Не знам зошто, ама до средно - ТОЈ (кое било машко битие) секогаш беше оној кој прв пристапуваше и кажуваше како стојат работите.. ова она АМА! Сега кога веќе сме пораснати и не се бркаме низ училници можеме и малце подирекно и взаемно да си ги признаеме мислењата и чувствата.. нели? Убаво е да има мала неизвесност и скокотливост на тоа прашање.. ама во принцип да се биде подиректен
Има разлика од признавање чувства и едно обично флертување или играње со машка психа на сред дискотека. Можеби јас сум чудната,но колку чувства можам да имам за некој кој што сум го видела некои десет,петнаесет минути најмногу? Уствари имам чувства. Имам големо чувство дека и тој ме чувствува и почувствува дека ако не го залапам пред да си одам,ќе си умрам тука. Или јас имам поинаква дефиниција за чувства или сум се вратила у 18 век. Јас признавам чувства само на некој што ми значи. Или што уопште не ми значи. Бидејќи не сум лицемерна,на овие вториве полесно ми оди од тие првите. Примерок од првите ретко наоѓам,затоа. Не ми е уопште тешко да му кажам на некој те сакам ако го заслужил тоа. На пример на мајка ми,татко ми или сестра ми.. На примерок од машкиот пол,само два пати до сега. А сум го мислела тоа исто така два пати. А за тоа приоѓање во дискотека,порано немав проблем. Али сега.. Баш синоќа се забележав,сум заборавила како со машки таму. Се усрамив еј. Јас која шо сум оперисана од срам,ми беше срам синоќа да одам да се запознаам со диџејот. На крајот,да се запознав али не како што јас сакав и што е побитно не го направив тоа сама,туку со помош пријател. Се надевам дека ќе се управам оти вака за никаде не сум. А дали и за таму.
иако по природа сум срамежлива личност собрав храброст му пријдов на симпатијата но не ми беше целта да му признаам што чувствувам туку да му дадам до знаење дека ми се свиѓа (што беше очигледно од флертување и насмевки кои му ги упатував подолго време ) што се вика да го охрабрам да ме повика на кафенце да излеземе и баш поради тие претходни прилики кои сум ги пропуштила да не дозволам и оваа да пропадне ...и во ред не изгледав ниту очајно ниту наметливо затоа што си имавме смао едно здраво започнавме разговор итн...и таман помислив декаете светна и за мене каков такава искра на радост се падна во вода кога истат вечер на неговата маса седна една девојка ,прво помислив да не е на неговиот другар ,секогаш ја имам таа среча од е*бана случајност да ги дознавам работите кои ме болат , но не таа е негова девојка и тоа 9 месеци,и тоа го дознаам од нејзините другарки кои ги запознав вечерта (инаку со дечкото флертуваме скоро цела година )и во таа година сме излегувале на исти места јас ниту еднаш не го видов со неа ,секогаш беше излезен со другарите,а да го видев сигурно немаше да се затрескам толку многу ...и на крај никогаш признавање чувства на машко дури и на тој кој навистина ги заслужува ,никогаш повеќе не би пристапила на машко ,не сакам да бидам повредена како што сум сега ,да изгубам и самодоверба и почитта спрема себе си ,зошто некому прва да му пријдам или да му признаам чувства за да си игра со мене не благодарам нема потреба
Познавам 2 другарки кои имаат признато на дечко кој им се свиѓа и што мислеле дека има повратни знаци. За жал и двата случаја имаа лош крај. Со оглед на тоа ако јас би се нашла во таа ситуација, прво би дознала дали знаците што тој ги дава се 100% во таа насока, и дека негова единствена пречка е срамот.. Ако некој ти дава знаци (или барем така мислиш) и ти му враќаш, а тој не се осмелува да пристапи, тогаш има 2 можности. Или погрешно се проценуваат тие знаци, или на типот му е срам да ти пријде. Трето немет
Некако бев против ова, женското прво да признае чувства, ми личеше на упикување или што ти знам таму...и...ме чукна по глава мајкиното! Увидов дека ако навистина се сака некој, и сакаме да бидеме со него, не е битно кој прв ке пристапи ако веќе чувствуваме дека и двајцата сакаме нешто, а и да се сомневаме дека е обострано, пак е убаво да се признае, за чисто да знаеме на што сме. Сфатив дека ваквата „дамска“ (или како и да ја наречам) затупавеност и некаков си наводен бон-тон, не водат никаде. Од тој пуст срам и/или сељачење „Што пак јас прва, тој е машкото.“, многу потенцијални врски дошле до пропаст уште пред да започнат. Ништо нема поубаво од тоа кога ке си ја олесниш душата искажувајќи искрени чувства и го добиеш истото за возврат. А и да не се возвратени, барем ке се знае на што сме.
Хммммм се согласувам со тебе go-girl Јас мислам дека не треба да бидеме ладни кон некого и дека треба да трча он по нас јас мислам дека некогаш и девојката треба прва да пријде..........Јас од лично искуство знам дека не треба да бидам повеќе ладна кон некого зашто гадно се зае*ав.............Кога тој го сакав ми кажа дека и он ме сака јас затоа што мислев дека се шали само се насмеав и му реков ахам ок но сега ќе се потрудам да го поправам и ќе пријдам прва па нема ништо да изгубам можам само да добијам
Jас се согласувам со каллиопе. Aко стварно ме сака некој, и јас го сакам него, навистина не е битно кој ке пријде прв. Секако, девојката сака тој да пријде прв, но ако за момент се ставaм на негово место, морам да признаам, ни на него не му е баш најлесно. Барем јас мислам така. Aко двајца се сакаат, ќе најдат начин тоа да го покажат, на каков било начин.
Јас многу се срамам да искжам чуства така да подобро ќе се каам отколку да отидам и да му кажам дека го сакам или нешто друго....шо да правам таква сум си
како да му кажам дека ми се допаѓа? Па можеш да му дадеш знак дека дека ти се допаѓа преку фб денес сите така прават. Лајк, коментар, боцкање и ќе сфати детето
Како да му кажам дека ми се допаѓа? и јас имам ваков сличен проблем и јас сакав да отворам тема за ова име едно машко што ми се допајѓа мислам дека и јас му се допајѓам него но тој си фати нова женска и сге мислам дека се пред раскинуванје неговата женска е моја другарка па дури беа во врска тој ми се пушташе цело време а сега вејќе кога раскинуваат дали е мојата шанса дали треба да му кажам или да чекам тој да ми кажи мене
И ја сега пред неколку месеци имам признаено на тип дека ми се свиѓа, ама пошто немав толкава голема храброст идеше реку меил .. Не добив повратен одговор а искрено не ни сакам да добијам ... Едноставно си кажав што ми лежи на душичката зошто повеќе сум тип кој игра на карта на искреност и на отворени карти одколку да се заебаваме ... И не се каам секако што го сторив тоа иако сега ми е малку и глупо ама Хард ту д Кор девојки А за да признам некому дека го сакам ехааа може и да не се деси уопште прва да кажам иако кај мене да засакам некој е еден тежок процес така да за тука апослутно НЕ прва !
Со едно момче кое долго ми беше симпатија можеби 2 -3 години се дописуваме на фејсбук 3 месеци скоро Тој ми пиша прв јас имав дечко - долга врска 2 години која заврши пред една недела. На сабајле по цел ден на работа се допишуваме додека не ни заврши работното време ... го има и мојот број и на сабајле ми се јавува секогас додека одам на работа. Некако како да се затрескав во него се чуствувам (можеби е детинасто од моја страна но така се чуствувам ). Дојде еднаш кај мене в канцеларија ненадејно се распрасувал каде сум во која канцеларија пиевме кафе оттогаш наваму од глава не го вадам - Момчето е супер сингл е и јас сум сега Ми дава некакви знаци но ми е страв да не се зафркава со мене - ке се сретнеме во кафич навечер откако ке си појдам ке ми се јави ке ми речи зошто не ми се јави да си одевме заедно (ко демек да останиме насамо) а јас тоа не го замислувам така. Ако сака да се видиме нека ми се јави фино лепо нека ме викни на кафе ќе појдам (едвај чекам да го направи тоа) Незнам што да мислам - дали да му признаам дека се чуствувам така или да го чекам него ... незнам што му е финтата стварно ... од прв поглед ке помислиш дека женските ги врти околу малото прсте а ко ке го запознаеш гледаш дека не било така (или се залажувам јас). Страв ми е да не се откаже од мене ако бидам ладна со него и се чекам на него Незнам што да правам
Во никој случај немој да му ги признаваш чувствата. Нареден пат кога ќе ти се јави и ќе зборите подолго или пак така кога ќе ти каже зашто не си го викнала да си одите накај дома заедно кажи му како на шала, а да се видиме прво едно кафе да испиеме и асолен муабет да си напраиме
Девојки ми треба совет... Со еден дечко раскинав пред околу еден месец(приличината беше нешто многу банално). Учиме у исто школо, се глеаме секој ден, изглегуваме на исти места. Криво ми е кога ќе го видам . Дали да му кажам дека уште ми се свиѓа ?
Абе па има разлика и во чувства, друго е обично допаѓање друго е сакање, поинакво е чувството кога некој го гледаш онака како симбол за згодноќа и сакаш да го смуваш по секоја цена, а друго е кога некој ти значи многу повеќе од тоа и сакаш времето да го поминуваш со него, е сега да правиме муабет за признавање. Ќе тргнам од мене, тешко признавам чувства посебно на некој кој многу ми значи(уствари како второ опишаната ситуацијата не сум чувствувала досега за никој, освен некое безврска детско размислување), знам дека тешко ќе признаам на некој доколку не увидам дека заслужил да му признаам, можда вака размислувам поради стравот дека тоа може лесно да го искористи во негова полза не дека може да ме помисли за лесна. Е само поради тоа не би признала така набрзина чувство да му речам е да Те сакам или Сакам да ми бидеш дечко, тие работи ги оставам да течат полека, спонтано(значи за ситуација бр2) ем после е послатко, ем го запознаваш повеќе и веќе во секоај наредна ситуација си поблиску или подалкеу кон признавање или непризнавање. Ама мислам кога некој ти признае тебе чувство и сметаш дека е искрено треба да бидеш искрен кон него, ако воопшто не чувствуваш ти нешто назад поарно со време наговести му или одкачи го пријателски нагласувајќи дека го гледаш само ко пријател или од околу дај му знак дека има шанса, ама не може да ја зграпчи одма. Ако сте во добри односи кажи му зошто да не, сепак ти го знаеш добро и се надевам доволно за да му ја предвидиш реакцијата, ако мислиш дека ќе е многу горд и нема да имаш зелен знак како одговор поарно не му кажувај, а ако му значиш немало одма да сака да раскине заради банални работи(извини на искреноста)
Девојчиња и девојки никако не признавајте чувства на машко ама никако општо е познато, ваков совет би дале и машките.
А зошто да не признаваме чувтсва ние девојчинава? Има некои и се посрамежливи момчина,и ако чекаш да и признај ни ќе ти признај ни ништо. Еве јас на дечко ми додека си бевме другари,се мислев дали да му признаам и на крај се решив и му признав и ми вика и јас те сакам,ама не сакав да ти признаам за да не те изгубам како другарка,и така бидна што бидна и еве сега си сме заедно.Затоа мислам дека нема врска ако му признаеш.Тој ако те сака ќе биди со тебе ако не не.Па најпосле за да добиеш треба да се изложиш на ризик зар не?
Не можам бре, тешко ми е да кажам некому дека го сакам. Тешко ми е дури и да го покажам тоа, еве пример домашните стално ми велат дека сум ладна, и таква сум . Летово кажав на машко дека го сакам, ама ми тежеше со години и морав да го плукнам камчето ради моја душа, не ради негова. Ама сепак повеќе сум за да го докажам тоа отколку да го кажувам. Сакам личноста што е до мене да чувствува дека го сакам, и плус мене ме нервира ако партнерот по 5 пати на ден ми повторува дека ме сака. Ужасно ногу ме нервира. Прифаќам ,,те сакам,, ама 3 пати годишно тогаш ќе знам дека уствари и така е, ме сака човекот. А кога се повторува милион пати станува навика, и дури и кога се губи чувството останува навиката.. те сакам.