Признавам дека сум асоцијално детиште, саможивец, што не комуницира со никого и го избегнува истото.. никаков сум, признавам..
Признавам дека и кога знам дека тој е во право нема да му попуштам од инат и дека кога ме моли нешто и ми се извинува го мачам до 101 и назад и сум права кучка со него а после ми е криво и се каам пошто не заслужил така да се понашам
Признавам дека згрешив што не се најавив дека ќе си одам од работа. Требаше да кажам да не испаднам кукавица на овој начин. Признавам во меѓу време се заљубив во најубавото сонценце на светот.
Кога сум во пмс сум доста злобна(не секогаш) но неможам да го спречам тоа откако ќе заврши се сфаќам и се осеќам лошо .
Признавам дека се однесувам како да не се замарам за ништо и дека не сум нервозна личност но сум и дури претерано. Од надвор гледано ќе кажат мирна е не се кара добра е, точно е тоа повеќето секогаш ќутам што и да се случува јас ќутам, но кога не ми е погодено нешто станувам како вулкан пред ерупција.