Признавам, уствари не признавам ништо... Ќе кажам дека имам едно 2-3-4 килца вишок, ама не му признавам на Петко нека цркне, не сум дебела ако сака слаба нека иде нека бара, јас сум си среќна и гајле ми е . Ете признав дека ми се вишок тие неколку килца и доста ви е, немам јас грижи на совест, ме боли мене уво за се .
-признавам дека стварно неможам без него.....ама тоа него неможам да му го признаам немам храброст (скарани сме он е на одмор ) -признавам дека сакам уште една убава зима како оваа со истите личности и сакам на Пелистер -сакам да си дојде од одмор и еднаш силно да го гушнам
Признавам дека бевме во сауна 10 жени топлеси, и дека ни се избаци асистентот 32 годишен чисто гол. Се прскав од смеење во себе, не можев да издржам, менталитетот ме удри во глава, ма да тие не се замараат многу, и имаше што да се види хахаха
Признавам дека има луѓе кои озбилно ме нервираат.. може не е до луѓето, а до периодов. Поверојатно е дека е до периодов. Како и да е, признавам и дека не можам да постигнам се, а не можам прибидејќи поинтересно ми е да висам на нет и да читам статии за шта ти ја знам глупости, кои благе везе немаат со тоа што ми треба, ама ми се занимљиви, позанимљиви од се друго. И признавам дека човеков ме принудува да ја мразам работава и да се откажам од двете мои бебиња да ги дадам некое мангупиште готованче ко што ги вика тате да ги земе да ги игра, откога ја се помачив да ги створам. Признавам дека веќе поима немам што сакам, нити што правам нити ништо од ништо. Се изгубив нешто и никако да си го најдам патот до дома.
Признавам јас ги изеде вишните од шишето со вишновката на мајка ми па вкусни се што да правам,им ја оставив ракијата
Признавам дека брат ми го отпишувам од брат, и не му праам веќе муабет. Тоа бидејќи не ми даде вчера пари за излегување