Сакам да ве прашам нешто, ми треба помош, итно е. Пред некое време забележав едно момче. Пријатели сме на социјална мрежа. Сакам да му пишам да се запознаеме. Што да му пишам како за старт? Како да го прашам да се запознаеме?
Прво пиши му само Здраво Па после ако ти врати ќе почнеш муабет (нешто во стилот: се надевам дека не ти сметам, сакам да се запознаеме ако немаш ништо против...)
Не така виртуелно. Треба на лице место да се види и осети дали некој е стварно затрескан у мене па после јас да му признаам од моја страна. Вака на интернет може цел живот да си играме и да се лажеме, ефектот е кога пред тебе ќе ти се појави. Тука лежи зајакот
Зависи до карактерот на личноста, има личности што се задоволно доколку има некој да трча по неа/него и толку. Пример ќе те натера да му признаеш чувствата најдлабоко што ги имаш во себе, да речеме од петици и после тоа се зависи од личноста што си и признал што чувствуваш за неа/него.
Не гледам причина зошто на некого не би му признале дека ви се допаѓа. Не е само зборот тука, има и други индиректни начини - поглед, допир, насмевка ... опуштете се. Најинтересни се почетоците
Девојки ми треба совет. Сакам на дечкото кој ми се допаѓа некако да му дадам до знаење дека ми се допаѓа..мислам на оние невербални знаци. Но не би било лошо и да ми кажете (доколку некогаш соберам повеќе храброст ) што да направам и како да му кажам во лице дека ми се допаѓа и дека сакам нешто повеќе од другарство со него. Ви благодарам однапред.
Вербалните се најпаметни. Невербални, може секој различно да си протолкува... Вака, оди му и: Сакаш бе, или да барам друг? Одма на чисто си
Сакам да му признаам бидејќи очигледно не ги сфаќа знаците кои му ги упатувам или пак не сака... иако моите другарки ми велат дека му се допаѓам и дека ме гледа на посебен начин и поинаку од останатите девојки во друштвото. Но сепак ме кочи помислата дека сме другари и поради тоа што ќе му го кажам да не ни пропадне другарството бидејќи обајцата сме срамежливи (тој повеќе) па логично после тоа да ни биде срам да се погледнеме во лице доколку тој не го чувствува истото...Некој совет како да постапам?
Здраво колешке, така те нарекувам оти и ја истото сум го искусила. Според мене мислам да оставиш на времето. Сам да ја собере храброста и тој да признае, а до тогаш многу цени го другарство со него бидејќи одкако ќе си признаете за чуствата вредноста на тоа се губи. Од искуство ти кажувам, ја прва прзнав дека ми се свиѓа и он ми го потврди тоа од негова страна и станавме многу повеќе, ама ја изгубивме вредноста на другари, неговото однесување се смени мн и осетив дека направив грешка што му дадов до знаење дека за него се би направила со самото тоа што прва го започнав чекорот за врска. Како пријатели добивав огромна почит од него и подршка во се, ама по моето признавање мислам дека сфана дека може да контролира со моите чуства и сета слика за него што ја имав ми падна во вода. Затоа ти препорачува да оставиш се на времето и да дозволиш он да собере храброст.
А што ако не собере храброст бидејќи е посрамежлив дури и од мене? Така секогаш ќе се прашувам дали постоела надеж или не...
Не ја споредувај срамежливоста со храброста. Без разлика колку и да е срамежлив ќе има храброст да признае. Другарски разговарај со него во однос на тоа за признавање чуства. Мислам на тоа разговарај со него за тоа дека ти се свиѓа некој и дали според него ти треба да признаеш или да чекаш, зборувај како за трето лице и види го неговото мислење. А после прашај го пак него, ако нему се свиѓа некоја дали прв ќе признае или ќе чека од неа. Еднодтавно ко да бараш пријателски совет од него. Така подобро ќе знаеш што треба да направиш.
Гледам од поодамна се мачиш со овој проблем.Мое е ти да го дадеш првиот чекор па што ќе биде ќе биде.Ако нема исти намери нема да се гледате додека малку не ри се разбистри главатаа посче ќе си продолжите. @s.w-e.e-t.y
Се допишуваме веќе 4 месеци,излеговме еднаш и често зборуваме со камера е сега моите другарки ми велат дека тој чека јас да признаам,но јас не знам дали сака врска со мене.Дали ќе можи совет како да дознаам дали ме сака
Има некој знаци, говор на тело кои треба да знаеш да ги препознаеш кога на некого му се допаѓаш, како на пример кога сте заедно дали го задржува погледот и те гледа право во очи, дали случајно и спонтано те допира било за рака, коса, рамо .... Ако осеќаш дека има енергија и постојано сте во контакт биди отворена и кажи му што чувствуваш.
Јас кога ќе почуствувам нешто за некого, одма признавам. Немам време да чекање,животот е брз. Можно е и корпа да си добијам, ама барем ќе знам на што сум.
Мислев дека многу било тешко да му признаеш дека го сакаш се до дека не пробав. Се запознавме на социјалните мрежи, ми се допаѓаше многу, и тоа што веднаш врака на порака исто како цел ден да одвојува за мене. 1 недела како пишуваме и се слушаме на тел секој ден. Па одлучив да му признаам ама среќа па и тој ми призна дека има чувства спрема мене. Онака ке се засрамев