Признавам дека многу ми недостасуваш... Цел месец без тебе, скарани, но ми недостасуваш како првиот ден...
дека сакам да одам далеку далеку од овај пекол ми го скршија срцето но морам да се борам мора да учам и да успеам кој знае еден ден кога најмалку очекуваат сите ќе заминам од тука како некогаш што планирав
Добро,признавам. Страв ми е од нова врска. Почна да ми е страв од мажите. Признавам дека треба да баталам се што е зафатено во мојот свет и да си најдам слободен маж. И признавам дека ми е тешко да почнам одново.
Пред другарка ми се правам дека ми е сеедно ако зборуваме за него, но признавам дека ужасно ме боли ..и кога праиме муабет за него тие солзи во очите не ми се од „алергија од сонцето “ туку од тага.. И признавам дека сеуште го сакам.. билдерче мое
Признавам дека требаше да соберам шлајм и сите можни гнасни мрсули ( исто така признавам дека би сакала при таквиот чин да имам барем коктел од птичји грип и полесна форма на бронхит или бронхопнеумонија ) и да те плукнам право в лице!!