Признавам дека сум голем инает. Признавам дека сакам секогаш да е по мое. Признавам дека некогаш сум лоша кон оние што ме сакаат. Признавам дека многу брзо се лутам. Признавам дека не сакам кога се смеат на моја сметка. Признавам дека сум многу љубоморна.*многу го сакам* Признавам дека немам доверба во никој.
Признавам дека сум мрзлива! И дека сум ситничар периодов, и све ми смета! И признавам дека сум исфрустрирана!
Признавам дека сум премногу горда и горда сум на тоа, а не би требало. Признавам дека сум кучка понекогаш и око не ми трепнува Признавам дека го бацив. И признавам дека не го мразам кретенот кој би требало да го мразам, ама не го ни сакам па затоа не е опасен Признавам дека сум светска мрза. И признавам понекогаш сум навистина безобразна
Признавам јас пред Олга и пред себе Ајде озбилно сега Признавам дека во последно време многу озборувам, но не е до мене сами ми доаѓаат информациите и јас морам да ги споделам со другите. Признавам дека сум одлична детективка.
...Дојде денот а? Па добро и онака веќе сите се свесни, мислам хелоуууу не можеш да замижиш пред очигледното Ок, признавам...СОВРШЕНА СУМ и као бонус трака на темава: Изедов пола пакетче харибо бонбони епа сеа на поклонет коњ забите не му се гледаат, како да ги одбијам?
Признавам - дека сум мрза - дека упорно се трудам ама никако да ги сменам работите кои ми сметаат - дека сама сум крива за се што ми се случува - љубоморна сум!
Ах, признавам дека знам многу да прекинувам додека некој разговара! Свесна сум, да, и се стишувам, се контролирам полека, полека..
Признавам дека сум вечно незадоволна... (перфекционист јебига ) Признавам дека ги лажев сите кога велев дека не го сакам .. Признавам дека често знам да одглумам рамнодушност..и мошне сум успешна во тоа
Признавам дека јас го начнав сладоледот, што ја кривите сестра ми Ама еднаш црна овца, засекогаш црна овца.. Никој нити чул нити видел
Признавам дека кога си купувам нешто-читај гардероба и штикли-на дечко ми му велам дека мама ми дала пари,а нејзе обратно од причина што мама знае дека не земам голема плата ,и дека скоро цела оди на плаќање стан и сметки и некогаш ќе и побарам, и кога ќе купам нешто -ми вели откај пари одговорот следи-поклон од либето циркус сум знам,никогаш не ми рекле ништо за купување,ама ете така си правам-и фала богу не ме откриле до сеа Признавам дека многу пати кажувам тешки зборови-брза сум на јазик,но ете во последно време голтам кнедла во грло-и кажувам ИЗВИНИ-а порано немаше шанса.Потоа се чувствувам поубаво Имам и други работи за признавање ама сега напуштам работа и одам дома па се читкамееееееее