И кај мене беше истиот случај , типот не избега,еве го со мене веќе година ипол ! Ако н пробаш неможеш да знаеш
јас само еднаш сум го напраила тоа и не се каам пошо немаше да знам што мисли и што сака ако не го прашав едноставно типот е увек насмеан и никат не покажува што носи со себе... се имавме мувано неколку пати само онака не константно и неколку дена обирав храброст и еден ден ме натераа овие од друштвото што ни се и ме однесоа до кај него и му реков као дојди малце и го прашав на што сме и што сака да праи пошо јас не можам да го сватам тоа од него и отидовме на кафе утредента за да напраиме асален муабет и еден другар беше со нас и слушаше како подршка морална дојде иначе , ми кажа дека сака да останеме другари пошо не сакал да се обврзува со никоја иако му реков дека јас сакам само да се муваме ништо сериозно и дека дозволено ни е ина двајцата да имаме други личности, ама ете ми објасни се убаво дека ќе доаѓале моменти коа ја и он ќе сме се мувале дека не сакал цело време да има некоја... после тоа чувствата само ми се зголемија за него и неколку дена после тоа кафе се мувавме пак само за една вечер и искрено малце ми е бедно што сум му на лагер коа на него ќе му текне и не сум ни единствена така ама многу сум заљубена и не ми смета тоа што ме користи , па ако имате некој совет слободно кажете што би правеле вие во ваква ситуација
Баш тие така што зборат јас не можам со една да се обврзам бла бла бла во тавче одма летаат абе мувај си се што има врска само не се обврзувај толку журкај си се без некои големи замарања
Спојлер Штом чувствуваш како да се оддалечува, дај му ја цела слобода... Немој да инсистираш дека се променил бидејки ќе му станеш напорна... Место тоа биди си достоинствена , гледај од подобрата страна ... И ако не излегувате или контактирате , штом си заинтересирана за него , за тебе е најважно тој какво мислење ќе има ...Не сакаш да станеш досадната која ќе ја избегнува.... На оваа негова промена реагирај како воопшто да не ти смета... ќе се сретнете вие пак .. и ќе те види насмеана, расположена , како уживаш во животот , а сите сакаме да бидеме со некој кој го гледа животот и светот од ведрата страна и ни буди насмевка на лицето.......... Дури и во најлош случај ( да се гледа со друга) , за тебе би звучел најлош можеби , но тоа не е толку лошо... полошо е ако ти инсистираш сега дека се променил и он се осети ко да го бркаш и се ставиш сама во најлоша ситуација......... Значи совет од мене... Продолжи си со животот , ако се запраша зашто не реагираш исто ко да си заборавила се, не му искажувај дека ти значи нешто неговото однесување , но биди секогаш пријателски настроена како што и си А мажите ...они обожаваат да бидат ловци и ако им дадеш се на тацна не е толку интересно...
Јас не мислам дека мажките мора секогаш први да реаѓираат. Ми се случи со бившиот, се мувавме 3 месеци и во една прилика му кажав дека сакам или се или ништо со него и самата си прашав САКАШ ЛИ ДА МИ БИДЕШ ДЕЧКО само ми се насмевна, секако прифана и ми кажа ти се воодушевувам на самодовербата и храброста и уште си го држам во канџи, ако ми е бивши
јас искрено би признала и не се плашам од одговор како ти не ми се допајѓаш мене да бидиме само пријатели јас се плашам од одговор како шоо јас на тебе дечко ма нема шанси поубо че се отепам со тебе не се фајчам лел глеј чоек ова ме сака хаха е од то ми е страв мислам од таков одговор и зато никогаш нема да признаам на машко дека ми се допајѓа
Моментално сум во подолга врска каде што чувствата не се искажуваат вербално. Те сакам е непозната фраза за двајцата и мислам дека никогаш поубаво не сум се чувствувала Сум била во врски каде што толку често се кажувало тоа што дури почна уши да ми пара. Те сакам, ме сакаш, агугугу Далеку од тоа дека сум ладна и не знам да сакам, едноставно повеќе ми одговара да искажам љубов преку убав збор, поглед, некој гест. Повеќе се трудам, поголемо значење ми има и секогаш со поголем интензитет и емоции ги доживувам моментите.
Прво тој мора да ги признае, а додека не се случи тоа нема ни јас. Заклучок: секогаш чекам на потегот на другиот.
Само што го пишав ова во СДК ама еве и овде просто ми е нејасно зашто машките ги кријат чувствата, се пашат од нешто, мислат дека ке го загубат егото?
Не би се изјаснала дека момчето секогаш треба прв да направи чекор. Главно гледано на тоа да,но сепак девојче ко девојче,ако не можеш и си премногу горделива да му пријдеш прва,постојат многу други начини за тоа.Како на пример смешкање,почесто барање со поглед,каде е,зошто го снема,поголема близина до него....нешто и некој знак што на машкото ке му даде надеж да се доближи до тоа девојче за да ја открие заинтереираноста кон него...Така директно ништо не правиш,а даваш до знаење дека ти се допаѓа.Потоа со лесно ...
Веќе подолго време сум вљубена во еден мој другар и вчера бевме за последен пат собрани во друштво...толку силно посакав да му кажам дека веќе долго сум вљубена во него и да го прашам како тоа не го забележал досега, но неможев поради мојата срамежливост, а цела вечер чувствував дека не го тргна погледот од мене (но можеби и грешам, коjзнае ). Денес цел ден плачам, незнам кога повторно ќе се видиме и дали воопшто ќе се видиме и две прашања ми се мотаат низ главата: ЗОШТО НЕ МУ ПРИЗНАВ СЕ? и ЗОШТО АКО И ТОЈ ЧУВСТВУВАЛ НЕШТО НЕ МИ КАЖА? Мислам дека вечно ќе жалам за ова но изгледа дека нема што повеќе да се направи...
А не мислиш ли дека така ќе ти е потешко? Никој не ти забранува да сакаш, едноставно кажи му се и оди со исправена глава и биди горда на тоа
Епа девојки собрав храброст напишав текст признав се и на крај добив само место во friend zone сега барем знам на што сум. рече дека треба да си најдам некој подобар што ќе ме заслужува. И во право е...
Така сите тешаат Не грижи се, подобро што си ја слушнала вистината, одшто да живееш во заблуда. Поздрав, и секое добро
Браво! Па што ако те ставиле у френд зоун? Животот е краток за да чекаш нешто. Храбрите секогаш имаат повеќе среќа да знаеш, секој ризик се исплати! Ти си сега во предност, знаеш на што си и тераш понатаму!
Епа ете и јас собрав храброст после толку многу време,исто напишав еден убав текст,што опишува многу добро што чувствувам за него.И сега чекам,да видам што ќе ми врати.Го чекав многу време да ми пријде тој.Видов дека се срами премногу,па собрав некако храброст и му пишав.Ме интересира што ќе врати