признавам дека срцето ми е скршено на милион парчиња дека градите ќе ми препукаат од болката која ја чуствувам подобро да умрев отколку да ги доживеев овие деној...
Признавам дека ми е мило што сум поубавата сестра. Спојлер Ама пак си ја сакам најмногу на свет и би убила за неа.
Признавам дека досега ми ѕиркаше задникот од фрижидерот.Само нешто џвакам. Овој личи на мајстор ама важен е задникот
Признавам дека колку и да сакам да сум ладен тип и да не се замарам за ништо неможам. Признавам дека сакам да се променам барем малку. Признавам дека во последно време ми е здосадено од се. Признавам дека ми е многу тешко овие две недели.
Признавам дека сакам да простам,но не можам. Признавам дека понекогаш ми недостига братучетка ми,но бргу ми поминува. Признавам дека некогаш плачам,а не знам од што. Признавам дека чувствувам некоја празнина во себе. Признавам дека ми е здосадено да бидам ,,лошата од филмот'' постојано. Признавам дека зборувам и некогаш со тоа ги повредувам луѓето околу мене. ТОЛКУ!
Признавам дека понекогаш се чувствувам сама покрај толку луѓе. Признавам дека понекогаш ми е здосадено од НЕГО. Признавам дека сеак би го дала животот за НЕГО. Признавам дека понекогаш незнам што сакам. Признавам дека би дала се за да имам другарсто како од филмовите.
Признавам дека животот ми е катастрофа и дека неможам да го контролирам.Признавам дека секогаш сонував за семејство кое живее со смеа и во радост.Признавам дека премногу се оптоварувам со него.
признавам дека се осекам виновна што си уплатив за одмор а на моите им стигна од банка писмо за плакање рата ама јас пред тоа си уплатив и плус со мои пари ке идам,ама сепак се осекам како себично да постапив
Признавам (во контекст на Луничка муабетот ептен аналогија најдов) набутав парче пица сега во ниедно време, а до вчера си се фалев како си ослабев колку толку, без диети ами со крст на чело ц ц цц ц
Признавам дека малце ќе ги потрошам моите за на одмор, но тоа е. Признавам дека го сакам без разлика, на тоа што ми го скрши срцето на милиони парчиња. Признавам дека би му простила за се. Признавам дека помалце ме мрзи да се средувам за на одмор
Признавам дека сум најгооооолемата мрза на светот дека сум лутка и се лутам за глупости за кои што другите би се смееле дека сум по малку перверзничка дека не трпам никого кога сум сигурна дека ме лаже и му плеснувам се в лице дека сум најтврдоглавото суштество на свет дека кога сакам значи вистински сакам
Признавам,понекогаш премногу ми недостига и не сум спремна за друг,но и тој кога би дошол за да се смириме,би рекла дека е касно,воопшто не се ни потруди,не од што не можеше,туку не сакаше. Ете,нека остане со минатото,нека е задоволен со тоа што го постигнал,да видам дали некогаш ќе сфати што направил. А и да сфати,касно ќе е после.
Признавам дека сум љубоморна и дека имам лоши мисли и дека сакам да се скараат...ама па послилно од мене е што да правам?!
признавам дека колку и да се правам јака, јас уште чувствувам нешто убаво за тебе признавам дека сакам да те видам во понеделник признавам дека колку и да не сакам, понекогаш повторно мислам на тебе