Признавам дека сум сеуште наивна,искрена и голем другар сто пати си реков нема повеке да сум добра но ништо од сето тоа.Признавам дека денар неможам да задржам во џеп. Признавам дека избувнувам без потреба на моменти сум лоша спрема тие кој не заслужиле. Признавам со потреба и без потреба плачам.
Признавам дека вчера ми беше тешко и незнам како успеав цела вечер да не ти се доближам. Тешко ми беше што после цела недела од мене доби само насмевка и едно насила кажано здраво... Си се чудам како успеав да се изборам со твојата сексипилност. Толку многу сакав да ти се фрлам, да те бакнам, да си направиме муабет.. Ама, за памет нека ти е. Нареден пат внимавај што ми кажуваш и што правиш. Можеби денес ќе бидам по мека, сепак ти си тој..
...дека ми фали многу, многу, најмногу и сакам само да ме гушни силно и да ми се насмее само ... (ама ќутете важи? ) и дека сакам да одам некаде далеку, каде никој не ме познава ете тоа сакам
Еве ја признавам тука пред сите дека секад кога му давам овошни кашички на братчето мое и ја си каснувам од нив - Братска делба !
Признавам дека знам шо треба да направам, а не го правам тоа признавам дека незнам а уствари знам со кој човек треба да останам а не сум со него....поради долга навика со некој друг...поради тоа шо ми плаче...поради тоа шо не сакам да го повредам....незнам шо да направам.....уффффффффф ужасно ми е...можеби па проблемот е во мене...а можеби и не е...можеби треба да си признаам декатој другиот е мојот најдобар избор...
признавам...дека ми фалат моите мноооогу.....и дека ми се јади една пица кватро формаџи сега од костарика....и дека ми треббат едно 500евра да си ја обновам гардеробата.....и дека многу сум правела мн грешки во мојот живот за кои се каам нормално.....и така
Дека ми треба мир и одмор, дека немам спиено веќе 3 дена, дека сите оставија се на мене и јас морам сама да завршувам иако не сум во МКД. Дека ми фали гласот нејзин, и дека ме нервираат извртени луѓе, и приказни од фазонот рекла - кажала.. аман жени!
Признавам дека во последно време НАМЕРНО не јадам, зошто мислам дека изгледам предебело, а за сметка на тоа ја подлажнувам мајка ми дека не сум прескокнала ни еден оброк! шејм он ми.
признавам ... ми недостасуваш, иако сега нема да биде како порано.. подобро ќе е .. се надевам дека си среќен, можеби во таа среќа еден ден и јас ќе се најдам (заедно со тебе), мило ми е што ако не друго барем другари останавме ... признавам(ова се однесува на сегашниот).. фала за убаво поминатата вечер, навистна знаеш да ме насмееш, да ми докажеш дека ме сакаш, но нешто недостасува... признавам дека ќе се потрудам да те сакам исто како што ме сакаш и ти мене .. ти тоа го засужуваш .... признавам... да јас кажав, не беше намерно, едноставно ми се испушти ... мразам коа јазикот ми е побрз од умот