Признавам дека има денови кога ужасно ми недостасува, кога сакам да го видам барем за миг, да ја почувствувам неговата прегратка во која некогаш потонував и се чувствував толку сигурно... Признавам дека го сакам се уште, иако кажувам пред сите дека го мразам!
Признавам иако глумам ладнокрвна и јака за некои работи, потребно ми е машка прегратка и рамо за плачење за да ми олесни
Ке направев голема грешка денес ако дадев отказ но нивото на толеранција толку опадна за момент што СРЕЌА не беше напнато и имав време за воочување на проблемот .Се надевам дека ке се изнајде решение за ваква ситуација каде што бев колатерална штета со вложениот труд !
Признавам, признавам пред сите тој ми е фантазијаааааааа големааа признавам, признавам без него не можам да заспијам...
Признавам дека сум премногу слаба кога е во прашање тој.Аман,сите ги излажавам самата себе си неможам никако. Досадна сум си веќе сама на себе.Дај веќе преболи го си велам.Ама не бива.Го сакам исто како што го сакав на почетокот.А ми фали ненормално Доста е вееќее ,стварно неможамммммм
Признавам дека погрешив... И дека ми е навистина жал што на моменти се однесував тотално идиотски со тебе иако тоа воопшто не го заслужи... Жал ми е што не успеавме и признавам дека е тоа моја вина! Се надевам дека ќе бидеш среќен таму каде што си...
Признавам дека особата над мене е нај прекрасното суштество на овој свет. Таа е вистинско срце, особа со срце широко колку целиот свет, во кое има лјубов и разбирање за сите тажни и несреќни суштества на овој свет. Срце кое е подготвено секогаш да помогне. Со еден зборт, таа е ангел кој оди по земња.
Признавам дека сакам да сум лоша, и да ги изгазам добро сите кои ми згрешиле и ми грешат, а јас место тоа им простувам и ги сожалувам
Признавам дека се притресувам на секое ѕвонење на мобилниот, веќе неколку дена. И кога ќе видам дека не е бројот што го очекувам, превртувам со очи, пцујам во себе и после одговарам на повикот. Аман јави се и скрати ми ги макиве.