признавам не можам беееез тебееее, не можам без тебееееее, подобро убиме убимеее , но не оставајмеееее..... така си ми дојде
Дека сум електро зависна деновиве од Крафтверк. Не знам што ми стана, веројатно фрекфенцијата ми е таман. Поздрав со песнава, и онака ова време само такви светилки светат. http://www.youtube.com/watch?v=KqmGZ_6L ... re=related
мислев дека сте ми другарки зошто сите се завртевте против мене ете признавам дека јас тоа го правам само за да ме забележите и да ме прифатите а вие одма ме нападнавте без да ме ислушате
Признавам дека и мене ми се случува истото. Не ме нервира се, туку на крајот на денот му текна на мојот дечко да ме нервира и ајде ќе се нервираме. Признавам дека има моменти кога ГО МРАЗАМ(како овој сега) и сакам да го нема во мојот живот. Признавам дека има моменти кога му благодарам на Господ што го има во мојот живот. Признавам дека сум многу проблематична личност, многу избувнувам, а потоа се каам за тоа што ќе го кажам. Признавам дека.. немам веќе што да признаам.
Признавам дека ќе е потешко отколку што мислев. Секој почеток е тежок,тоа го знаев и претходно...Но,не мислев дека ќе заглавам баш сега кога е потребно да сум таму. Ама тоа е кога сум тврдоглава и кога не слушам други. Дури сега сфаќам дека погрешив што дојдов!
Морам да си признаам дека ми е криво шо не се тепав како мала. Требаше да корнам коси и да мавам недифинирани боксови. Бившио за време на една жестока караница ми кажа: Не ти е лесно и на тебе, рано влезе во пубертет, касно ќе излезеш! Признавам дека можеби е во право и можеби цел живот ќе си бидам во пубертет. И признавам дека многу љубам да трескам врати и да си имам другарче за карање. Некој заинтересиран?
Признавам дека не успеав да чекам да излезат сите епизоди Хаус и да ги глеам сите заедно, иако тоа беше првичната одлука. Признавам дека бев грешка во врска со некои луѓе во мојот живот кои стварно ме почитуваат и сакаат. Признавам дека убив два-тројца сабајлево и то је то... ништо сериозно.
Признавам дека сум љубоморна кога ќе го видам уклучен на фејсбук. Глупост знам. Ама морав да го исфрлам тоа од мене.
Признавам...сакам пак да треперам,некој да ме гушни,да ме заштитува,да ме сака и да ме цени онаква каква што сум.И да не ми припишува измислени работи.Признавам СЕ НАДЕВАМ!
Признавам дека колку и да е убав животот, има денови кога ми е доста од се и од сите. Признавам дека колку и да ја сакам мајка ми,понекогаш морам да ја излажам.
Признавам дека понекогаш сакам да сум порешителна...посигурна и да знам што сакам а не вака како мало дете ем не ја давам коската ем не ја глодам !
Дека одобрувам смртна казна. Дека понекогаш ми е смачено од своите сопствени дилеми ,а не пак да гледам други фаци како ми се милат за совет ,ама од атер ги прибирам под моја закрила сите тие со статус проблематикус. Дека се мразам што не можам да одбијам некого кога ќе ми се накани на гости ,иако сум испланирала сосем десетти средби и настани. Дека се почесто и почесто се наоѓам себеси задлабочена во автопсихоанализа ,што ме исцрпува и полудува. Дека се мразам бидејќи како што иди времево станувам се поискрена со луѓево ,скоро и да заборавам на тактизирање. Дека немам храброст да ги откачам сите наводни пријатели ,пак од атер. Ах бреее ,не рекле стари за џабе - атерџија чоек да не се роди!
Признавам дека ич не ми е гајле што сега моментално ја јадам последната ресана. Море секога кога размислувам гајле ми е (смајлиштосигрицкапрсти). Ништо ај.