признавам дека зад ова лице на рамнодушност, ладнокрвност и независност стои мало исплашено суштество кое има потреба од многу љубов и нежност,од прегратка и искрено ,,те сакам,, слабак сум бе,и шо? ама и добар актер
Признавам дека сум комплицирана,многу лесно го менувам расположението,но тоа не им дава право да се такви идоти!
Признавам дека е мн тешко човек интелектуално да ме задоволи....а толку малку ми треба,а баш тоа малку пропуштаат да го видат
Признавам многу пати ти згрешавам и се однесувам размазено,те карам кога не си воопшто виновен и пак ми попушташ П.С извини....
признавам дека знам да избувнам и без причина , да изнаказам се што треба и не треба, па после се каам , ама тие што ме познаваат знаат дека таква сум по карактер, па ми простуваат признавам дека се зиркавме со едно типче на базен(еден од тренерите) ама кога застана пред мене сватив дека не бил таков како што ми изгледаше
Признавам дека не требаше да го кажам она што го кажав синоќа, не го мислев тоа, но ете....ми излета Признавам дека многу ме навреди и повреди твојата реакција после тоа. Признавам дека денес после вториот разговор го треснав мобилниот од ѕид најсилно што можев (не дека ми е првпат, ама ај...) Признавам дека во последниве 3-4 години сум многу импулсивна и не ги контролирам баш моите реакции и зборови. Признавам дека сум мноооогу тврдоглава и инает, и знам дека тоа многу ми штети, но...... Признавам дека во последно време ми е многу тешко да си ги признаам грешките и да кажам „Извини“. И на крај.....Признавам дека пред некое време сфатив дека си љубовта на мојот живот. Се надевам дека ќе соберам сила еднаш и тебе во очи да ти го кажам тоа. (Знам дека си знаеш, ама сепак, поинаку е кога ќе го чуеш од мене). p.s. Признавам и дека има уште многу работи за признавање, ама доста е
Признавам дека денес кажав повеќе од шо требаше и дека јас сум виновна за караницата со татичко (ама нему не му признавам) Признавам дека не го сакам дечко ми, ами сеуште го сакам бившиот Признавам дека сум најтврдоглава и најгорделива личност на светот и ај доста доволно кажав
Признавам дека сум осамена најмногу на цел свет. Ми треба топла прегратка, смеење со друшто и многу други работи, ама пред другите не признавам. И признавам ми се е*е
Признавам неможам без тебе, ми недостигаш, ми недостигашшшшшшшшшшшш и тоа многу и признавам дека те сакам најмногу и признавам дека копнеам да ме гушнеш силно како ти што знаеш
Убиј те ме, ама јас ништо не признавам Ајде ОК... Јас Најубава2010 со адреса на живеење „Засекогаш во аголот на неговите очи“ признавам дека денес, ден 07,07,2011 (четврток), намерно т.е. со умисла ќе го нервирам мојот вереник Петко Петковски, со цел да го подсетам колку лоша можам да бидам. Ваквите побуди може да се изнудени од некој Пост-менструален синдром, па затоа барам половина од вината да биде префлена на мојата матка и хормони како соучесници во кривичното дело-нервирај го Петко. Благодарам, со почит Најубава2010