Признавам дека уживав во моментот кога седна до мене, покрај кеј и се исклучивме од реалност и секој разговор беше осмех. Признавам дека се држам на блага дистанца. Признавам и дека посакувам уште да ми ласкаш. Признавам дека ненајдената средба кај Сергеј со Клеопатра ме раздрма и ми погоди многу (иако сум суеверна) или бев. Признавам дека не ми се оди периодов од Македонија преубаво ми е. Признавам дека го сакам животов ја сакам и нејзе, моја лична копија..
Признавам дека му турив рицинус во кафето, за да излезам вечерта со другарки. Признавам и ќе му кажам и директно, нека си пукне од мака. Ако не заборавил... дека го стегна толку силно што 3 дена со ред морав да излегувам со другарки!!!
Па добро сега стави му и Дијазепам па уште 2 дена ќе спие и ако имаш среќа и викендот ќе бидеш со другарките.
Признавам утрово ќе пуштев неколку солзи кога не можев да им докажам дека сум во право и кога се почувствував мала,ситна . Признавам се разнежнив кога видов како разделен стар пар пак се бакнаа страсно како некогаш.
Признавам дека неможам на ништо да се сконцентрирам. Признавам дека свесно си го е*авам испитот, ама не можам против тоа. Признавам дека ме вади од такт една работа. Признавам дека мислам дека се ќе зае*биме. Признавам дека не сакам да ми зборуваш за тоа. Признавам дека многу го мразам Скопје моментално. Признавам дека сум многу неодговорна и се мразам поради тоа. Признавам дека сум кукавица и сакам да избегам од се. Признавам дека ставам ѕидови околу мене и се понашам како кучка од страв. Признавам дека кога сум најладна и бесчувствителна, всушност се вришти во мене. Ова е моментална ситуација, а за нешто постаро признавам дека јас бев таа што му плати 100 денари на ѓупчињата да ја малтретираат и да и ја креваат сукњичката на една низ корзо во најголемата гужва во петок навечер.
Признавам дека не им давам на луѓето шанса подобро да ги запознаам туку ги проценувам според муабети што не е добро!!!( но, многупати сум била во право! )
Признавам дека месецов ме дотолчи Замислете си едно ѓаволче со име Јуни, има голем чекан во рака и ме дрецка по глава секојдневно
Признавам, тој има бебешко нежни и меки раце. И дека прекрасни муабети се редат. И дека широко се насмевнувам кога ќе ми пушти порака. Признавам, ми смета дека е колку мене висок. И дека не ми е многу симпатичен. Ама признавам, сакам да си го имам за пријател и да пијам кафе со него, бидејќи навистина е интересен и забавен и едуциран и паметен. Признавам, убаво ми е сингл, 9 месеци гајле немам.
Признавам дека ми е страв да почнам нови работи. Признавам дека многу гледам серии а ми штетат во реалниот живот. Признавам дека јадам многу благо и на секои 10минути одам до фрижидерот
Признавам дека сум незадоволно ѓубре... Признавам дека колку и да имам секогаш ми е малку... Признавам дека му ја изедов душата... Признавам дека треба да ме остави и да фати џенем од мене... Признавам дека сум лик кој го нема ни на филмско платно... Признавам дека сама себе би се оставила, и никако не ми е јасно како еден ден не пресече и не ме здрма, можеби и ќе се освестам, ама признавам и дека знам дека нема... Признавам дека и за се сум свесна, ама неможам поинаку...
Признавам дека сум инаетчика.Признавам дека сум многу горда поради што ја трпам оваа болка.Намерно не му се јавувам,да видам дали ќе има знак од негова страна,но се гледа дека и тој тоа го чека.Но нема шанси прва да направам чекор па нека пукне!
Признавам дека сум голем инает. Признавам дека сакам секогаш да е по мое. Признавам дека некогаш сум лоша кон оние што ме сакаат. Признавам дека не го заслужувам. Признавам дека очајно ми треба еден одмор, некаде многу далеку...
Признавам дека имам некој чуден страв во мене дека животот ми застанал во место. Признавам дека ми фале маж ми. А богами признавам и оти повеќе ми фали секс отколку маж ми