Признавам дека од кога ни се стернаа погледите неможам да престанам да мислам на тебе,неможам да спијам,насмевките кои ги разменавме од далеку останаа врежани во мојата глава и никако не излегуваат.Умирам за да те видам,се би направила само да бидеш мој лепотану!
Дека сум пречувствителна... Дека премногу се грижам за луѓе од кои повеќето не одделуваат ни секунда да помислат на мене Дека кога треба да им помогнам на други давам добри совети, а кога треба јас да си помогнам себе си нешто не знам како да го направам тоа...
признавам дека сакам некогаш да сум без него знам дека некои не можат ама јас не можам ни со него ни без него.
Признавам дека сега ми се крка лесковачка. Внатре да има и кромид, домат, зелка, од белиот и тој накај црвенкасто сос врз плескавицата, а врз помфритот многу сол, кечап, мајо и сенф. Може и оригано . Месо не сум јадела две недели. Пааа! + да си докажам дека обожавам јарци, а па кога се дупли.
Признавам дека понекогаш се чувствувам осамена Признавам дека незнам што ми се случува во главата Признавам дека многу нешта ме мачат Признавам дека сум спремна се да направам за тие што ми значат
Признавам: -Ептен сум загубена -Дека често пати не го ценам тоа шо го имам(и се мразам себеси поради тоа )
Признавам дека сакам да си уживам во животот, и да не се трудам околу некои работи... но, за жал не може така
Признавам дека сум премногу приципиелна,можеби и претерувам некогаш. Но,знам дека се заштитувам себе си,да не бидам повредена
Признавам дека направив многу лоши работи во минатото,сега се трудам истите тие грешки да ги поправам,но при секој мој обид се враќа некој спомен од тоа лошо време,и сите обиди за почнување нешто ново паѓаат во вода,до кога веќе вака...
Од што сум премногу заштитнички настроена спрема себе повеќе и повеќе се повредувам. Правам глупости несакајќи, и потоа и да се каам ме стизаат.
признавам дека го сакам...премногу го сакам ама никогаш нема да му признаам од страв да не ми мавни корпа и признавам дека се плашам од врска ама пре многу го сакам
Признавам дека најповеќе од се што сакам на светов е да бидам актерка.И дека трошам малку повеќе пари за ноктите и такви глупости
Знам дека е зимски распуст,ама признавам дека имам големо почитување кон едно многу добро суштество-Ѕвонко Спасовски