Признавам не можам без тебе, не можам без тебеееееее. Подобро уби ме, ууууууби ме, но не оставај меее.. :3
Признавам ми фали најмногу,и кога би се вратило времето би била со него наспроти сите,а најмногу наспроти себе
Признавам дека се зимам при срце и често се навредувам и лутам без потреба. Треба да оладам малце, стварно...
Признавам дека сум лутка. Признавам дека иако постојано зборам дека ми е убаво сингл, понекогаш ми треба некој што ќе ме сака и ќе се грижи за мене. Признавам дека летово се затрескав во мој втор братучед (само што го запознав) и се измував со него 2 пати.
Признавам дека сум тежок случај, невозможен и дека дел од мене е негативен и мрачен ама никогаш не го покажувам секогаш сум позитивна
Признавам дека не знам што е со мене...Признавам дека не можам да поднесам што е крај...Ми фали многу, ама нема да кажам никому. Признавам дека се правам силна, ама не можам повеќе. Ми треба време да се навикнам и да преболам.
Признавам дека иако постојано се смеам и сум радосна всушност ми се плаче, ме нервираат многу личности околу мене и иако се правам мн фина ми доаѓа да ги убијам ама дужност зове па морам и јас да им праам лице. За сите сум дружељубива а само сакам да седам со некој на некое тивко место и да ќутам и да се гледаме. Признавам дека јас не сум јас, кога глумам Сигурно ме замислувате како "Црната вдовица" ама не баш така. Дека сум близнаци во хороскоп па морам со две -јас- да се расправам и тешко фаќам рамнотежа
Признавам, претерав. Се деси недоразбирање вчера... Личноста не ми значи ич во животов, ама можев да си го прекасам јазикот... сега сфатив каде лежеше недоразбирањето. И не сакам да се извинам, зошто нема взаемно да биде, ниту да признаам, затоа што е од оние личности кои ликуваат и си го хранат егото, а работата не се поправа.
Да имам моќ би убила некои личности во моментов, би ги избришала од лицето на земјата а притоа да не одговарам како за луѓе убаво нели