Признавам дека секогаш кога ќе светне телефонот, посакувам да е тој. Признавам дека вчера намерно му правев муабет цели 2 часа за да не спие, да бидеме квит
Признавам дека ми е многу страв да не се случи нешто лошо. Признавам дека ме плаши оваа врска на далечина, не сум навикната на ваков тип на врски и не знам како ќе издржам. Признавам дека срцето ми се стега и сум многу уплашена, а нема на кој да му кажам...Признавам дека само тука имам храброст да го напишам ова...
Дека понекад гледам луѓе кои што се среќни коа ја не сум или имаат нешто што јас го неам или ми недостига у тој момент и се осеќам ептен љубоморно и завидно,не ми е криво што тие се среќни туку што јас не сум али тоа ми е ептен тапа чувство и ме прави подоле као човек ма да ја никад не ни сум била многу добар човек барем според мене и колку и да се трудам пак ќе расипам нешто. Признавам дека посакувам да имав поинакво семејство,ама имам добра причина за тоа и само јас знам низ што се сум си прошла и како ми било и како ми е сега кога малце се зацврстив. Признавам дека кога бев помала не сакав да бидам ваква каква што сум сега на 17 години мислев дека ќе бидам ептен подобра како личност и дека ќе надминам некои стравови и срања ама потфрлив. Признавам дека имам бааѓи лажено,сум испаднала бааѓи дволична ма и столична,сум изневерувала,сум се понашала ко последно ѓубре сум пиела сум го живеела животот само за да пробам се и да се забавувам без некоја смисла во него а и признавам дека иако сум се сменила од тогаш и денеска немам некоја посебна смисла која што ме води и сакам да ја пронајдам.
Признавам дека не се однесувам понекогаш, па малку и почесто не се одесувам добро кон моите родители, и најблиските општо и признавам дека сум била многу лошо суштество но сега сакам да се променам на подобро а и мислам дека успевам во тоа, тоа ме радува!!
Се чувствувам виновно што сум тоа кое што сум. Се чувствувам виновно што воопшто сум дел од луѓето. И понекогаш чувствувам толку длабока и голема самотија што дури и градиве печат и болат, и во просторија полна луѓе се чувствувам како да би можела слободно да исчезнам и никој да не го забележи моето отсуство. Често тврдам дека светот ме уништува, а кога подобро ќе ја погледам испревртената и заматена вистина сфаќам дека јас сум таа која што се уништува себеси. Светот е само една сива бескрајност која што ја обвинуваме за сите наши недостатоци.
Еве признавам дека иако имам 4 годишна врска се затрескав во еден друг тип BAD BOY ми ја пие крвта и мозокот, а знам дека немам иднина со таков тип .