Зошто да биде толку тешко женско да признае? Не гледам тука ништо лошо. Повеќето од девојките се бориме за рамноправност, а кога ќе дојди ваков момент мнозинство пискаат тој да признаел. Се спремаш пред огледалце со говор, си удираш три шлаканици пред да излезеш, и како од пушка си кажуваш. Во најлош случај ќе те одбие, но не е крај на светот. Ќе знам барем што понатака. Многу шанси се испуштаат со ќутење.
Не сум признала, од причина што сум била со луѓе кои таквите зборови ги користеле за манипулација. Како добар ден. Нема лошо но неможам. Искуства и 1000 лоши ситуации ..
Признавањето на искрените чувства не е ништо лошо, не е слабост како што го сметаат некои, туку напротив. Смелост е. Јас немам проблем да ги признаам чувствата и сум го правела тоа, прекрасно е ако чувствата се споделени Дури и да не се, не гледам ништо лошо да се сподели. Човек треба да е на чисто со себе и да не пропушта можности...
Мислам дека веќе некое време развивам чувства за личност која ми е најдобар другар, личност со која голем дел од последниве неколку години ги имам поминато можеби најубавите моменти во животот, личност со која се разбираме со поглед и си ги довршуваме речениците. Претпоставувам дека самата близина си го направи своето. Инаку и двајцата сме 28години, со тоа што разликата меѓу нас е тоа што другаров нема никакво љубовно/сексуално искуство (читај девица) и мислам дека тоа е и можеби најголемиот виновник за целава ситуација, затоа што сум сигурна дека и тој има развиено чувства за мене, но нема никаква храброст да направи нешто околу тоа. Знаејќи го овој детал, пред година дена јас го направив првиот чекор (се смувавме на пијано) и тоа беше тоа. Понатака не се ни обиде да ми пристапи во таа смисла, а имало куп ситуации каде што можело да се направи нешто повеќе. Дури тогаш не бев ни свесна дека уствари развивам чувства за човеков...
Не се согласувам. Подобро е да си ќутиш. Освен ако не сакаш другата страна да гледаш како си игра со тебе.
У право си, затоа ко што имаат пишано горе треба добро да знаеш со каков човек си имаш работа. Инаку големи се шансите да налеташ на идиоти. Искрено и обратно е слично. Има и девојки што си поигруваат. У 21виов век е све испомешано и забегано, и треба голема среќа да се налета на добра личност. Не го скршивте пијаното двајца на него тешки сте... Се зезам се надевам дечково ќе сфати дека го свиѓаш
Знаеш дека постои копче едит? Пишуваш мислења едно по друго, спамираш со 200 мислења во една вечер, реинкарнираш теми од 2016 со по два три збора за одговор... Досадно ли ти е? За другарка прашувам..
A sto e vazno od koga e temata.ne razbiram koj ti dava pravo da mi kazuvas mene licno na koja tema ke pisuvam I Dali od 2016 da ja prodolzam I da dosadno mi.e od drugarki ko tebe
Јас сум ти комшивката од приземје..сите имаме некоја таква што само јаде банани Еве ти од правилникот на форумот... Синоќа само од тебе ми стигнаа 141 известување, за 141 тема што следам, плус оние што не ги следам .. Тоа ако не е спам, со само 3 збора одговори, еве не знам што е.. Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Не пишувајте мислења како „И јас исто“, „Да“, „Не“, „Се согласувам“, „хахахаха“ и сл. Ако сакате да се заблагодарите, не пишувајте мислења како „Благодарам“, „Лелеее, фала многу“ и сл. Наместо тоа, користете го копчето „Ми се допаѓа“! Не испраќајте смајлиња без текст. Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „Редактирај“. Ако во рамките на вашето мислење сакате да вметнете туѓ текст, посочете го и изворот. Ако цитирате мислење на друг корисник, пожелно е да го цитирате само делот кој го коментирате, а не целиот текст на мислењето. Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл.