Признавам дека...ми недостига бендот,во моментот малку ми е криво што неможам денес да свирам со нив ...но како и да е,мајмногу си ги сакам.... и еве и песна,оваа ја свират од мене вечерва http://www.youtube.com/watch?v=WHW80HbAnKs
Признавам дека ги потрошив парите што ги чував да му купам поклон на дечко ми за роденден ,и си купив чизми
Признавам ме нервира ама онака крвта ми ја зоврива,но си траам,си траам но еден ден кога ќе отворам уста ехеее не знам што ќе се случи.
Признавам дека претерувам со благото..ахх кај ми е крајот..после измачување додека да ги симнам вишокот килограми.Сама сум си крива!!!
Признавам, темни мисли ме маваат Да, да... ми доаѓаше на моменти да го одвлечкам во некое потемно катче од паркот.
Признавам, ми треба онаа втора (и понежна) половина во мојот живот... Веќе извесно време немам таква.
Признавам дека сакам да избегам некаде далеку,каде сто никој не познавам и никој не ме познава мене...ах би било толку убаво...да заборавам на се и на секој
Признавам дека се уште не ми е дојден паметот дека сеуште сум наивна и проста.Признавам дека многу им верувам на лугето.Признавам дека не се научив да им лепкам директно во лице на луге кој го заслужуваат тоа,едноставно неможам.Се допитувам за совет од друго лице како да и одговорам и како да и кажам ке се засилам и се ке назборам но ништо од тоа,едноставно неможам.За саат време се заборавам и се опростувам.Признавам во тој однос сум многу голем слабич се плашам да им се спротиставам и да им назборам а па тонот да го повишам нема шанси.Така ке се нервирам и плачам ама нема ништо одвет да си дадам.
Признавам со цело задоволство би му правела секакви палави и непалави работи, ама нема. Пре би да си каснам од задничето
Дека сум гладна како вол и дека 70% од јадењето што се готви сега ке го смачкам сама, а после ке се жалам дека ми се гади од што сум прејадена.