признавам дека направив многу глупави работи во последно време и признавам дека не го трошам времето правилно - не така како што сакам и признавам дека би дадела се да го вратам времето назад..
признавам повеќе ми се спие отколку што ми се учи .... ама што се мора - мора се! и да признавам....отварам ново љубовно поглавје. Првата страна е празна, понатаму ќе видиме како ќе се пополнува. Битно дека претходното поглавје се затвори....мислам дека заврши. Се надевам. Спокојна сум си
Признавам дека не вложувам доволно труд во ништо. Само чекам работите да паднат од небо. Признавам дека станав многу одбивна личност во рок од 1 година. Признавам дека сум крива за се, дека ги бркам сите што пробуваат да ми се приближат. Признавам дека се плашам.
Будим се са "Нек нам Бог да среће", доручкујем уз "Свуда грми около". Шетам кроз град и у себи певушим "А мозга нема у глави само Звезда црвена" Лежем да спавам уз песму "Сваке ноћи сањам ја, Маракана препуна". И онда се запитам шта ми се дешава, па кажем себи: "Јебем ли га ваљда је то љубав". Шо да правам, признавам.
Признавам дека јас сум најмногу виновна за се што ми се случува во животов.. Сама си дозволив, на крај и краева. Признавам дека премногу верувам и сум наивна.
Признавам дека сум премногу емотивна, и можеби некогаш премногу очекувам од животот, таква сум..си се надевам јас за се..па нели надежта последна умира
Признавам дека премногу ми фалиш! Уште да имав храброст да ти го кажам тоа..Признавам сега оваа неизвесност ме плаши.