Признавам дека понекогаш не можам да одолеам кога ги гледам др како јадат пица или од 7 ца а јас на диета и уште се правам силна викам не бе неам гајле јадете си вие а лиги ми течат хахахаха
Признавам дека диетата ми стана опесија и дека размислувам да одам на нутриционист иако сите околу мене ми велат дека моменталнава диета функционира Признавам дека некогаш се дерам на мојот сопруг , иако не сум во право ( ама не е до мене , проклетиот ПМС ) Признавам дека има денови кога ми доаѓа преку глава и од мојте мали ангелчиња и во тие моменти се што сакам е да се телепортирам на некој пуст остров каде нема ниту микроби а не луѓе ( ама храна не одбивам , особено кокос ) Признавам дека носам голем товар во себе и целото тело ме боли од тој товар , ама за жал неможам да кажам на никој за таа тајна ...
Дека сум дрзок, дека некогаш избувнувам без потреба, дека убаво ми е кога го поминувам секој миг секунда со синко и сакам да сум секогаш покрај него и тој покрај мене а и женчето исто. Дека убава нога, убаво око и убав флерт сакам и не пропуштам иако е недозволиво но ете сакам.
Признавам дека ми се плачи со сето срце и душа на некоја пуста ливада,далеку од сите сама да се изнаплачам и да се вратам дома.Признавам дека не знам кој пат да го фатам,признавам дека не знам дали она што го сакам е и она што ми треба.
Признавам не можам без тебе, не можам без тебе подобро убиј ме, убиј ме но не оставај ме ... само си пеам ништо од тоа што признавам не е вистинамала шега Признавам дека имам грешни мисли за симпатијата признавам дека сум лоша личност штом ме повредат се буди ѕверот во мене.