Приказната на робинката е дистописки роман, сместен во блиска иднина во една тоталитарна христијанска теократија која извршила преврат врз американската влада. Романот е психолошко „реалистично“ и убедливо истражување на еден спротивен свет, кој во себе има значајна надреална врска со реалноста. Жестоко политички и мрачен, а истовремено мудар и хумористичен, Приказната на робинката отвора голем број општествени прашања. Јазичната умешност на Атвуд блеснува низ наративот темен од терор, низ острите перцепции, свети во силните слики и саркастичната мудрост. После темата за серијата мислам дела заслужува тема и книгата, јас ја прочитав во еден здив но останав запрепастена од крајот и со милион прашања, би сакала да се отвори дискусија на оваа тема Спојлер: Крај Што се случи со Нафред???
Сега ја читам, при крајот сум. Само имав потреба да споделам дека многу длабоко ме потресе романов. Иако мислам дека многу е раскажано а малку е кажано, ми фали некако побрз развој на настаните да има, повеќе случување. Ама сепак многу ме вознемирува темата. Мислам дека такво општество не е ништо што не може уште утре да се случи, посебно погодна почва е токму САД. А посебно некои делови од САД. Општество речиси идентично како она сега во Авганистан, само водено од друга религија. Такви слични секти веќе постојат таму и функционираат со децении отсечени од модерниот свет. Искрено само од помислата на такво општество, ужас ме фаќа. Интересно е да се прочита, ако имате стомак да го сварите. Мене малку тешко ми оди. Веднаш се замислувам на спротивната, бунтовничката страна, макар по цена на животот. Во секој случај, препорачувам.