, оти незнам што ке беше од мене, сите пијани како што беа и не ми е воопшто незгодно, ниту со наведната глава сум-минатата зима малку ми беше срам, и излегов сама во еден кафич на кеј, а приметив дека му се допагам на шанкерот, наместо да го дружам, си отидов -менаџерот на кафичот ми се доближи, а не бев баш многу расположена,затоа -и да, имаше шушкања види ја сама е, и др. глупости, ама игнор.За женско е малку поризично да се шета низ парк, на Водно да пешачи или на кеј, ама те опушта, и релаксира-особено низ парк собирање цвекиња а тоа дека ми се случило некој да ме следи, тоа да па коските да ми се тресат од страв , ама затоа трчање или брзо одење секогаш на помош а сама во кафеана не би отишла, оти на дама не и доликувала сама да шета по кафеани, а и какви се кај нас кафеаните а во диско би, зошто да не
Нема да лажам и ќе кажам дека некогаш да, срам ми е да шетам сама, ама многу пати сум се нашла во ситуација кога проклето сум сакала баш тоа да го направам, да шетам сама, без некоја посебна цел, да излезам на улица и да бидам сама со мислите, без никој да ми смета.Во тие моменти не се осеќам непријатно, баш напротив ми годи дружењето сама со себе. И во шопинг сакам да одам сама од причина што кога сум со некој секогаш ме брза. и да, пред некој ден за прв пат седнав сама на кафе, баш за тоа што сакав да бидам сама и си поминав ок. Незнам, не забележав некои шушкања и такви работи. Во главно не ми е проблем да шетам сама без придружба
На кафе не би одела сама, на прошетка и шопинг ДА зошто да не.Човек понекогаш едноставно има потреба да е сам. Инаку секако, секогаш пред да излегувам, на другарките и дечко ми им нудам ако сакаат ако можат ако се слободни,да ми прават друштво.
Јас во принцип не сакам сама да шетам никаде но се е навика не можам секаде и на шопинг и низ град и на трчање да имам друштво дали сестра ми,мајка ми,дечкото а понекогаш и другарка,а за на кафе никогаш не би одела сама,ако е за сама и дома можам сама да си пијам кафе.
На мене постојана придружба ми е син ми. Без него не одам никаде (освен во одредени случаи). Понекогаш придружба ми е и маж ми, ама после 19 часот.
Мислам дека сепак се работи за индивидуалност и тоа како луѓето си ги гледаат и сваќаат нештата. Лично јас на кафе да одам во град сама ми нема смисла а исто и на шопинг доколку не е тоа нешто итно.За прошетка океј ми е сама ќе излезам да си ја излуфтирам главата или можеби ќе си го земам кучето и сл. Јас сум доста прилагодлива личност се навикнувам на различни друштва така да не го земам во обзир тоа дека ако тој/таа не оди и јас не одам дома ќе седам што ќе правам сама таму,отприлика се распрашувам кој оди и одам јас
Почесто сум без придружба отколку со придружба и убаво ми е. Не сакам да зависам од никого и да го чекам ако треба да одам некаде или да направам нешто, често се случува да зезнат па да пропадне се. Само кога излегувам на кафе имам задолжително придружба, за сите други активности можам и сама.