Признавам дека некогаш толку знам да се занесувам и претерувам што ми иде сама да си треснам еден шамар. хм
Признавам дека незнам како да направам баланс помеѓу работите, како да бидам среќна и јас и другите. Признавам дека се ставам на последното скалило само да им помогнам на најблиските. Жалам после заради тоа, ама незнам како да го изведам поинаку тоа. Признавам дека некогаш не се препознавам што правам, кај се наоѓам, со кој сум, и што правам. Избегав од онаа која бев и која беше вредна за почит. Признавам станав безмилосна кон себе. Признавам дека повредив некои луѓе што не требаше да ги повредам.
Признавам дека колку и да се трудам да не се замарам со тебе и со твојата "нова" девојка, сепак неможам а да не проверам кај си,што правиш .. Ме боли тоа што сега неа ја нарекуваш МОЈА ДЕВОЈКА ,кога до пред 1 месец ти бев јас ..Ех , не знам до кога ќе си плачам и ќе се невирам
Признавам дека водам инает(намерно) и на крај пак ќе е по мое (мое дете-моја одлука) Признава дека лудо сум вљубена во маж ми и дека во последно време е се по и по и по лудо бидеќи...признавам дека ми фали с*кс
Признавам дека во последно време многу често мислам на бившиот, понекогаш и си мислам сега да бевме заедно и ми недостасува многу, но сегашниот..... зошто боже ме повредува секогаш и секогаш..
Признавам дека до денес не знаев како изгледа да се плаче во вселената. Многу е интересно, прееска гледав на Интернет. Признавам и дека не знаев дека хитлеровски сакал да биде уметник-сликар и два пати не го примиле на ликовна академија. Замислете да го примиле, сигурно ќе се спасело човештвото од барем една војна. И немало да постои толкава омраза помеѓу луѓето. Признавам дека татко ми е позитивен ку-ку . Го прашувам колку години има, а тој ми вика 55, од другата страна ја слушам мама се смее и вика аха 55, 60-ката си ја фаќаш.
Хм многу имам за признавање дури незнам од кај да почнам.. Признавам дека бев слаба кога требаше да бидам јака и обратно..признавам дека сум лоша и на многумина што ме повредиле ,полека и полошо им враќав,признавам дека не сум виновна за многу работи што ме обвинија а за кои јас немав појма..признавам многу грешки кои што никогаш нема да се вратат да ги исправам и некои моменти кои засекогаш остануваат заклучени и скриени од очите на љубопитните..признавам длабоко ги заклучив и потопив за никогаш да не испливаат..
Признавам многу пати до сега не сум бил сигурен како да го напишам зборот necessary и unnecessary. Вечита дилема дали беше двапати "c" во првиот и вториот збор и дали да ставам двапати "n" во вториот збор. Ете не сум совршен и јас, си признавам though I'm very good at English in general. Ама конечно ги научив и нема веќе грешење.
Признавам дека секој ден велам ова е последна чаша, нема повеќе газирано..И ништо од моето ветување, мајка ми постојано вика по мене ама кој да ја слуша па што да правам кога сакам да пијам, брат ми вели сите се убиваат од алкохол а ти од газирано .. И Признавам дека секој ден велам дека ќе почнам да штедам ух сеа кажав виц јас и штедење..
признавам иако на моменти во изминатиов период потклекнав сепак издржав како што никој не би издржал да беше на мое место...но сепак ми е многу тешко збунета сум иако се правам силна...и многу ми недостига бабами...
.. .признавам....напрајв голем грев,бев неверна сопруга..причина??????сакав внимание и љубов кое дома го немав..... . ..господ ме казни,имаше бол и солзи повеќе од емоции и нежности/налетав на женкар.... . ..свесна сум и плаќам....
Признавам дека периодов изнервирав многу луѓе..,буквално вакви ги правам знам неподнослива сум деновиве ама што да правам таков ми е периодот(пмс )
Признавам дека отворив фб и ми излегоа сликите на другарка ми.Отишла на викенд со друга другарка ,едно време беше заедничка,и која прекина контакт со мене зашто нема повеќе корист од мене. Некогаш бевме заедно на тие места а сега не сум достојна ни да ми се каже дека ќе одат. Признавам дека нешто ме боцна. Љубомора ли е ,болка ми е??