Признавам дека и завидувам на мадамстефи.Бери пари најверојатно од некое дрво, си купува нов автомобил штом ќе и здосади од стариот, секоја недела патува во различни држави, јаде во елитни хотели и ресторани...уште да каже со која позната личност се бањала во исто џакузи и ќе пукнам од мака
Омг. Признавам дека умрев од смеење кога ја видов најјаката феминка мадамстефи! Абе да. Она има 16 и работи, патува низ цел свет, носи маркирана облека, а уствари е неписмена. Искрено, признавам дека ми се умира кога ќе видам некој толку беден. Ало бе, анонимен форум, кој го боли уво дали ти патуваш, се шеташ, береш пари од дрва? Небитна си. Он топик: Признавам дека ме фати жал за љубоморната ми другарка. И дека ми се јаде а само што јадов..
Признавам дека понекогаш сум bitch. Дека устата неможам да си ја контролирам, и често кажувам работи кои не ги мислам навистина.. Исто признавам дека понекогаш го мразам цел свет и ми доаѓа сите да ги убијам, сите ме нервираат (ПМС) се надевам дека ме разбравте.. И дека ја го искршив прозорецот у школо последната недела пред распустов.. и така
Признавам дека се разочарав ко ја отворив темава и мислев ќе признавате некои убави работи,а тука пак исто се напишано за некоjси трол.Признавам дека ми е смачено од вакви расипувања на темите Признавам дека сум повторно заљубена во него И го сакам уште повеќе!И дека многу ми фали! Признавам и дека не ми се учи,а морам сега пак да се активирам и тоа салам!
Признавам дека многу се жалев,барав кривица таму каде што ја немаше... Ги обвинував останатите,бидејќи се плашев од зборот hardwork. Бегав,се криев од зборот и сакав да ме следи успех... А сама знам дека не оди така. И да.Дури сега признавам дека има нешто оптимистичко во мене,нешто што се надева дека целта не е далеку. Признавам дека конечно по толку време ја чуствувам старата јас во себе.
Признавам дека сум неописливо тврдоглава и колеблива.Во овој случај затоа што не ја ставам љубовта пред гордоста и не го правам првиот чекор.Сакам да знаеш ама не сакам да ти кажам. Амаааан!
признавам манипулирам со нас понекогаш,,,и признавам го искористив сексот во саботата за да ја средиме расправијата...признавам со тебе сум злобно едно мало човече признавам го добиваш само најлошото од мене ги гледаш само лошите особини во мене,,,,признавам мислам дека не ја заслужуваш добрата јас...а заслужуваш па мн подобро од ова...признавам себично те држам за мене ...а треба да те пуштам....признавам не сум само јас виновна но носам голем дел вина...и признавам непромислена сум..ок е ми олесна малку се испопризнав
Признавам... и дури сега сфаќам дека понекогаш сум многу инает ( и кога не требало ) И признавам не ми се учи поќе! Ама ќе дочитам па шо сака нека е!
Признавам дека се успав вчера ми ставија минус како мене голема, признавам дека се успав и денес, ама не ми ставија минус хуху, признавам дека сум угоена 6 кила, ама си мцкам од што стигнам. Признавам дека со органзиација сум 0!
признавам дека многу грешам , и најлошо е што сум свесна за тоа а упорно го правам . Се зачленив во форумов само за да можам од време на време да си се испразнувам и да си кажувам што ми лежи на срце затоа што поминувам низ еден лош период а немам со кого да разговарам затоа што незнам повеќе на кого можам да му верувам. Признавам дека се што ми се случува си го направив сама , признавам дека од самиот почеток знаев дека не е добра работа а продолжував упорно да го правам тоа , и признавам дека незнам што да правам
признавам дека јас бев таа што го скрши прозорецот и омилената вазна на мама вежбајки тае бо но брат ми е мал,сигурно играјки си мавнал со нешто јас се правам улава,траам си
Признавам дека е време за диета,но никако да се решам од кој ден да почнам. Признавам дека сум наивна и го занм тоа ама не можам да се сменам.
Признавам дека ми се плачи да се изнаплачам и да продолжам да го живеам животов понатаму. Скиснав веќе.
Признавам дека неделава се изнашетав и не се прибрав дома, а повеќе не смеам тоа да си го дозволам, премногу си го трошам времето на глупости.Признавам дека вчера и денес и плеснав се во фаца, и се си заслужи... И уште една работа, признавам дека тој е сеуште во моето срце, а денес ми покажа дека и јас сум во неговото