Признавам дека сакам се да е до мене..........и дека пред него викам дека не ми негостига а ми негостига толку колку што ни јас не знам
... дека се заразив и опседнав со сокот од дуња. Можам цела цистерна да испијам. Признавам дека сум заљубена ко тупавец. И дека Калипсо сладоледот колку и да е лажен, е од портокал! Спомен на едно детство што секогаш ќе го носам во себе!
Признавам дека сум многу ладна личност и не се грижам ама баш за ништо ( добро може понекогаш малкууу да се изнервирам за некоја оценка ама тоа е многу ретко) и тоа....
Признавам дека сум многу голема мрза,дека сакам се да биде по мое,дека сум секогаш расположена за шетање а никогаш за учење и признавам дека сум мнооогу голем нарцис
Признавам дека многу ми беше убаво на роденденот. Беше се, само не обично. Признавам дека премногу често си го враќам филмот назад. Помина.
Признавам дека се заљубив,многу,многу,многу ... и дека тоа воопшто не ми се допаѓа Признавам и дека немам храброст да ти ко кажам тоа, ни тебе ни на било кој друг... Признавам дека се плашам дека повторно ќе бидам повредена и дека знам дека не ти значам ништо, но сепак во себе се надевам ...
Признавам дека сум кучка, и дека играм прљаво. Ама секогаш останувам чиста, така ке биде и сега !! Вие никогаш нема да дознаете, затоа што јас нема да признаам. За ваше добро ...
Дека анксиозноста се врати, ме посетува скоро секоја вечер, но ретко кој забележал, освен мајка, најдоброто нешто во мојот живот, само таа погледот ми го знае.... Признавам дека сум појака од порано, знам со што си имам работа и знам дека никогаш нема потполно да замине, периодично ќе имам симптоми, проклети симптоми кои ми го оцрнуват денот, а јас никогаш не сум била посреќна.. Признавам дека сум скромна, не сакам пари, не, ги имам а зосшто кога немам мие и не можам да ја излечам грозотијата што ме дрма од ден на ден... Признавам само дека сакам побрзо да дојдат деновите без неа... Животот е прекрасен, јас живеам и дишам максимално, и нема никогаш да дозволам тоа да ми стое на патот...
Признавам дека: - Ми се спие - Правам повеќе грешки отколку што треба - Се каам за направените грешки, иако учам од нив - Повредив некој близок - Ми фали прегратка, машка прегратка.. Силна како онаа на бато. - Сум задоволна од денешниот ден - Би спиела три дена со ред и не би се разбудила ич.
Признавам од што сум добра некогаш излегувам глупава. Признавам дека немам срце јуначко, колку и да се правам силна. Признавам дека многу лесно ми се крши самодовербата. Признавам дека ми годи сега што се труди да ме врати ама џабе му е, не се трудеше кога требаше.
признавам дека неможам да го гледам со неа. признавам дека можеби ми се свиѓа и повеќе отколку што треба. признавам дека не ми излегува од глава. полудувам.
Признавам... на моменти иако знам дека грешам, продолжувам со убедувања дека сум во право се додека другата страна не ги изгуби сите нерви
признавам дека иако се правам силна,ладно крвна,како даа не ме интерсира ништо околу нас.. дека ми сметат сите тие околу тебе,сите тие што не треба барем за нас,барем кога сме заедно да не ги гледаме...да бидеме јас и ти.. дада сакам да сме само јас и ти без тие околу тебе а посебно таа сестрати која ми се прави добра и дека ме сака,а таа само сака да не раскарува...е таа не ја сакам воопшто...