1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Серијата е базирана по истоимената книга на канадската романсиерка Маргарет Атвуд.

    Дистописка серија во која дејството се случува во САД каде што владее тоталитарна христијанска теократија. Лидерите се обидуваат да создадат нов поредок. Секако, најголемиот товар пааѓа врз жените кои немаат право на никаква сопственост ама затоа некои од нив служат како „подвижни матки“. Најчесто жени кои претходно имале родено дете а сега живеат со богати неплодни (поради низа еколошки катастрофи) парови.
    Робинката од која го дознаваме сето ова е наречена Нафред. Таа е главен лик и преку нејзиното раскажување дознаваме како се случиле промените во општеството.

    Пред некој ден излезе информација дека серијата е веќе обновена за втора сезона.

    Јас би ја препорачала на сите жени а и мажи. Nolite te bastardes carborundorum! :)
     
    На Bozica1980, staycalm, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Предобра серија, првата епизода кога ја почнав ме збуни и шокира. Немам сретнато и гледано слична серија, приказната е многу поучна како што кажа и за мажи и за жени, мажите да се научат како не треба да се размислува и постапува спрема жена а богами и за многу женски кои дозволуваат да бидат управувани и да не мислат со свој мозок. Баш ми е мило што е обновена за втора сезона :D

    П.С. До сега се ми се чинеше дека Алфред ја викаат и сеа дур од тебе дознавам Нафред дека е (facepalm)(facepalm):D
     
    На sanjaж и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    @Versace Btch 24, читав за ова околу името. Ја викаат Оффред, бидејќи името на нејзиниот командер е Фред (Of-Fred). Воедно и Off-Red бидејќи не сака да биде една од црвените. Ептен симболично. Причина повеќе зошто ја сакам Атвуд, ептен си обрнува внимание на навидум безначајни детали. :)
    Јас ја пишав Нафред бидејќи нашите преведувачи во книгата така ја превеле со цел подобро да доловат.

    Ми се допадна фактот што иако книгата е напишана во 80-тите настаните во серијата се случуваат во сегашно време, веројатно со цел гледачите да можат полесно да се поврзат со главниот лик.
    Плус старите хитчиња што се дел од саундракот. Blondie, Simple Minds, Bob Marley...

    Дали ја гледаше најновата епизода? Како ти се допаѓа ликот на Серена Џој? :)
     
    На Bozica1980, Someonespecial, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    8.8 oцена на имдб :o ќе и дадам шанса!
     
    На Versace Btch 24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Ајде! Па те чекаме на темава за дискусија. :)
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Дечки има ли линк он лине да се гледа серијата?
     
  7. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Ау чим има книга мора да ја прочитам, фала што ми објасни за името сеа се ми стана јасно, се гледа дека се до крај сакаат да доловат и погодат.

    Инаку да ја гледав и оваа епизода некако ми разви чувство на сожалување за неа пошто реално била поставена во малку неизбеглива ситуација ама тоа не ја оправдува за тоа како се однесуваше спрема Оффред. Со секоја наредна епизода се повеќе како херој ја гледам Оффред и имам чувство дека ќе подигне некој бунт или нешто слично нема да остави животот така да и продолжи.

    Кој ти е тебе омилен карактер од серијата?Мене Оффред дефинитивно а на второ место ми беше црнкињата не се сеќавам на името што и беше другарка на Оффред и во "before"животот и кога се сретнаа во кампот за "подучување" и после не се знае што се случило со неа. :)


    Да се поправам, знаат што се случило и кај е однесена ама точната приказна што и како не се знае уште, морам вака у шифри да не даваме спојлери ако сака некој да ја гледа. :D
     
    Последна измена од модератор: 28 мај 2017
    На sanjaж му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    На zhap4e и Elissa им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    На Versace Btch 24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Од линковите што се дадени или на vidtodo или на estream гледај ги, според мене најдобри снимки имаат па пиши на темава кога ќе имаш некое мислење и импресија :D
     
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Значи најновата епизода уфф... ми беше најдобра од цела сезона засега. Се тресев од почеток до крај.

    Детенцето на Џун ми беше преслатко. А и мажот... кхм... како појава воопшто не е лош.

    Само морам да си кажам дека дојдов до една констатација а тоа е дека машките во серијава ми се сите одвратни. После шестата епизода ептен ми се скрши филмот за Фред и целосно го сменив мислењето за Серена. Таа ли испадна генијалецот зад сето ова?

    П.С. Оффред, не глуми лудило со писмото. Сите знаеме дека пред две епизоди се валкаше во креветот со градинарот. :wasntme:

    @Versace Btch 24, дефинитивно омилен лик ми е Моира. Ептен хумористична и допадлива а мислам дека и самата актерка си има посебен шарм (никако да ја почнам Orange Is The New Black). Баш ме интересира каде е.
    [​IMG] [​IMG]
     
    Последна измена од модератор: 28 мај 2017
    На Versace Btch 24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Јас најискрено два пати си ја изгледав едно по друго, ваква епизода не очекував ме лазеа морници и мене од почеток до крај. Лелее да хахаха на Оффред многу мажи сеа одеднаш и се испреплеткаа ама верувам дека ако дојде маж и да ја спаси со него ќе иде, градинарот пу пу не биднало ама ќе видиме.

    Иначе за тоа што викаш сите мажи одвратни дека се можно е и намерно да ги бираат такви пошто имам чувство дека серијава го поттикнува многу феминизмот кај тие што ја следат и со тоа што не се физички убави(за карактерно па да не зборам) некако те тера да ги мразиш уште поише а жените да ги сакаш и браниш. Некоја моја филозофија е можно е да сум и во грешка. :D
     
    Последна измена од модератор: 28 мај 2017
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Колку епизоди се за сега од серијава?
     
  14. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    7 епизоди се искочени ако ја немаш почнато види трејлер па ако те заинтересира и ја почнеш тука сме за муабет :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Имам гледано и читано за неа уште пред да почне :) ама, се' чекав на пират беј да излезе. Ќе ги пуштам ваљда нареден викенд -онлајн..од линкот што го постираше. Фала ти :)
     
    На Versace Btch 24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    Kade ja gledate serijata ? I jas sakam da ja pocnam :D
     
  17. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Ставив линк погоре сите епизоди до сега што се искочени ги има само што има popups што искачаат додека почне епизодата. :)
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Конечно ја почнав серијава , изгледав две епизоди и color me impressed.
    Одлична е од секој аспект апсолутно. Елизабет Мос е правиот избор за улогата, во Мед мен на почетокот не ја сакав нешто посебно, ама до крај ме освои. Тука прекрасно го доловува ликот на Офред со изрази на лицето, очите, говор на тело.
    И целиот кастинг е супер. Џозеф Фајнс, уф, уф, :inlove:
    Пусе затоа ли отиде од OITHB, да дојде тука, како и да е, ми се допаѓа. Се надевам ќе ја има и понатаму и дека не умрела во Фабриката, овај, колониите.:D
    Обожавам дистописки книги и серии, книгата морам да ја прочитам што поскоро, пропустот да се исправи.
    Туку, на пират беј само до трета епизода има. После од каде ги симнувате?
     
    На Bozica1980, LollySky, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    И мене серијава ме импресионираше и освои. Имаш некои предлози за други слични серии?
    Инаку и ја се надевам за Моира дека ќе се врати, не верувам дека само така ќе го тргнат нејзиниот лик.
    Јас гледам на watchfree.to ама за торенти мислам дека има на оваа страна https://torrentz2.eu
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    @RainBow, сите седум епизоди ги има на piratebay. Барај под „handmaids tale“. Без апостроф.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.