Фала за советитее Инаку пред 1 недела не знам зошто дали за да го заборавам излегов со друго дете што секој ден ми се јавува, вели дека ме сака, и на секој начин го докажува тоа и сега ми е многу мака оти ја направив таа "грешка" реков дека после овај "фраеров" никогаш со никој нема да излезам тој ќе биде прв и последен многу ми е мака
Летово се запознав со еден тип најдобар другар на братот на мојата другарка ... Бевме заедно цел ден на викендицата, феноменлно си поминавме има многу добар карактер и е баш мој тип. Си мислев дека кога ке се вратиме ако го сретнам нема ни здраво да ми рече. После некој ден се сретнавме кај другарками се изненадив кога застана сомене, ме праша како сум што има ново.. бла бла... Срам ми е да му пишам на фб и сега чекам момент пак да се собереме екипа и ако имам шанса арно... Зошто сум таков тип се плашам од КОРПА, одма пагам во депресија... не се разбирам ни самата и затоа ке си страдам цел живот
Па ако си со таков карактер, чекај тој да почне да покажува знаци дека му се допаѓаш па барем да не се плашиш од одбивање. Ајде се надевам дека ќе заврши добро Инаку јас сум многу чуствителна личност, но имам проблеми со искажувањето на чувствата. Таква сум, да не речам себична... затоа што не сум себична, наивна сум, но мене и ќе ми се плаче, и ќе сум среќна но тоа неможам да го покажам. Како што и неможам никому, па и на мајками во моментите кога ја сакам највеќе на свет да и кажам те сакам. Тоа е тоа. Гледам има некои луѓе кои тоа го кажуваат на секој 5ти, се познава кога се тажни, кога среќни кај мене не е така. Некогаш е добро тоа, но во некои ситуации другиотe се почувствува безначајно.
Најпаметно....Признај што чувствуваш...Барем ќе знаеш на што си...Имаш ли шанси кај него или не! Ако немаш барај нова жртва хахах
Ах со ова искажувањево чувства Јас никогаш не сум имала проблем да ги искажам, и сум многу отворена. Како и да се почувствам кажувам во врска. Некогаш ако сум расположена, не можам да прекинам да му кажувам колку сум заљубена во него, што ми е убаво кај него, да му се вохитувам и слично, и многу пати во минатото тоа ми се удрило од глава па се испозанесле. Никогаш не би се сменила во однос на тоа, иако не е толку добро, јас сум таква, мислам дека прекраток е животот да си глумиме недофатливи, или да си играме игри, но сепак тоа важи ако ја имаш правата личност до себе, а не куп ропаци
пред неколку дена искажав чуства после долго време а и мене многу ми треба да направам таков чекор и згрешив ...не требаше
Еве и јас да го споделам моето искуство со вас Јас обично сум срамежлива и ретко ги покажувам моите чувства кон спротивниот пол,но ми се случи да се заљубам во еден другар(мн близок)и незнам зошто му признав што чувствувам, ама тој ми рече дека ме сака на друг начин....и се така си течеше меѓу нас се беше исто(си правевме нормален муабет).Но направивме една глупост-се смувавме И после тоа се се смени се оддалечивме и,сега од есен и почнавме да студираме на различни факултети и се видуваме само кога кје се собереме друштво(школски) и тогаш правиме муабет она ова,ама само тогаш Јас сакам пак да биде исто да можам да го викнам на кафе како порано да се видиме и сл.(не очекувам да ми кажува интимни работи како порано)Само сакам да контактираме бидејки многуууу ми фалат разговорите со него....(ми фали тој ) Ве молам за некое советче како да му пријдам, како да почнам разговор ,како пак да се зближиме ...
Жалам што вака испаднало Нема нешто многу што можеш да направиш освен да му се јавиш и да го викнеш на кафе...Биди онака весела...."Кај си бе? те снема целосно значи, не те памтам како толкава бубалица па нон стоп да учиш " - таква некоја зафрканција, нашали се и после речи му па ајде дојди на кафе да се видиме, ќе кажеш некоја глупост Друго незнам што да напраиш позз
според мене баш и не е паметно искажување на чуствата, пред да се осигураш какви се чуствата на спротивната страна, друга работа е што чуствата се покажуваат а не се искажуваат со зборови, јас лично неможам со зборови на некој да му кажам што чуствувам на некого, зашто најчесто покажувам, а и неможам да се замислам како на некој му кажувам што чуствувам колку и да се силни тие чуства, најсебично си ги чувам за себе, зашто многу пати сум била изиграна, или сум поверувала во нечии зборови за искажување на чуства, најчесто зборовите се нула, ништо не значат!!! многу пати до сега сум паднала на провокација кога ќе чујам од некој дечко некој исповед што се чуствувал за мене, и на крај ќе искочи дека тоа било чиста манипулација ...........
јас лично имам лоши искуства од искажување на вистинските чуства. никој не го почитува тоа или пак веднаш си ги дигате акциите до ѕвезди...
Фала за советот Mistery,ама не планирам веќе нисто да правам Му пишав порака за нова година,а на него му беше тешко едно "фала" да ми каже.....Многу се разочарав ..........
Многу сум отворена и секогаш кажувам како се чувствувам, без проблеми. Ако чувствата се обострани, Well done за мене, а ако не се, Чао пријатно, не е ни прв ни последен.
и мене ова ми се случи. сепак ти извини си се ако има за нешто, макар и најди да има за нешто (но да не биде лигавење) нека помине некое време да види дека веке не си загреана и после времето ке си покаже...
Се согласувам со inmate1807, а и не би било лошо да поразговарате малку за вас до кај сте и што сте верувај тоа ќе ти помогне барем да знаеш дали да се надеваш или да се обидеш да го заборавиш. И мене ми се има случено да се заљубам у најверен другар но после муабетот што го направивме се се реши, а сеа сме пак најверни другари како што бевме и у основно
Ахх ете ја темата за мене. Имам проблем во голема заблуда сум Девојки ве молам за помош оти ќе побудалам скрос. Еден тип го симпатизирам подолго време. Во почетокот беше само онака као...еј ене ми го симпатијата. Но во последно време почнав од ум да не го вадам, само за него да зборувам и се плашев за да не се заљубам во него. И тоа ми се случи. Инаку симпатијава е келнер во кафичов во кој секој ден одам на кафе и секој викенд сум таму,така да нема шанси да не ме знае како индивидуа.Еднаш му пишав на фејс (само едно здраво) но не ми врати. Премногу сум затрескана во него цело време мислам на него кога сум таму погледот не го тргам од него со другарките се карам ако некоја кажи нешто неубаво за него. Во стомаков немам пеперутки туку крокодили. Имам негов број и планирам да му звонам да му кажам дека ми се допаѓа и дека сакам да се видиме ама да не се претставувам која сум (мислам дека и не ме знае по име туку само на лик) но се плашам да не ме одбие. Ве молам дајте ми совет како да постапам да се зближам со него оти на врв на лудило сум
Па мислам дека најпаметно ќе биде да почнеш муабет со него но во живе (ете на пример во кафичот каде што работи) задевни го,нешто искоментирај како на смеа (како на пр. мн убаво ти стои кошулата ) па види како ќе изреагира на тоа ... па потоа ако се биди во ред тогаш пишими порака на fb или пак на мобилен (дека ти се допаѓа и дека сакаш да се видите) па со среќа
Како бре девојки паѓате во несвест за некој со кој немате разменето два збора.Колку што разбрав од твојот пост ти и не си во контакт со него, уште повеќе не си сигурна ни дека името ти го знае.Ова со јавувањето мене не ми се допаѓа баш, оп троп ај да се видиме а нема појма кој е детето. Мислам дека треба да пробаш да го запознаеш поинаку, ете штом работи во кафич барем е полесно, достапен ти е секој ден.Сега за сега врткај се низ кафичот, направи да те забележи некако, па ред муабет, ред смајлиња. А дури потоа ќе видиш дали типов вреди да пробаш нешто повеќе или не. Може и сосем ќе ти одмили кога ќе го запознаеш како личност па сево ова ќе ти биде и смешно.
има еден нов човек во мојот живот... многу ми е убав а мислам дека и јас му се свиѓам нему е сега...единствен проблем што не кочи и двајцата е тоа што и двајцата сме многу срамежливи ..ама она претеранО ! незнам како можам страмот да го оставам позади себе и да одам понатаму ...добив еден коментар од другарка : таман сте си се нашле -тогаш ми текна колку е саат ! се гледаме често , по погледот се познава се веќе јасно е како ден што сакам јас од него и тој од мене ама ете.. дајте некој совет нешто како да го победам прво срамот а потоа и да му признаам некои работи
почни со едно "здраво, шо праиш...секогаш ли си толку срамежлив?" другото зависи од него и од тебе !!!! за почеток тоа е добро